Контакт

Европа

(Од минута во минута) Совет за безбедност: Во Украина 30 биолошки лаборатории, Бајден се закани со светска војна

Објавено пред

Нов ден од руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани:

Украина соопшти дека очекува напад од Белорусија

Бајден се закани со светска војна, ако Русија направи чекор кон НАТО

Во Советот за безбедност на ОН се разговара за биолошките активности на САД на територијата на Украина.

Русите ги ракетираат Луцк и Днипро. Украина: Има загинати, погодената е станбена зграда

Сателитските снимки покажуваат промена на тактиката на руските сили пред Киев, сега поделен во два правци

Британците велат дека руските сили за 24 часа се доближиле 5 километри до Киев

Украина соопшти дека Русија го бомбардирала институтот каде што се наоѓа експерименталниот нуклеарен реактор во Харков

 

Од минута во минута

21:30 Амбасадорот на Украина во ОН: Украинци се закопуваат во масовни гробници

Амбасадорот на Украина во ОН Сергиј Кислиција ја осуди Русија и ја нарече „држава агресор“ за лаги, воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Би-Би-Си.

„ Која е следната цел? Уште една станбена зграда? Уште едно породилиште? Руските војници веќе ги погодија сите овие места“, рече тој.

20:40 Русите со објаснување за урнатиот дрон во Загреб

Руската новинска агенција „Тасс“ тврди дека авионот што синоќа се урна во Загреб, всушност, требало да лета за Крим, но скршнал од својот курс.

Од таму додаваат дека неодамна се регистрирани два случаја на употреба на дронот „ту-141“, едниот паднал во Загреб, а другиот во близина на градот Красноперекопска на Крим, открил извор за „Тасс“. Истиот извор објаснува дека овој дрон во суштина е мал млазен авион.

Според него, двата авиона биле лансирани од украинските сили на пробен лет за Крим, но еден од нив се свртел и полетал кон Хрватска.

20:30 САД се заканија со светска војна – ќе одговориме на секој чекор на Русија кон НАТО

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД ќе одговорат на секој чекор на Руската Федерација што му се заканува на НАТО, дури и ако тоа доведе до светска војна.

„Американската армија е испратена до границите на Русија, САД ќе одговорат на секој чекор на Руската Федерација кон НАТО, дури и ако тоа доведе до светска војна“, изјави американскиот претседател, Џо Бајден.

19:10 Украина: Белорусија вечерва може да се приклучи на нападот врз нашата земја

Украинскиот центар за стратешки комуникации соопшти дека не ја исклучува можноста вечерва Белорусија да ѝ се придружи на Русија во нападот врз Украина, по денешната средба во Москва помеѓу претседателите на двете земји Александар Лукашенко и Владимир Путин.

„ Според прелиминарните податоци, белоруските трупи би можеле да бидат вклучени во инвазијата на 11 март во 21 часот по локално време“, соопшти Центарот, кој е под украинското Министерство за култура и информации.

Бајден: Го забрануваме увозот на вотка од Русија

18:10 Советот за безбедност: Во Украина формирана мрежа од 30 биолошки лаборатории

На барање на Русија, Советот за безбедност на ОН заседава во Њујорк за биолошките активности на САД на територијата на Украина.

Ова дојде откако руските вооружени сили на 7 март објавија дека откриле 30 биолошки соединенија во Украина посочувајќи дека објектите, најверојатно, се вклучени во производството на биолошко оружје.

Американскиот државен потсекретар, Викторија Нуланд, претходно призна дека Украина е домаќин на „биолошки истражувачки капацитети“.

Таа изрази загриженост дека тие би можеле да дојдат под контрола на руските сили. Сепак, Вашингтон негира дека имало какви било истражувања насочени кон создавање биолошко оружје.

17:10 Бајден: Го забрануваме увозот на вотка од Русија

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, денеска објави дека САД ги укинуваат трговските преференции за Русија поради нападот врз Украина.

Во обраќањето пред Белата куќа тој додаде дека САД ќе го забранат увозот на дијаманти, морски плодови и вотка од Русија како дел од тие мерки, пренесува „Ројтерс“.

Белата куќа соопшти дека се воведуваат санкции против уште одреден број руски граѓани, меѓу кои и директори на банки, кои веќе се санкционирани, како и пратеници на руската Дума.

16:30 Ердоган: Светот требаше да зборува во 2014 година

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска сугерира дека војната во Украина можела да се избегне доколку светот отворено се изјаснил против, како што вели, руската анексија на Крим во 2014 година.

„ Дали би се соочиле со оваа слика доколку Западот и целиот свет го кренеа гласот? Оние што молчеа по инвазијата на Крим, сега кажуваат некои работи“, рече Ердоган.

15.55 Путин: Предадете им ги заробените западни проектили на проруските сепаратисти

Путин: Предадете им ги заробените западни проектили на проруските сепаратистиОбјавено пред 2 часа – 11 март, 2022Од Макфакс

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека руската инвазија на Украина била успешно извршена и покрај тврдењата на западните лидери дека руската армија наишла на непланирани пречки и отпор

15.40 Зеленски ја критикуваше Русија за распоредувањето на сириските „убијци“ во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија најмува „убијци“ од Сирија да се борат во Украина

15.20 Кремљ: Конфликтот ќе заврши кога Западот ќе нè сфати сериозно

Официјален Кремљ денеска објави дека конфликтот во Украина ќе заврши веднаш штом Западот дејствува по повод постојано изразената загриженост од Русија поради убиствата на цивили во источна Украина и проширувањето на НАТО на исток.

14.50 Како Лукашенко влезе во кабинетот на Путин

Се сретнаа рускиот и белорускиот претседател, а на почетокот на средбата што се одржува во Москва ги отфрлија економските санкции

14.40 Владимир Кличко: Напад на Киев може да се случи во секој момент
Владимир Кличко, припадник на украинските сили за територијална одбрана, поранешен боксерски шампион и брат на градоначалникот на Киев, за Си-ен-ен изјави дека руските војници денеска напаѓаат области низ Украина, а нивна главна цел е главниот град Киев

14.30 Министерството за одбрана на Украина: Путин планира терористички напад на нуклеарната централа во Чернобил

Министерството за одбрана на Украина тврди дека Владимир Путин планира терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил, која е под руска контрола.

14.20 Трудо го отфрли барањето на Зеленски за забрана на летови над Украина

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека НАТО не може да прогласи зона на забранети летови над Украина, на барање на претседателот Зеленски. Тој изјави дека таа одлука може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО

14.10 Украински омбудсман: Најмалку 78 деца убиени во Украина
Најмалку 78 деца се убиени во Украина од почетокот на специјалната операција на руската армија во Украина, изјави денеска украинскиот омбудсман Људмила Денисова

13.55 Зеленски: Украина ќе победи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави нова видео порака во која посочи дека Украина оди кон своја победа

13.45 Путин: Има напредок во преговорите со Украина

Руско-украинските преговори се водат практично секој ден и во нив е постигнат одреден напредок, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко

13.35 Поради војната речиси милион Украинци останаа без струја

Повеќе од 954.000 Украинци во моментов немаат струја поради руската инвазија на Украина, соопшти денеска украинската компанија Енергоатом

13.30 Украинските сирачиња пречекани во Литванија

Повеќе од 40 деца од сиропиталишта во источна Украина се населиле во летувалиште во Литванија по 36-часовно патување со автобус низ бомбардираната земја

13.20 Украинскиот град Днепар во пламен по руските воздушни напади

Русија изврши воздушни напади врз градот Днепар во источна Украина, соопштија украинските служби за итни случаи

13.10 Украина: Русија гранатираше станбени области во Харков

Руските сили гранатираа станбени области во градот Харков во источна Украина, 89 пати во еден ден, но нема опасност за цивилите откако беше погоден институтот во кој се наоѓа нуклеарната лабораторија, изјави денеска гувернерот на харковската област Олех Синехубов

13.00 ОН: Русите користеа касетни бомби во населените украински области

Портпаролот на Канцеларијата за права на Обединетите нации вели дека има веродостојни извештаи за неколку случаи на употреба на касетни бомби од страна на руските сили во Украина

12.50 Столтенберг: Гледаме апсолутно неоправдан напад на Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека воено-политичката организација ги разбира фрустрациите во Украина и предупреди дека ескалирањето надвор од границите на Украина ќе предизвика уште повеќе страдања и повеќе смртни случаи, јавува „Анадолија“

12.40 Кремљ: Можна е средба Путин-Зеленски со темелна подготовка

Кремљ не исклучува средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски, но тој треба да биде темелно подготвен да даде резултати“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

12.20 Заменик-градоначалникот на Мариупол: Не знам дали моите родители се живи, ни треба уште оружје

Заменик-градоначалникот на Мариупол Сергеј Орлов изјави за Sky News дека украинската армија е многу силна и храбра и може да ја брани Украина и дека се надева дека ќе успее.

12.10 Најмалку четворица украински војници загинаа во воздухопловната база Луцк

Најмалку четворица украински војници се убиени, а шестмина се повредени во петокот во руските напади на воениот аеродром Луцк во северозападна Украина, соопштија локалните власти

12.00 Путин и Лукашенко се сретнаа во Москва: Русинот зборуваше за ситуацијата во Украина

Во Москва се одржа средбата меѓу рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко

11.50 Украински цивили се подготвуваат за одбрана на Киев

Вооружените сили на Украина се подготвуваат за одбрана на Киев, кој е цел на руски напад, а бројни цивили доброволно им помагаат да се подготват за одбрана на центарот на градот

11.40 Русија загуби 12.000 војници, 57 авиони, 83 хеликоптери

Независниот весник Киев објави индикативни проценки за загубите на Русија од 11 март, според Вооружените сили на Украина

11.30 Европските лидери за членството на Украина во ЕУ: Има несогласување, сега е невозможно да се даде кандидатски статус

Лидерите на ЕУ во моментов не можат да се договорат за доделување на Украина статус на кандидат за членство во ЕУ, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа пред почетокот на вториот ден од неформалниот европски самит во Франција.

11.20 Во Украина повторно се отвораат пет хуманитарни коридори

Руската инвазија на Украина сè уште трае, а нејзините очи повторно се свртени кон патиштата за евакуација од градовите кои се тешко погодени од борбите

11.15 Западот ја призна грешката: Не требаше да им ветуваме членство во НАТО
Високиот претставник на Европската Унија, Џозеф Борел, смета дека Западот направил грешки во односите со Русија

11.10 Трамп: Американците треба да се плашат од Русија
Поранешниот американски претседател зборуваше за потенцијална ескалација на ситуацијата во Украина, бидејќи НАТО со поддршка на САД и понуди поддршка на Украина среде војната со Русија

11.05 Столтенберг: Воведувањето зона на забранети летови во Украина би значело масовни воздушни напади врз руските системи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека НАТО ја разбира фрустрацијата во Украина, но и смета дека ескалацијата надвор од границите на Украина всушност ќе предизвика уште повеќе страдања, повеќе смртни случаи

11.00 Лукашенко отпатува во Москва на разговори со Путин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко отпатува за Москва, каде што ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин, пренесува ТАСС, повикувајќи се на агенцијата БелТА.

10.50 Маж од Украина го изгубил целото семејство во руските напади – преживеале само тој и мачката

Украинското Министерство за надворешни работи на својот твитер-профил објави фотографии и информации за маж кој наводно го загубил целото семејство во руски напад.

10.40 Олаф Шолц под притисок затоа што одбил да го забрани увозот на енергија од Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц е изложен на зголемен притисок во ЕУ поради одбивањето да се воведе забрана за увоз на енергија од Русија

10.30 Михаило Подољак: Големите украински градови се под разорни напади

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на новите руски напади

10.20 Британија: Русија би можела да се подготви за нов напад на Киев

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство утринава соопшти дека руските сили продолжуваат да прават „ограничен напредок“ во напредувањето кон Киев – но би можеле да се подготват за нов напад врз главниот град на Украина во наредните денови

10.10 Член на кабинетот на претседателот на Украина: Зеленски сака да се сретне со Путин, но нема да прави компромиси

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, но дека не е подготвен на никакви компромиси, изјави за Си-ен-ен заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Игор Жовква.

10:00 САД, Г7 и ЕУ: Русија го губи статусот на привилегирана држава поради нападот на Украина

Соединетите Американски Држави, Групата седум (Г7) и Европската Унија ќе и го укинат статусот на привилегирана држава на Русија поради инвазијата на Украина, изјавија неколку извори за Ројтерс додека продолжуваат нападите врз украинските градови.

8:55 Мистериозен летечки објект падна во Загреб – Дрон или авион од Украина?

Околу 23 часот силна експлозија одекна во близина на студентскиот дом во Загреб. Според првите информации од очевидци се претпоставува дека паднал воен авион.

8:30 СЗО и препорача на Украина да ги уништи опасните патогени во лабораториите

Светската здравствена организација препорача Украина да уништи многу опасни патогени кои се складирани во лабораториите во таа земја, со цел да се спречи можно истекување.

8:20 Пентагон: Руските сили на 15 километри од Киев

Руските сили, кои од Белорусија влегоа на територијата на Украина и поради различни причини забавија на северот на главниот град Киев, дојдоа на 15 километри од градот, изјави висок претставник на Пентагон, јавуваат агенциите.

8:10 Во Днипро погодена станбена зграда

Украинската служба за итни случаи извести дека добиле информации за едно загинато лице во нападот, а зафатени биле и градинка и станбена зграда, пренесува Би-би-си.

Европа

Студ, снег и мраз ја погодија Европа: 34.000 домаќинства без струја во Британија, Франција под портокалов метео-аларм

Објавено пред

Метеоролозите предупредуваат дека Велика Британија треба да се подготви за нов бран студено време, снег и мраз за време на викендот, по силната бура „Горети“ што ја зафати земјата.

dobivaj vesti na viber

За поголемиот дел од Британија е издаден жолт метео-аларм за снег и мраз.

Бурата „Горети“ во петокот донесе обилни врнежи од дожд и снег, како и силни ветрови низ голем дел од земјата, поради што десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија. Според податоците на Националната електрична мрежа, околу 34.000 домаќинства на југозападот на земјата биле без струја околу 22 часот синоќа.

Силниот ветер соборувал дрвја, а дел од воздушниот сообраќај бил сериозно нарушен. Авиокомпанијата „Бритиш ервејз“ откажа околу 50 летови – 25 поаѓања и 27 слетувања на аеродромот „Хитроу“ во Лондон. Аеродромот во Бирмингем делумно ја затвори пистата и ги повика патниците да го проверат статусот на своите летови.

Поради лошите временски услови, затворени беа и бројни училишта – повеќе од 250 во Шкотска, над 150 во регионите Абердиншир, Мидлендс и Велс, како и во Северна Ирска.

Лошото време ја погоди и Франција. Националната метеоролошка служба „Метео Франс“ утрово стави шест департмани под портокалов метео-аларм поради снег и голомразица. Се најавуваат снежни врнежи од пет до 10 сантиметри, а возачите се предупредени на опасни и лизгави патишта.

Според француските власти, станува збор за изразен снежен бран кој може да предизвика сериозни проблеми во сообраќајот, особено во североисточниот дел од земјата. Температури под нулата, снег и силни налети на ветер беа причина за прогласување зголемена состојба на подготвеност.

Снежниот бран пристигнува од правец на Германија и земјите од Бенелукс, во зона погодена од остатоците на бурата „Горети“. Снегот ќе паѓа и на пониски надморски височини, од 200 до 300 метри.

Се очекува снежната покривка да достигне од седум до 10 сантиметри на височини од 300 до 400 метри, од 10 до 20 сантиметри меѓу 400 и 500 метри, додека во повисоките планински предели локално може да достигне и до 40 сантиметри.

Властите упатија апел до возачите на максимална внимателност, бидејќи во текот на ноќта од сабота кон недела се очекува дополнително опаѓање на температурите и зголемен ризик од создавање мраз на коловозите.

Прикажи повеќе...

Европа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Објавено пред

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека закупот на живеалишта се зголемил за 21,1%, покажуваат податоците на Евростат.

dobivaj vesti na viber

Додека кириите бележат стабилен раст без поголеми турбуленции, цените на становите имале осцилации, со периоди на застој и фази на екстремно брз раст.

Унгарија рекордер по поскапување
Кога се набљудуваат поединечни земји, Унгарија е апсолутен рекордер по поскапување, со раст на цените на становите од 2015 година од дури 275%.

Покрај Унгарија, цените се повеќе од удвоени во уште 11 земји, а на врвот на листата се Португалија, Литванија и Бугарија, каде порастот надминал 150%.

Единствена земја со поевтини станови
Финска е единствената земја каде цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години, со благо намалување од 2%.

Во наведениот период, зголемување на станарините е забележано во сите членки на ЕУ, а најтешка е ситуацијата во Унгарија, каде кириите се зголемени за 107%, односно повеќе од удвоени.

Висок раст на трошоците за домување е забележан и во Литванија, Словенија, Полска и Ирска, каде станарите се соочуваат со поскапувања од над 70%, објави Евростат.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери

Објавено пред

Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.

dobivaj vesti na viber

Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.

Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.

Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.

Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија5 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија6 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија7 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ8 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија9 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет10 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет11 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ11 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија12 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет13 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа13 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет13 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија1 ден

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 ден

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија1 ден

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 ден

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет2 дена

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија2 дена

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...