Скопје
Женската трка на 10 април во Градски Парк
На 10. април во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи четвртата Женска трка, која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот Маратон 2016.
Низ годините, Женската трка која што е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се здобива со голема популарност и бројот на жени кои учествуваат во трката од година во година се зголемува.
Оваа година трката е влезена во календарот на Европксата атлетска федерација. На 10. април се очекува бројка од 1.000 жени да земат учество на трката.
На 10-ти април во 10:00 часот е планирано групно загревање со аеробик, а од 10:30 започнува трката. Ќе се трчаат 2.000 метри, т.е. еден круг во парк.
Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории. Секоја учесничка на Женска трка со стартен број учествува во лотарија која ќе се одржи по завршувањето на трката со која ќе се доделат награди од спонзорите. крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




