Спорт
На Украинката Костјук ѝ е мака што ги гледа руските тенисери и тенисерки

Украинската тенисерка Марта Костјук ги нападна тениските федерации и организаторите на мастерсот во Индијан Велс поради присуството на руските тенисери и тенисерки признавајќи дека е тешко да се гледаат на турнирот.
19-годишната Костјук, која го мина првото коло со 6:7/7:6/7:5 победа над Белгијката со украинско потекло, Марина Заневска, не беше нежна на зборови по мечот обвинувајќи ги руските тенсиери дека се позагрижени за своите финансиски трансфери отколку за војната во Украина.
„Не се согласувам што им дозволија да настапуваат. Видете ги сите други спортови, големи спортови. Да се видат тука, навистина ме боли. Не можеш да бидеш неутрален. Нивните изјави ‘не за војната’ ме болат бидејќи немаат основа. Единствен проблем им е да ги префрлат парите и тие работи, за тоа зборуваат и тоа е неприфатливо. Не е тајна тоа што се случува. Не мораш да знаеш политика да знаеш кој кого нападна, кој кого бомбардира. Руските тенисери и тенисерки не дојдоа да зборуваат. Не слушнав извинувања, не слушнав поддршка“, изјави Костјук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.