Контакт

Европа

(Од минута во минута) Путин говореше за санкциите, Зеленски порача: Никогаш нема да станеме робови

Објавено пред

Петнаесети ден од руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

  • Путин за санкциите: Западот ни создаде проблем, но ние ќе го решиме
  • Црвен крст: Луѓето во Мариупол се напаѓаат едни со други за храна
  • Зеленски рече дека Русија сака да го понижи украинскиот народ и да го натера да клекне и да моли за леб и вода
  • Одржана е клучна средба на министрите за надворешни работи на Украина и Русија. Нема напредок, Лавров повторно го нападна Западот
  • Русија објави дека го напушта Советот на Европа
  • Во руското бомбардирање на болница во Мариупол загинале три лица, меѓу кои и едно момче (6). Повредени се 17 лица, тврдат Украинците
  • Русија негира дека ја бомбардирала детската болница во Мариупол

Од минута во минута:

21:45 Руската амбасада тврди дека бомбардирањето на болницата е лага, трудницата била актерка

Руската амбасада во Лондон тврди дека се одглумени сцените на бремени жени кои бегаат од болницата во Мариупол која, наводно, била бомбардирана.

 

21:30 Москва ќе отвори хуманитарни коридори кон Русија

Рускиот министер за одбрана изјави за „Интерфакс“ дека ќе бидат отворени хуманитарни коридори кон Русија и за тоа нема да се консултира со Киев.

Коридорот ќе биде отворен секој ден во 10 часот по московско време.

21:20 Турскиот министер: Путин не се противи на средба со Зеленски

„Зеленски е подготвен за таква средба, а Путин начелно не се спротивстави. Путин му ја спомна идејата и на претседателот Ердоган“, рече Чавушоглу на прес-конференција.

21:00 Германскиот канцелар: Нема да има забрзан пристап на Украина во ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека нема да се забрзаат процедурите за членство на Украина во Европската унија.

20:30 Украина: Се обидуваме да го вратиме снабдувањето со електрична енергија во Чернобил

краинскиот министер за енергија Херман Халушенко рече дека земјата прави „се што е можно“ за да го врати снабдувањето со електрична енергија во Чернобил „што е можно поскоро“.

20:00 Украинскиот министер за здравство: Најмалку 60 болници се оштетени од руските напади

Украинскиот министер за здравство, Виктор Лиашко, изјави дека во последните две недели од почетокот на руската инвазија на Украина, најмалку 60 болници биле оштетени од руските воздушни напади и гранатирање, пренесува „Скај њуз“.

Тој додава дека пет здравствени работници биле убиени.

19:40 Ердоган-Бајден: Поддршка за владата и народот на Украина

„Тие разговараа за заедничката загриженост поради неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија на Украина“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Се наведува дека соговорниците ја потврдиле својата силна поддршка за владата и народот на Украина, ја истакнале потребата од итен прекин на руската агресија и го поздравиле координираниот меѓународен одговор на кризата.

19:30 Макрон: Нереално е да се преговара за членство во ЕУ со земја во војна

Францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на самитот во Версај изјави дека верува оти е нереално сега да почне процедурата за пристапување на Украина во ЕУ, додека земјата е во војна.

19:15 „Никој од цивилите денеска не успеа да го напушти Мариупол“

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека ниту еден цивил не успеал да го напушти украинскиот град Мариупол, бидејќи руските сили не го почитувале привремениот прекин на огнот за да овозможат евакуација.

19:00 Русија негира дека ја бомбардирала детската болница во Мариупол

Руското Министерство за одбрана денеска негираше дека руските сили ден претходно бомбардирале породилиште и детска болница во украинскиот град Мариупол, обвинувајќи ја Украина за „исценирани провокации“.

18:50 Европската централна банка смета дека инфлацијата ќе биде многу повисока од очекуваното

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми проекциите за инфлацијата во еврозоната

18:30 Зеленски: Русија сака Украинците да клечат и да ги молат за леб и вода

Во своето денешно обраќање, претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика украинските партнери ширум светот да донесат решенија засновани на реалноста, а не на апстрактни мислења. Тој рече дека Русија сака да го понижи украинскиот народ и да го натера да клекне и да моли за да леб и вода.

„Ние не станавме робови и никогаш нема да станеме – затоа што ова е нашиот дух и ова е нашата судбина“, нагласи Зеленски.

18.20 Русија: Нуклеарната војна е невозможна бидејќи би значела крај на цивилизацијата

Нуклеарната војна е невозможна бидејќи би значела крај на цивилизацијата, изјави денеска заменик-директорот на Одделот за контрола на оружјето при Министерството за надворешни работи на Русија, Игор Вишњевецки.

18:00 Фон дер Лајен: Ова е одлучувачки момент за Европа

„На овој самит ќе ја преиспитаме европската одбрана. Ќе ја преиспитаме енергијата. Треба да се ослободиме од нашата зависност од руските фосилни горива, а за тоа ни се потребни големи инвестиции во обновливите извори на енергија. Ова е исто така стратешка инвестиција во нашата безбедност и независност“

17:37 Руската инвазија досега и’ нанела на Украина штета од најмалку 100 милијарди долари

Советникот на украинската влада за економија Олег Устенко изјави дека руските сили досега предизвикале штета на украинската инфраструктура, згради и друг имот од најмалку 100 милијарди американски долари.

Устенко на онлајн состанок рече дека 50 отсто од украинските компании се целосно затворени поради војната, додека другата половина работат далеку под капацитетот.

17:20 Заменик градоначалникот на Мариупол: Од улиците собравме 1.207 тела

Заменик-градоначалникот на Мариупол, украинскиот пристанишен град под опсада на руската армија, вели дека не знае колку луѓе загинале во руските напади, но последната бројка е 1.207.

„Ова се само тела што ги подигнавме од улиците“, изјави Серхи Орлов за Би-Би-Си.

16:30 Путин за санкциите: Западот ни создаде проблем, но ние ќе го решиме

Путин рече дека на долг рок Русија „ќе биде уште понезависна и посуверена“.

16:20 Порошенко: Путин е воен злосторник и треба да заврши во Хаг

– Мојата лична порака до Путин е: Внимателно проучете го случајот на Слободан Милошевиќ бидејќи ќе седите на истатата обвинителна клупа, наведе Порошенко.

16:10 Руски генерал: САД експертиментираат со животни во Украина за да ги заразат Русите со ковид

Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана и генерал, денеска за медиумите изјави дека во Украина има лаборатории финансирани од САД и дека тие експериментираат со коронавирус добиен од лилјаци.

„Руските експерти од Одделот за радијациона заштита, хемиска и биолошка заштита ги проучуваа документите за трансферот на човечки биоматеријали земени од Украина во странски земји под водство на американски претставници. Од особен интерес беа деталните информации за спроведувањето на американскиот проект на територија на Украина за изучување на преносот на патогени на дивите птици кои мигрираат меѓу Украина и Русија и другите соседни земји“, рече Конашенков.

Тој наведува дека целта на ова и на други биолошки истражувања финансирани од Пентагон во Украина е да се создаде механизам за прикриена дистрибуција на смртоносните патогени.

15:58 Црвен крст: Луѓето во Мариупол се напаѓаат едни со други за храна

Црвениот крст ја опиша ситуацијата во Мариупол како катастрофална. Во Мариупол со денови паѓаат бомби и гранати, а Русите вчера ги бомбардираа родилиштето и детската болница во овој град.

14:28 Владимир Кличко со порака: Најболно е што жртвите на војната се деца, срцето ми крвари

Легендарниот боксер Владимир Кличко уште еднаш се огласи на социјалните мрежи. Владимир, заедно со неговиот брат Виталиј, градоначалникот на Киев, се приклучи на украинската војска.

„Само што видов неколку фотографии. Срцето ми крвари. Да се ​​напаѓаат деца значи да се напаѓа животот, самата цивилизација“, рече Кличко.

13:35 Песков: Западот води економска војна против Русија

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека економските санкции против Русија се сосема без преседан и го обвини Западот дека води економска војна против неговата земја.

13:20 Украина: Русите повторно го бомбардираа Мариупол

Градскиот совет на Мариупол соопшти дека руските трупи продолжиле да го бомбардираат овој град.

Снимката од бомбардирањето ја објави националната новинска агенција на Украина, Укринформ.

Хуманитарниот конвој кој се обидувал да стигне до градот на југоистокот на земјата морал да се врати поради бомбардирањето, пренесе Ројтерс.

13:30 Лавров: Светот е изманипулиран, не ја нападнавме Украина, им помагаме на цивилите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека светот е изманипулиран и дека Русија не ја нападнала Украина, туку дека тие им помагале на цивилите. Тој нагласи дека Западот користи опасни потези и дека Русија го гледа тоа.

„ Потезите на Западот се опасни, тоа го гледаме. Ние не ја нападнавме Украина, не планираме да нападнеме ниту други земји. Нашата безбедност е загрозена. Сакавме да разговараме, но никој не не слушаше. Ние никому нема да ги оправдуваме нашите постапки во Украина, ниту пред НАТО. Нема да гледаме како се гради нацистичката нација во Украина. Сакаме Украина да остане неутрална, ова го кажа претседателот Путин многупати“ порача Лавров.

12.50 Џонсон по санкциите за Абрамович и другите олигарси: Нема безбедно засолниште за оние кои го поддржуваат Путин

Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон се огласи откако британската влада воведе санкции за седум руски олигарси, меѓу кои и Роман Абрамович

12.40 Британската влада го замрзна имотот на Роман Абрамович

Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, е еден од седумте руски олигарси санкционирани од британската влада

12.30 Moжеме и сами да правиме плескавици – Медведев за заминувањето на „Мекдоналдс“ од Русија

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денеска се прости од Мекдоналдс, велејќи дека во Русија знаат да прават плескавици и кифлички

12.20 Украинските бегалци продолжуваат да преминуваат во Романија
Многу граѓани кои ја напуштија Украина по рускиот напад продолжуваат да преминуваат во Романија преку граничниот премин Сирет во близина на градот Сучеава

12.10 Олаф Шолц и Емануел Макрон побараа од Путин итен прекин на огнот

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон повикаа на итен прекин на огнот во Украина за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин

12.00 Песков: Секој што вооружен ќе нападне наш војник станува мета

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој им се дозволува на сите граѓани на Украина да користат оружје за време на војната, а од Москва стигна предупредување дека секој што ќе ги нападне нивните војници ќе стане мета

11:45 Лавров: Денешната средба покажа дека нема алтернатива за разговорот

Зборувајќи за руската страна, тој рече дека приказната за хуманитарните коридори се уште е „на маса“, и да се разговара кои патишта се најбезбедни.

„ За време на последната рунда разговори руската страна излезе со конкретни предлози, а украинската не увери дека ќе даде конкретен одговор. Сакаме сериозно да разговараме за работите“, рече Лавров.

Тој рече дека е важно сериозно да се зборува за ситуацијата, а за тоа се зборува и денеска.

11.10 Заврши средбата Лавров и Кулеба: Постигнат ли некаков договор?

Само што заврши средбата меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба.

10.50 Песков: Секој што вооружен ќе нападне наш војник станува мета

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој им се дозволува на сите граѓани на Украина да користат оружје за време на војната, а од Москва стигна предупредување дека секој што ќе ги нападне нивните војници ќе стане мета

10.40 Лукашенко: Мора да спречите каков било напад врз Русите

Белорускиот претседател Александар Лукашенко им нареди на белоруските експерти да обезбедат снабдување со електрична енергија во нуклеарната централа Чернобил во Украина, пренесува белоруската агенција Белта

10.30 Денеска вонреден состанок на министрите за енергетика на Г7

Министрите за енергетика на Групата седум денеска ќе разговараат што друго може да направи Западот за да ја намали зависноста од руската нафта и гас, најави британскиот министер за енергетика, Квази Квартенг

10.20 Се повеќе официјални лица предупредуваат на опасност од „Трета светска војна“

Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг вели дека не е оптимист дека украинската криза може да се стави крај преку дипломатија и предупредува на опасноста од избувнување на Третата светска војна

10.10 З како Зеленски: Карикатура на британскиот „Тајмс“

Британскиот „Тајмс“ направи интересна карикатура на која се гледа како украинскиот претседател Володимир Зеленски храбро стои пред тенкот предводен од рускиот лидер Владимир Путин, а потоа го свиткува својот топ за да ја формира буквата „З“

10.00 Украина и Русија очи во очи – почна средбата Кулеба и Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска се сретна со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба во Турција, јавува „Ројтерс“

09:50 Белата куќа: Русија би можела да употреби хемиско оружје во Украина

Белата куќа ги отфрли руските тврдења за нелегален развој на хемиско оружје во Украина, кое ја нападнало Москва.

Оваа недела портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ја обвини Украина дека има лаборатории со хемиско и биолошко оружје со поддршка на САД. Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки ги нарече руските тврдења „бесмислени“ и додаде дека тоа би можело да биде обид на Русија да создаде основа за сопствена употреба на такво оружје за масовно уништување против Украина.

9:00 (Видео) Денишенко: Украина тргна во контранапад во одбрана на Киев

Украинската армија започна контранапад на руските сили со цел да го одбрани главниот град Киев, објави украинскиот јавен сервис „Сусплајн“, цитирајќи го советникот на министерот за внатрешни работи, Вадим Денишенко

8:40 Поранешен руски министер за надворешни работи: Путин не е разумен, нема да ја добие војната

Поранешниот министер за надворешни работи на Руската Федерација Андреј Козирев остро ја критикуваше војната на неговата земја во Украина.

8:35 Повеќе од 10.000 луѓе вчера беа евакуирани од градовите во близина на Киев

Повеќе од 10.000 луѓе вчера беа безбедно евакуирани од опколените села и градови низ главниот град на Украина

8:30 Загинаа момче и две жени: Се појави видео од разурнат град бомбардиран од Руси во текот на ноќта

Руски воени авиони извршија напади во текот на ноќта врз североисточниот град Охтирк, во регионот Суми, изјави висок локален претставник.

8:25 Рускиот конвој постигна напредок кон Министерството за одбрана
Рускиот конвој долг 40 милји во северозападниот дел на главниот град на Киев постигна „мал напредок“ за повеќе од една недела благодарение на украинската војска, соопшти Министерството за одбрана

8:20 Русија: Веста за бомбардирањето на детска болница е лажна

Русија ги опиша тврдењата на Украина дека го извршила ужасното бомбардирање на детската болница во Мариупол како „лажни вести“, велејќи дека зградата повеќе не е породилиште и дека одамна била преземена од војници

8:10 Зеленски: Европејците мора да се обединат, Русија врши геноцид врз Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека бомбардирањето на педијатриската болница во Мариупол е воено злосторство

8:00 На средбата на Лавров и Кулеба денеска во Турција, шефот на украинската дипломатија со „ограничени очекувања“

Денеска Турција ќе биде домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на Русија и Украина Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба. Тоа ќе биде нивна прва средба од почетокот на руската инвазија на Украин

Европа

(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Објавено пред

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.

Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.

Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.

Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Објавено пред

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.

Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

dobivaj vesti na viber

Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.

Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.

Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ46 минути

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија1 час

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија3 часа

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија3 часа

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија5 часа

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион17 часа

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет20 часа

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија20 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија22 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ23 часа

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ23 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија1 ден

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија1 ден

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет1 ден

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија1 ден

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа1 ден

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет1 ден

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа1 ден

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион1 ден

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...