Македонија
Пендаровски – Борел: Новата геополитичка реалност укажува на потребата од интегрирање на регионот во ЕУ
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој со средбата со претседателот ја почна посетата на Северна Македонија.
Пендаровски ја оцени посетата на високиот претставник Борел на Северна Македонија и на регионот како потврда за посветеноста и поддршката на ЕУ за Западен Балкан, особено во пресрет на новата геополитичка реалност во Европа.
Претседателот истакна дека почнувањето пристапни преговори за земјава е тест за кредибилитетот на Европската Унија.
„Со новите геополитички динамики ние не зборуваме за забрзување на нашиот процес имајќи предвид дека Северна Македонија и Албанија имаат одлука за почнување на пристапните преговори од Советот на Унијата уште од март 2020 година“, рече Пендаровски.
Тој повика на брза реализација на стратешките одлуки во однос на политиката на проширување. Северна Македонија, рече претседателот Пендаровски, се докажа како кредибилен партнер на Европската Унија и нејзината натамошна блокада за отворање на пристапните преговори заедно со Албанија е неодржлива.
Дискутирајќи за руската воена инвазија на Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на европскиот континент како целина, соговорниците ја реафирмираа потребата од итно стопирање на руските воени дејства во Украина, враќање на поредокот на меѓународното право и што е можно побрзо целисходно зацелување од девастирачкиот напад врз Украина.
Високиот претставник ја поздрави одлуката на земјата за приклучување кон санкциите на ЕУ за Русија, со што Северна Македонија целосно се придружува кон заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и пакет-санкциите на Унијата, вклучително и пакет-мерките од 2014 година.
На средбата се разговараше и за заклучоците од неодамнешниот самит на лидерите на ЕУ во Версај, со акцент на процесот на евроинтегрирање со земјите од регионот за што главниот збор го имаат земјите членки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај
Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти.
Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, со околу 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со 2 проценти.
Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти.
Оценето е дека гласањето тече без проблеми, а единствениот застој бил забележан во Дојран, каде поради технички проблем со уред за биометриска идентификација имало краток прекин, кој бил веднаш отстранет. Во вториот круг се гласа во 32 општини и Градот Скопје, на 1.771 избирачко место, а право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот. Некаде околу 23 часот, се очекува да бидат познати сите резултати од гласањето на изборите во вториот круг.
Македонија
„Фероинвест“ донираше медицински мебел произведен во „Брако“ на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
Компанијата ФЕРОИНВЕСТ реализираше донација на медицински мебел и опрема произведени во фабриката БРАКО од Велес, наменета за Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје.
Донацијата е реализирана по официјално барање на Клиниката, која се обрати со молба за поддршка при обнова на медицинскиот мебел и асортимантот во неколку оддели, со цел подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал и квалитетот на здравствените услуги.
Во рамки на донацијата, ФЕРОИНВЕСТ донираше медицински ормари, отомани, паравани, скали, колички и статични држачи за инфузија, сите дизајнирани и произведени во БРАКО, фабрика која е долгогодишен партнер на здравствените установи во земјата и регионот.
Со оваа донација, одделот на д-р Игор Џиковски при Клиниката доби современо уредени простории, целосно подготвени за започнување со работа и интеграција на новата медицинска опрема.
Со новата опрема, обезбедени се модерни, функционални и безбедни услови за работа, што ќе придонесе за поефикасно лекување и подобра грижа за пациентите.
ПР
Македонија
(Видео) МВР: Десет пријави за прекршување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари
За време на предизборниот молк регистрирани се 10 пријави за негово нарушување од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани, соопшти МВР.
„Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови. Во врска со гласањето, на 01.11.2025 регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули” во општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.
На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето.

