Компании
Македонскиот „Бакал“ кандидат за 50-те најдобри ресторани во светот
Позитивните коментари од посетителите и од вистинските гурмани како за амбиентот така и за стандардните услуги што ги нуди македонскиот Ресторан Бакал беа повод овој македонски ресторан да конкурира на изборот за 50-те најдобри ресторани во светот на светски реномираниот конкурс http://www.theworlds50best.com/, листа каде се наоѓаат најдобрите ресторани во светот, избрани според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креираат
Позитивните коментари од посетителите и од вистинските гурмани како за амбиентот така и за стандардните услуги што ги нуди македонскиот Ресторан Бакал беа повод овој македонски ресторан да конкурира на изборот за 50-те најдобри ресторани во светот на светски реномираниот конкурс http://www.theworlds50best.com/, листа каде се наоѓаат најдобрите ресторани во светот, избрани според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креираат
Минатата 2015 година епитетот најдобар европски ресторан го понесе каталонскиот ресторан „El Celler de Can Roca“, на браќата Рока, кој покрај со уникатниот амбиент се издвои и според оригиналните јадења, имагинативните слатки и поврзаноста со шпанските културни корени.
Ресторанот „Бакал“, има навистина посебен амбиент, тоа е угостителски објект каде се внимава на најмалите детали, а сопственикот на ресторанот Горан Симјановски со огромна страст и желба се труди сé да биде совршено и проверено. Ресторан кој не ги заборава своите скромни традиционални корени, македонската традиција, чувството за фамилијарна топлина и потребата да се понудат неверојатно вкусни јадења.
Тоа е и причината зошто во „Бакал“ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Специјално за потребите на ресторанот се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 отсто од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура.
Во „Бакал” се чувствува духот на македонската традиција, гостопримството и љубезноста на Македонците, хедонизмот и страста за убави доживувања. Ресторанот кој се наоѓа на само 15 минути од Скопје во тетовското село Брвеница, поврзан со автопатот Скопје-Тетово, и идеално место за одмор за туристи од Србија и Косово, кои патуваат за Охрид или некое друго туристичко место во Македонија.
Нуди максимална интимност, а градината во него е нешто посебно. Црвени ливчиња на фотинии, липи, расцветени хортензии, и други цвеќиња и растенија од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство, како да се наоѓате во ботаничка јапонска градина. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце од кое се слуша жуборот на водата, кој дава посебен спокој, а од сите страни се простира зеленило и хармонија од бои кои максимално опуштаат. По долг пат или напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.
Бакал нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубава атмосфера секој состанок се претвора во позитивно искуство и исклучително доживување.
Затоа, ресторанот „Бакал“ претставува гастро ботаничко богатство на Македобија, место кое обединува фантазија, гостопримство и оригинални јадења, таканареченото угостителско свето тројство./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

