Црна хроника
Судскиот процес „Изгрев“ почна , „Мавровски“ никако да стартува

Во Основниот суд 1 во Скопје започна повторениот судски процес за случајот „Изгрев“ за кој одговараат струшките брака Миладинови , адвокати, судии и други службеници. Обвинети се дека зеле кредити за реновирање на хотелот Изгрев но кредитите за објектот браќата ги користеле за други цели
Судењето почнува од почеток, бидејќи Вишото јавно обвинителство побара а Апелациониот суд прифати првата пресуда од шест ипол години затвор да биде укината поради пропусти и грешки на обвинителниот акт . На денешното рочиште зборуваше само Димитар Миладинов кој во детали објаснуваше како се работело во семејната фирма која соработувала со МПЦ. Исто така, тој презентираше документи и докази дека кредитите кои биле земани биле вратени за што банката потпишала документ со кој потврдува дека Миладинови ништо не и должат.„Може жената да се сомнева мажот дека ја изневерува, но сомневање со финансиски документи и докази не може да има. Судскиот совет да има доблест и да се надмине себеси и праведно да пресуди дека сум невин“, побара Димитар Миладинов. По неговото сослушување судијата го прекина судскиот процес и соопшти дека ќе продолжи следниот месец иако беше планирано судење да се одржи и утре. Во истовреме во судот со силно полициско обезбедување се одвиваше и судскиот процес Мавровски работници. Судењето се одложи бидејки еден од обвинетите бил болен. Неговиот адвокат кој побара одлагање, не знаеше да каже од што е болен неговиот клиент. Судијата веднаш без да побара лекарска документација го презакажа судењето за следниот месец, за кога побара сите обвинети кои досега биле болни да донесат лекарски извештаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се на терен и интервенираат на лице место.
Се работи за автомобил форд фокус.
Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.