Црна хроника
Нож на врат за вработена во Собранието при расправија со колега

Сериозен инцидент се случил во петокот околу 08:00 часот во Собранието на Република Македонија, кога вработен при расправија со колешка извадил нож и и го ставил на вратот, но за среќа нападнатата избегала и го пријавила случајот.
Според информациите на полицијата, инцидентот се случил кога во канцеларија на Секторот за техничка поддршка влегол Д.Т. и започнал расправија со 48-годишната колешка Д.С.
При обидот да биде смирен од друга колешка М.М., која била присутна во канцеларијата, тој извадил нож и го ставил на слабината на Д.С. и и рекол да излезе надвор со него. Откако нападнатата почнала да се спротиставува, напаѓачот ножот и го ставил на врат. Во меѓувреме, М.М. се обидела преку телефон да го повика обезбедувањето, при што напаѓачот се обидел да ја спречи. Тоа го искористила напнатата Д.С. и успеала да побегне, по што го пријавила случајот.
СВР Скопје работи на расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.