Македонија
Регистрирани 302 новозаразени случаи со коронавирус, пријавени се 6 починати лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 158, Прилеп – 22, Велес – 20, Битола – 17, Куманово и Кавадарци – по 11, Охрид – 10, Струмица – 9, Ресен – 8, Кочани и Кичево – по 5, Штип и Неготино – по 4, Гостивар и Радовиш – по 3, Тетово, Гевгелија, Виница и Кратово – по 2, Струга, Крива Паланка, Дебар и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (302), регистрирани се 35 реинфекции.
Регистрирани сe 315 оздравени пациенти од: Скопје – 203, Битола – 17, Прилеп и Велес – по 14, Куманово – 13, Кавадарци – 9, Гостивар – 7, Кичево – 6, Струмица, Ресен и Тетово – по 5, Гевгелија – 4, Штип, Неготино, Крива Паланка и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Македоснки Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица од: две починати лица од Скопје (79г и 81г) и по едно починато лице од Струмица (72г), Струга (80г) и Битола (90г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Охрид (88г) починатиот е пријавен на 07.03.2022 . Пријавеното лице е починато во домашни услови. Сите починати лица (6), се со регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.182 тестови преку: ИЈЗ-241, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-45, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–128, Жан Митрев (Филип Втори)-40, Авицена-63, Биотек-98, Систина-44, лабораторија Лаор-54, Синлаб-16, Ремедика-5, Плодност-15, Генеа-5, Никоб Лаб-183, ВФВ Медикал-31, Ели Медика-19, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–15, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–11, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 945.
Досега во земјата се направени вкупно 1.917.551 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.016, бројот на оздравени пациенти е 289.847, на починати е 9.123 а бројот на активни случаи изнесува 2.046.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 140588, Активни 1102
Куманово 16365, Активни 90
Битола 14426, Активни 122
Прилеп 13742, Активни 130
Тетово 13373, Активни 59
Кавадарци 10248, Активни 73
Велес 9579, Активни 99
Гостивар 9481, Активни 29
Охрид 8568, Активни 50
Штип 7931, Активни 21
Струмица 7931, Активни 17
Кичево 5479, Активни 41
Кочани 4998, Активни 20
Струга 4660, Активни 14
Гевгелија 4296, Активни 23
Неготино 3629, Активни 17
Ресен 2635, Активни 39
Свети Николе 2606, Активни 3
Радовиш 2490, Активни 15
Крива Паланка 2389, Активни 12
Делчево 1900, Активни 0
Дебар 1655, Активни 15
Берово 1631, Активни 4
Валандово 1462, Активни 4
Виница 1357, Активни 9
Пробиштип 1258, Активни 2
Богданци 1008, Активни 5
Кратово 945, Активни 10
Крушево 911, Активни 4
Демир Хисар 818, Активни 9
Македонски Брод 732, Активни 2
Демир Капија 583, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во подготовка закон за високите раководители во управата – професионализација наместо партизација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).
На средбата се дискутираше за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.
Министерот ја истакна важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“ истакна министерот.
Од страна на претставникот на OECD/SIGMA беше изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.
Македонија
Забрана за камиони кај Стража поради снег
Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.
Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.
Македонија
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академија за судии и јавни обвинители
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем.
Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции и други стручни настани, како и размена на експерти и едукативни материјали. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на знаењата на идните судии и јавни обвинители во областа на уставно-судската практика и заштитата на човековите права и слободи.
„Откако сум претседател на Уставниот суд ова е трет Меморандум за соработка којшто го потпишуваме со институции на државата. Првиот беше со Правниот факултет, вториот со Здружението на правници. Очекувам најдинамична соработка со Академијата. Уставниот суд изминатите две години се соочи со природен одлив на промена на генерации. Стручната служба е р’бетот на Уставниот суд. Новата стручна служба има потреба од дополнителни знаења за да го достигне квалитетот што овој суд го имаше до пред две години. Токму во оваа насока го гледаме начинот на соработка, да нашите вработени од службата посетуваат предавања за доусовршување на Академијата. Но, идните кандидати за судии или обвинители може да имаат бенефит од знаењето и искуството кое уставните судии може да го пренесат, особено во примената на меѓународните права’, изјави претседателот Костадиновски.
Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Стрезовски, истакна:
„Денешното потпишување на Меморандумот претставува значаен чекор, поврзаноста на институциите подразбира партнерство, пред се’ во функција на владеење на правото. Можност на советниците на Уставниот суд да доаѓаат во Академијата а уставните судии да вршат обуки и предавања. За Академијата ќе претставува унапредување на наставните програми и обуки за примена на највисоките стандарди, изјави директорката Стрезовски.

