Црна хроника
Сепак повредениот во Мавровка преживеал?!
Маж на околу 30-годишна возраст беше повреден во стан спроти трговскиот центар Мавровка, тоа е билансот од престрелката која ги вознемири случајните минувачи и жителите на Бит пазар денеска околу пладне
Местото околу зградата и паркинг просторот го обезбедуваа бројни полциски сили, а во околината патролираат и припадниците на „алфите“.
Се претпоставува дека нападот се случил денес по 14.30 часот и дека е извршен со нож. Од станот во кој е пронајдено телото на како што имаше информации првични – убиениот, прво се слушнала караница. Втората верзија е дека се случила во престрелка во влез од една од зградите.
Полциските екипи за многу брзо време дојдоа на местото од настанот.
Станува збор за млад маж, добро телeсено развиен, кој е најден во влез во зградата бр.26 спроти трговскиот центар Мавровка, според искази на очевидци.
Увидот беше направен многу брзо, и настраданиот е однесен веднаш во болница, велат луѓе од соседството.
Од МВР засега немаат информации за медиумите.
Сппоред последните неофицијални информации, станува збор за пресметка во којa е употебено и огнено оружје, но се’ уште нема официјални потврди како настанале повредите кај настраданиот, ниту за идентитетот на инволиварните во инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

