Свет
Илон Маск го повика Путин на борба: Влогот е Украина

Најбогатиот човек на планетата Илон Маск се огласи на својот твитер-профил со порака испратена до рускиот претседател Владимир Путин.
„ На овој начин го предизвикувам Путин на индивидуална борба“, напиша Маск, делумно на латиница, делумно на кирилица и додаде:
„Влогот е Украина“.
I hereby challenge
Владимир Путин
to single combatStakes are Україна
— Elon Musk (@elonmusk) March 14, 2022
Неговиот твит предизвика бројни коментари, а многумина се запрашаа дали се шегува. Кога еден од 77-те милиони следбеници на Маск напиша дека основачот на „Тесла“ можеби не размислувал добро за својот предизвик, Маск рече дека е „апсолутно сериозен“.
„Доколку Путин би можел толку лесно да го понижи Западот, тогаш би го прифатил предизвикот. Но, нема“, додаде тој.
Маск ја означи и наредбата на рускиот претседател и на руски праша „Дали се согласувате со оваа борба“.
Од Кремљ засега нема реакција.
Маск претходно одби да ги блокира руските државни медиуми. Тој изјави дека некои влади, но не и украинската, му наредиле на неговиот сателитски широкопојасен сервис „Старлинк“ да ги блокира руските извори на информации и медиумски куќи.
„Тоа нема да го направиме доколку не сме на целта. Жал ни е што сме апсолутни поддржувачи на слободата на говорот“, рече Маск на својот профил на „Твитер“.
Сепак, тој ги испорача сателитите „Старлинк“ во Украина за да ѝ помогне на земјата која Русија ја нападна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се нуди награда од 50.000 долари за осомничен за двојно убиство во Минесота

Американските власти во Минесота и натаму трагаат по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранување на сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга.
Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
– Не знаеме дали има соучесници, можно е да бил со други лица. Сакам да ги сослушаме сите што можеби биле во контакт со него, изјави полицискиот претставник Дру Еванс.
ФБИ објави фотографија од Бетлер како стои пред домот на еден пратеник маскиран како полицаец, и понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење и осуда.
Бетлер живее во округот Сибли, близу градот Грин Ајл, и работи како директор за безбедносни патроли во приватна фирма. Во минатото бил генерален менаџер во синџир продавници и фабрика за храна.
Во 2016 година бил назначен од тогашниот гувернер Марк Дејтон за претставник од приватниот сектор во Советот за развој на работната сила, организиран од гувернерот. Во истиот совет членувал и сенаторот Хофман, жртвата на нападот.
Засега не е јасно дали Бетлер и Хофман имале лична поврзаност.
Американските власти нападите ги опишаа како „чинови на политичко насилство“.
Свет
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.
Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.
Свет
Еден загина откако се урнаа два воздушни балони над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.
Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.
Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.