Црна хроника
217 казнети возачи во Скопје, 76 за брзо возење, 33 за возење под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 33 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење на сигурносен појас, 29 за непрописно паркирање…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: се обидел да прегази маж и му се заканувал
Вчера во 14.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 61-годишниот М.Ј. од Охрид. Тој, претходно, на локален пат во селото Велмеј, општина Дебрца, со своето патничко моторно возило „опел вектра“ се обидел да го удри З.Ј.(55) од истото село, по што му се заканувал.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Три лица од Скопје во текот на вчерашниот ден, во полициските станици во градот, пријавиле каснување од куче скитник.
На 05.01.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, 50-годишниот Г.С. од Скопје пријавил дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.01.2025 во 16.15 часот во Полициската станица Гази Баба, 73-годишниот Д.В. од Скопје пријавил дека на улицата „Ташко Караџа“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.01.2025 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, А.А. од Скопје пријавил дека на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Му се заканувале за да изнудат пари, па му го запалиле возилото: 30-дневен притвор за двајца штипјани
СВР Штип поднесе кривична пријава против 38-годишниот К.А. и 20-годишниот М.М., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.
По преземени мерки и активности било констатирано дека на 16.12.2024 околу 05.00 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на З.К.К. од Штип.
Исто така, по преземени мерки било констатирано дека во периодот од 28.12.2024 до 31.12.2024, пријавените во повеќе наврати преку смс пораки упатиле закани кон М.А.А. од Штип со намера да му изнудат пари.
Двајцата биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Штип, кој им определил мерка притвор во траење од 30 дена.