Црна хроника
Во Охрид уапсена 10-члена група по серијата тешки кражби
По серијата тешки кражби што во изминатиот период се случија во Охрид и околината, тамошната полиција откри и поднесе кривични приајви против 10 лица од Прилеп, Скопје, Ресен и Охрид, кои извршиле повеќе од 40 кражби.
Двајца од пријавените, 38 и 41-годишен прилепчанец на 31-ви мај од стан во Охрид, одзеле поголемо количество златен накит, поголема сума денари и австралиски долари, со што се стекнале со „противправна имотна корист“ од повеќе од 100 илјади денари. Двајцата со алати ја отвориле бравата од влезната блиндор врата и откако го пребарале станот успеале, да го пронајдат и одземат, златниот накит и парите. Инаку се работи за нова група сторители на тешки кражби, која од Прилеп, доаѓа во Охрид, специјално за вршење вакви кражби, велат од охридската полиција. И за оваа група, во СВР Охрид, биле прибрани оперативни сознанија, што резултираше со брзо пронаоѓање и приведување. На почетокот на минатиот месец, 23-годишен охриѓанец, префрлувајќи се преку отворот на таванот од две соседни куќи одзел поголемо количество златен накит и пари во вредност од 1.229.200 денари. Претходно во март годинава 21-годишен жител на Ресен, извршил вкупно десет тешки кражби во Охрид, и приградските населби Косел, Лескоец, Плаќе, Оровник и Волино, одземајќи казани и делови од казани за варење ракија, електрични кабли за струја, метални цевки, во вкупна вредност од 150 илјади денари.Охридската полиција привела и 43-годишен жител на скопско Зелениково, кој баран од Основниот Суд во Скопје, за издржување на шестмесечна затворска казна , кој во македонското подземје бил познат како специјалист за разбивање сигурносни брави, кој со употреба на сет штрафцигери, насилно влегувал во куќи и деловни објекти низ Охрид.На истиот начин, оперирал и 24-годишен охриѓанец кој од повеќе куќи, станови и деловни објекти низ Охрид, одзел пари, повеќе телевизори, сребрени монети и златен накит, во вредност од повеќе од 500 илјади денари. Преку добро разработен систем, и со употреба на цела гарнитура штрафцигери, во Охрид, во февруари годинава, оперирала и група од еден скопјанец и тројца прилепчани, ан возраст меѓу 27 и 32 години. Тие, насилно влегувале во повеќе деловни објекти во Косел и Охрид, одземајќи пари, и разни колонијални производи, при што, се стекнале со противправна имотна корист, од близу 40 илјади денари. Тие покрај тоа што со штрафцигерите ги обивале буренцињата од влезните врати на објектите, се прекачувале и преку балкони, ги користеле металните конструкции по дворовите, кршеле прозорци, по што вршеле откако ќе ги пребарале просториите одземале пари и други вредни предмети./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени
Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода 61-годишниот И.А. и 63-годишниот С.А., двајцата од село Јакимово, виничко, 66-годишниот Д.Т. од Кочани, 62-годишниот М.И. и 30-годишниот Ј.М., двајцата од Виница.
Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на село Калиманци сопреле патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. со сопатници И.А. и Д.Т. и патничко возило „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. од Виница со сопатник Ј.М., при што во двете возила биле пронајдени и одземени метален детектор и алат.
По насоки на надлежен јавен обвинител и по извршени проверки во содејство со кустоси од Музеј „Теракота“ Виница во село Калиманци било констатирано дека пријавените во временскиот период од 13 до 15.12.2025 извршиле ископ.
По наредба на Основен суд Виница, извршени се претреси во домовите на М.И., С.А. и И.А., при што биле пронајдени и одземени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина и друг алат. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

