Македонија
(Видео) Арсовски: Владата иако знаела дека ќе има криза, набавила над 400.000 кафиња
Оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е директен виновник за кризата со која што во моментов се соочуваат граѓаните на Република Македонија, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„ СДСМ и ДУИ како Влада знаеле уште пред 4 месеци дека ќе има ваква криза која произлегува како резултат на други дејствија кои што се случуваат во светот. Информациите ги имале, но сепак одлучиле воопшто да не се интересираат како да допридонесат и помогнат на граѓаните, туку да ги остават граѓаните да тонат во сиромаштија и немаштија.
Е сега, лицемерието на Владата да видиме како изгледа на дело. Од една страна граѓаните кои евидентно имаат сериозен проблем со покачувањата на цените и енергенсите, горивата, струјата, прехранбените производи и слично, а од друга страна е луксузот на Владата предводена од неспособните кадри на партиите на власт.
Владата изминативе месеци, откако знаеле дека ќе има ваква сериозна криза, воопшто не штеделе и биле посветени единствено на луксуз, луксуз кој што само тие ќе го користат преку владините понуди. Потрошиле над 2 милиони евра само на луксуз изминативе неколку месеци откако знаеле дека ќе има криза. Кога велам луксуз мислам на вистински луксуз. Непродуктивни трошења, наместо антикризни мерки. Луксуз наместо штедливост. Расипништво наместо домаќинско трошење и менаџирање на парите.
Па така, од пред Нова година па навака, само за хотелски услуги Владата потрошила, издвоила 11.8 милиони денари. Тоа се скоро 200.000 евра само за хотелски услуги“ рече Арсовски.
Тој истакна дека Собранието немало слух за пораките на граѓаните, па иако граѓаните им укажуваат да се откажат од мобилните телефони, Собранието за мобилна телефонија и услуги изминативе месеци склучиле договор и потрошиле, издвоиле од буџетот на граѓаните дури 11.8 милиони денари.
„ Замислете, во ек на ваква криза, службата за општи заеднички работи троши 2.9 милиони денари на режано цвеќе. Дури 50.000 евра за режано цвеќе. Никој не ни знае како и каде завршило тоа цвеќе. Потоа потрошиле за прибор за јадење 2.3 милиони денари. Приближно 40.000 евра на прибор за јадење. Позлатен прибор за јадење, за Таче и дружината да можат да јадат. Најверојатно се алергични на обичен прибор за јадење, па така морале да земат позлатен за во Владата.
Оваа Влада односно односно службата за општи заеднички работи врвот го достигнува со набавката за кафе. Три милиони денари одвоиле или 50.000 евра за набавка на кафе преку СОЗР само за нивни потреби на оваа Влада. Па замислете во 3 милиони денари, во груба пресметка бидејќи тоа одело на тендер, има набавка за околу 400.000 кафиња. 400.000 дози на кафиња набавила оваа Влада. Секој работен ден во една година во Владата треба да се пијат над 1.700 кафиња дневно. И сега јасно ви е зошто оваа Влада ништо не реализира и ништо не работи? Со ваква набавка на кафиња каде што по 1.700 кафиња на ден треба да пијат, веќе е јасно зошто сме тука каде што сме. Наместо да работат, цел ден пијат кафиња“ додаде Арсовски.
Тој порача дека оваа Влада и овој економски тим се срам за Македонија, срам за граѓаните и како што нагласи уште едно неспособно поглавје од ерата на СДСМ на власт.
„ Најмалку што можеа да направат доколку сакаа и доколку поважни им беа граѓаните и државата, наместо да се луксузираат можеа да се откажат од кафињата, да не пијат кафе, можеа да се откажат од златниот прибор и од јадењето од златни лажици и вилушки, и тие пари да ги пренаменат за најранливите категории. Можеа да се откажат Собранието од мобилната телефонија и услуги за стотина луѓе кои што ги плаќаат околу 200.000 евра, и можеа да се откажат од многу други работи изминативе месеци, но само доколку им беа важни граѓаните. Можеа сите тие пари да ги пренаменат за најранливите категории, истите тие најранливи категории кои што ги лажеа дека ќе земаат плата 500 евра по човек, но за жал поважен им е луксузот отколку се останато. До толку се расипничка Влада“ заклучи Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во крводарителска акција во Велес собрани 99 крвни единици
Во акцијата за доброволно дарување на крв што по 7. пат ја организира Здружението „Велес бајкинг“ во соработка со Општинската организација на Црвен крст Велес денеска во Театарот во Велес, беа собрани 99 крвни единици што е рекорд за оваа веќе традиционална акција. Инаку лани беа собрани 68, а во 2023 година 76 крвни единици.
Орце Николов секретар на ООЦК Велес, оцени дека оваа е најуспешна акција досега. Воедно се заблагодари на Здружението „Велес бајкинг“ што ја иницираа и организира и сите велешки крводарители што се вклучија во неа, како и на медицинската екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје која ја реализира.
Во денешната акција 10 велешани за првпат даруваа од драгоцената течност. Меѓу крводарителите беше и д-р Кирил Лазов, актуелен директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и специјалист по трансфузиона медицина кој денеска по 51. пат даруваше крв.
Македонија
Обвинение добија три лица кои му се заканувале на градоначалникот Митко Јанчев
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинени против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, додека првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г.
Тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и повици за насилство и закани насочени кон оштетениот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, поттикнувајќи омраза врз основа на политичка припадност и општествен статус. Обвинетиот 32-годишник објавувал и фотографии од оштетениот и неговите малолетни деца, заканувајќи се и кон нив, а како потврда за сериозноста на заканите споделувал и видеа во кои самиот пукал со автоматска пушка и пиштол.
Од јули годинава започнал и преку телефонска апликација да се јавува кај градоначалникот, лично и преку пораки да се заканува по животот на оштетениот и неговото семејство.
Второобвинетиот, исто така телефонски, пренесувал дел од заканите и пораките во име на првиот обвинет. Третиот обвинет, пак, коментирал на Фејсбук објавите на првиот обвинет, заканувајќи се со убиство на оштетениот градоначалник.
За првообвинетиот, кој има двојно македонско и бугарско државјанство, јавниот обвинител процени дека постои реален ризик од бегство и опасност да го изврши делото со кое се заканува, па до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе и посебен предлог за определување мерка притвор.
Македонија
Сиљановска Давкова учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето. На настанот на претседателката и беше врачена благодарницата за нејзиниот придонес.
-Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите. Уживав во културното шаренило: во масичките преполни со уметнички предмети по коишто се препознаваат државите, во уникатните производи, во вкусната храна, но најмногу, во насмеаните детски лица, веселите луѓе и убавата музика. Благодарницата за мојот скромен придонес, од „Добредојде“ и Амбасадата на Австрија, ме потсети дека суштината на хуманоста најсилно се изразува кога е упатена кон децата. Импресивно е кога празничната магија добива длабока човечка димензија!, објави претседателката на Фејсбук.

Дипломатски хуманитарен базар, кој привлече голем број посетители, имаше за цел собирање средства за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост.

На настанот беше посочено дека иницијативата е од исклучителна важност за заедницата и дека дипломатската заедница заеднички придонесува кон создавање на подобри и подостојни услови за развој на децата.

Голем број амбасади имаа свои штандови, каде што посетителите можеа да ги пробаат традиционалните јадења од различни земји, како и да купат автентични подароци, ракотворби, приврзоци и други уникатни предмети. Меѓу учесниците беа амбасадите на Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Јапонија, Кина, како и Делегацијата на Европската Унија и Институтот „Конфучие“.

