Спорт
Повратникот Магнусен најбз на тестирањето, Хамилтон: Ферари ќе победи 1-2!
Камбекот од соништата на Данецот Кевин Магнусен во Ф1 продолжи денеска на патеката Сакир во Бахреин откако возачот на Хас неочекувано постави најдобро време соборувајќи ги возачите од Ферари од првото место.
Магнусен го замени Русинот Никита Мазепин во американскиот тим вчера за денеска да го симне Карлос Саинс Јуниор со 0,324 секунди побрзо време од возачот на Ферари во посебниот период од еден час што му беше дозволен на тимот откако тие стигнаа предоцна во Бахреин поради проблеми со логистиката.
Во првите осум часа тестирање, кога сите 10 тима беа на патеката, Саинс постави најдобро време со убедлива предност од 0,4 секунди пред ривалите и покрај обидот на шампионот Макс Ферстапен на исти меки гуми како возачот на Ферари. Уште еден добар ден за италијанскиот тим само го потврдува општото мислење дека тие имаат најдобар старт на 2022 под новите регулативи.

Истото тоа не може да се каже за Мерцедес, кој изненади на тестирањето во Бахреин со својот уникатен дизајн на страничните крила, но брзината отсуствуваше – Луис Хамилтон беше 0,609 секунди зад Саинс и дури 0,934 секунди зад Магнусен. Седумкратниот шампион призна дека Ферари е најбрз.
„Да има утре трка, мислам дека, најверојатно, Ферари ќе добие 1-2 победа. Или можеби Ред бул“, изјави Хамилтон.
Саинс не сакаше да навлегува во прогнози откако колегата на Хамилтон, Џорџ Расел, изјави дека Ферари е фаворит на 20 март на првата трка од сезоната.
„Тоа е типично од Мерцедес. Само зборувај за другите и потоа на првата трка уништи ја конкуренцијата. Да беше прва година во која се зборува така, можеби ќе поверував, но тоа го прават веќе пет-шест години“, вели Саинс.
That’s one way to end your first day back in an F1 car @KevinMagnussen! ?
Fastest lap and P1 for the Dane ?#F1Testing #F1 pic.twitter.com/hSVHsJU28f
— Formula 1 (@F1) March 11, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

