Контакт

Здравје

Истражување на Дурекс: Што мажите мислат за сексот со кондом

Објавено пред

Да се има безбеден секс е витално за здравјето, меѓутоа често се мисли дека мажите нема да уживаат толку во сексот доколку користат кондом – но дали навистина е така?

dobivaj vesti na viber

 

 

Дурекс сака да ги урне митовите во врска со тоа како мажите се чувствуваат кога девојката инсистира тие да носат кондом. Затоа, компанијата спроведе истражување меѓу голем број млади луѓе во Велика Британија, со цел да го дознае процентот на млади кои практикуваат безбеден секс, како и причините поради кои имаат небезбеден секс и нивната свесност за последиците кои може да дојдат со тоа.

 

Истражувањето открива дека основниот пристап на повеќе од третина од мажите е да се обидат да го избегнат користењето на кондом, меѓутоа еден нов краток документарен филм во рамките на проектот покажува дека повеќето сметаат дека околу носењето на кондом не се преговара – 79% од младите мажи велат дека дополнително ги пали кога девојката инсистира на кондом.

 

Дурекс сака да ја искористи оваа порака да го сврти “кондом моментот” од ситуација која моментално предизвикува загриженост, кон нешто што е добро за двете страни.

 

Безбедниот секс не е приоритет за “културата на недопирливите”

 

Истражувањето на Дурекс исто така покажало дека безбедниот секс не е приоритет за адолесцентите, со оглед на тоа дека тие веруваат дека непријатни работи нема да им се случат.

 

Подлабокото истражување откри шокантен недостаток на знаење за Сексуално Преносливите Инфекции (СПИ), непланирана бременост и сексуалните ставови на спротивниот пол. Младите луѓе знаат дека треба да користат кондом секогаш, меѓутоа во клучниот момент, нивниот личен правилник често се занемарува. Изгледа дека на повеќето од младите лица им недостасува загриженост за последиците од небезбеден секс, или пак не се доволно самоуверени да инсистираат на употреба на кондом – така што се согласуваат на преземање ризици, иако знаат дека не треба да го сторат тоа.

 

Широко раширениот став дека “тоа нема да ми се случи на мене” и недостаток на знаење за ризиците од СПИ и непланирана бременост, само ја распламнуваат таканаречената “култура на недостижност”, односно верување дека постоечките ризици нема да стигнат до нас. 

 

Фактите се јасни: 40% од сексуално активните лица во Британија на возраст од 16 до 24 години признале дека имале секс со повеќе од една особа, каде не користеле кондом, додека пак 61% се согласиле дека не размислуваат често за кондоми, се додека навистина не им треба тоа. Покрај заедништвото во преземање ризици, само 14% од испитаниците кажале дека Сексуално Преносливите Инфекции (не вклучувајќи ги ХИВ и СИДА) е нивната главна загриженост. Помалку од четвртина изјавиле дека нивната најголема загриженост од незаштитениот секс е дека може да им се случи непланирана бременост. Статистиките и погледите на испитаниците ја покажуваат скалата на моменталните бариери кон безбедниот секс. Речиси половина (48%) од нив сметаат дека ХИВ и СИДА не се нешто кое ќе им се случи на нив или на нивните пријатели.

 

 

Самоувереноста е клучна

 

Дурекс верува дека истражувањето и филмот открија некои нови начини во однос на тоа како да се соочиме со овие предизвици и да започнеме да ги менуваме ставовите во врска со безбедниот секс. Брендот лансира сеопфатна онлајн платформа: http://whenitsonitson.durex.co.uk/when-its-on-its-on/ , која им обезбедува на младите луѓе практични и искрени совети за сексот и врските. Платформата ќе содржи практични совети, прилози и видеа на теми поврзани со довербата, безбедниот секс, СПИ и непланирана бременост.

 

“Природно, безбедниот секс треба да биде одговорност и на двајцата партнери, меѓутоа за време на истражувањето откривме дека многу често девојките го имаат крајниот збор. Сепак, голем дел од нив исто така ни кажаа дека иако знаеле дека треба да инсистираат на кондом секој пат, реалноста е често различна кога ќе дојде моментот и кондом не се користи поради најразлични причини. Една заедничка причина која ја изнесоа голем дел од нив беше дека се загрижени дека ако инсистираат на кондом, ќе го “убијат” расположението кај нивниот партнер и тој повеќе нема да биде расположен за секс. Овој страв од одбивање или од спласнување на расположението се главните бариери за многу млади жени, меѓутоа во повеќето случаеви откривме дека сепак, мнозинството и покрај се, инсистираат на носење кондом.”, изјави Марк Пирсон, Регионален Бренд Директор за Дурекс во Велика Британија.

 

Повеќе информации за кампањата и платформата можете да пронајдете на веб страницата на платформата, или  на следното видео:

 

https://www.youtube.com/watch?v=lM4N81hA36Q

 

Ситуацијата во Македонија

 

Во периодот 2013/2014 година, Дурекс спроведе истражувања во Македонија во однос на тоа колку од средношколците и студентите користат кондоми и колкаво е нивното познавање во поглед на заштитата од СПИ и непланирана бременост. Ситуацијата во средните училишта беше алармантна, со само 62% од средношколците кои изјавиле дека користат кондом и со 2/3 од нив кои ги чуваат кондомите на несоодветни места, со што може да се предизвика нивно оштетување.

 

Кај студентите пак ситуацијата е релативно подобра, со 94% од нив кои потврдиле дека користат кондоми, меѓутоа не при секој сексуален однос и не со сите партнери. Загрижувачко кај оваа група на млади лица беше ставот на речиси половината од испитаниците кои сметаа дека купувањето на кондоми секогаш треба да биде обврска на мажот, што претставува алармантна бројка на лица кои веруваат во одреден стереотип кој во никој случај не е точен.

 

“Податоците кои произлегоа од истражувањето покажаа алармантна бројка на млади луѓе кои имаат делумни, или пак дури и елементарни непознавања за безбедниот секс, контрацепцијата и заштитата од сексуално преносливите инфекции. Дел од нив произлегуваат од фактот дека младите луѓе во врска со сексот најчесто се советуваат едни со други, или пак бараат информации на интернет, каде има најразлични одговори и совети, од кои голем дел не се точни. Многу ретко решаваат да се консултираат со стручни лица на оваа тематика, така што нашата мисија е преку директен контакт, како и преку медиумите да придонесеме кон правилна едукација за сексот меѓу младите во Македонија”, изјави Ренната, еден од македонските Дурекс амбасадори.

 

Поради овие податоци, Дурекс Македонија започна кампања за едукација на младите лица преку своите Дурекс Амбасадори, со цел овозможување на повеќе информации и знаење на младите луѓе во врска со контрацепцијата, употребата на кондоми, како и ефективната заштита од Сексуално Преносливи Инфекции.

 

“Почетокот на кампањата за едукација на Дурекс беше релативно тешка – младите луѓе не прифаќаа со доза на резервираност, или пак сметаа дека се работи за некоја шега. Безбедниот секс и кондомите се сеуште релативно табу-тема во дел од нашето општество, меѓутоа како што зачестуваа активностите, така се зголемуваше интересот кај младите и нивната подготвеност да соработуваат со нас и секако, да научат нешто повеќе, што навистина ме радува”, изјави Виктор Апостоловски, кој е Дурекс амбасадор за Македонија веќе втора година по ред.

 

Дурекс Македонија најавија уште голем број на активности во наредниот период кои ќе бидат насочени токму кон едукација на младите лица за заштита од Сексуално Преносливите Инфекции.  /крај/

Забава

Што се случува со вашата психа кога долго време немате партнер?

Објавено пред

Без романтичен партнер подолг временски период остава подлабок белег на психата отколку што изгледа на прв поглед. Иако сингл-животот може да отвори простор за личен раст, слобода и јасност на целта, тој често носи емоционални предизвици кои постепено се вовлекуваат во секојдневниот живот.

dobivaj vesti na viber

По долг период без партнер, многумина развиваат страв од отфрлање, што го отежнува емоционалното отворање и влегувањето во нови врски.

Ранливоста станува нешто што треба да се крие, а не да се споделува. Во исто време, тишината на секојдневниот живот и недостатокот на интимна врска можат да поттикнат чувство на осаменост и емоционална изолација, што го зголемува ризикот од анксиозност и депресија.

Со текот на времето, самодовербата може да ослабне, особено ако лицето се соочува со социјални притисоци, стереотипи или споредби со оние кои се во врски.

Во оваа состојба, луѓето често избегнуваат подлабоки емоционални врски, се навикнуваат на безбедноста на рутината и развиваат ригидни модели на однесување во кои компромисот повеќе не е можен. Социјалните ситуации, како што се дружењето со парови или одењето на состаноци, можат да бидат непријатни и да го зголемат чувството на неприпадност.

Сепак, осаменоста не носи само негативност. Во неа, многумина наоѓаат јасен фокус на сопствените цели, кариери и хобија, учат да живеат според сопствените правила и градат силно чувство за личен идентитет.

Некои развиваат богати социјални мрежи и пријателства кои стануваат силни како семејните врски со текот на годините. Овој процес често вклучува подлабоко самопознавање и емоционална независност, квалитети кои остануваат важни во идните врски.

Сепак, важно е да се препознае дека хроничната осаменост може да има сериозни здравствени последици.

Научните истражувања потврдуваат дека продолжената социјална изолација го зголемува ризикот од висок крвен притисок, срцеви заболувања, ослабен имунитет и когнитивен пад.

За време на празници, семејни собири или социјални промени, осаменоста може да стане уште поизразена, интензивирајќи ги чувствата на загуба или недостаток.

На крајот на краиштата, долгорочната осаменост не е ниту нужно добра ниту лоша – тоа е состојба која бара свест, грижа за менталното здравје и подготвеност за поврзување со другите, без разлика дали е преку пријателство, љубов или едноставен разговор.

Важно е да се негувате себеси, да одржувате врски, да бидете отворени за нови искуства и, кога е потребно, да побарате поддршка.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Нова опсесија за убавина: лепенки кои веднаш го враќаат свежиот изглед на кожата

Објавено пред

Иако рутините за нега на кожата сè повеќе се свртуваат кон минимализам и одбрани производи, еден „нов“ чекор неодамна стана многу важен. Станува збор за нанесување фластери под очите кои за кратко време влијаат кожата под очите да биде посветла и помазна.

dobivaj vesti na viber

Се чини дека фластерите под очите добија нов импулс во индустријата за убавина по лансирањето на новата маска за очи Rhode, зад која, секако, стои Хејли Бибер. Всушност, овој тип на производ постои долго време и долго време е во постојаните линии на бројни брендови, но маркетингот што оди со виралниот потпис Rhode ги врати во центарот на вниманието.

Иако имаат бројни вистински придобивки за нега на кожата, овие фластери се совршени и за социјалните мрежи. Елементот „пријателски на Инстаграм“ е многу важен елемент при маркетинг на производи на денешниот пазар за убавина, а фотогеничните фластери под очите дефинитивно го исполнуваат тој услов.

Како да ги вклучите во вашата рутина за нега на кожата?

Зошто овие фластери се сè попопуларни? За почеток, тие даваат брзи и видливи резултати. Индустријата за убавина, исто така, го следи забрзаното темпо на пласирање соодветни производи на пазарот. Фластерите под очите, всушност, делуваат многу брзо и главно се насочени кон отоци и темни кругови, што резултира со свежа и мазна кожа.

Поради оваа причина, познатите ѕвезди често ги користат пред да се појават на црвениот тепих. Исто така, овие фластери се удобни, лесни за употреба и даваат чувство на луксуз дури и во најзафатениот ден.

Тие се достапни во различни формулации, но постојат одредени состојки кои се попосакувани од другите. На пример, хијалуронска киселина, која интензивно хидрира и ги пополнува фините линии, или пептиди кои го стимулираат производството на колаген и обезбедуваат ефект на лифтинг. Исто така, постои ниацинамид за рамномерна кожа, витамин Ц за свежина и кофеин за намалување на отокот и зголемување на циркулацијата.

Оние кои сè уште сакаат да ја смират оваа чувствителна област треба да бараат формули што содржат алое вера, зелен чај или камилица.

Иако се во фаза на развој, фластерите под очите не треба да бидат само минлив тренд. Зошто? Тие се брз, практичен и ефикасен начин за освежување на пределот околу очите. Можат да бидат моментално решение пред важен настан или траен додаток на вашата редовна рутина за нега на кожата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Веднаш отстранете ги овие пет работи од вашата бања – пред да се разболите

Објавено пред

Микроорганизмите се размножуваат на предметите што ги користиме секојдневно, а нивното присуство може сериозно да го загрози нашето здравје.

dobivaj vesti na viber

Бањата е простор што повеќето од нас го доживуваат како симбол на чистота и свежина. Таму го започнуваме денот, ги миеме забите, се тушираме и се подготвуваме за работа. Но, зад сјајните плочки и миризливите крпи лежи изненадувачка вистина: според експертите, бањата е едно од најопасните места во домот кога станува збор за ширење на бактерии и мувла.

Plumbworld, компанија специјализирана за опрема за бањи и кујни, предупредува дека топлината и влажноста се идеална средина за развој на микроорганизми.

„Повеќето луѓе не сфаќаат колку брзо бактериите можат да се акумулираат на предметите што ги користиме секојдневно“, велат експертите. На долг рок, овие микроорганизми можат да доведат до проблеми со кожата, варењето, па дури и респираторни проблеми.

Еве пет од најчестите „виновници“ кои тајно го загрозуваат нашето здравје во бањата.

1. Стара четка за заби
Предметот што го користиме најмалку двапати на ден е парадоксално еден од највалканите во бањата. Експертите предупредуваат дека остатоците од паста за заби, оралните бактерии и микроскопските честички од воздухот се акумулираат меѓу неговите влакна.

Особено загрижувачки е облакот од капки што се ослободува секој пат кога ќе пуштиме вода во ВЦ школката. Овие невидливи честички можат да слетаат на блиски предмети, вклучувајќи ја и четката за заби.

„Ако ја држите четката за заби на мијалникот до ВЦ школката, постои реална можност бактериите што не ги сакате во устата да завршат на неа“, предупредуваат експертите од Plumbworld за Mirror.

Препорака: Четката за заби треба да се менува на секои три месеци, или порано ако влакната се истрошени. По миењето на забите, секогаш е добра идеја да ја исплакнете четката за заби, да го истресете вишокот вода и да ја оставите да се исуши во исправена положба. Ако некој во домаќинството бил болен, најдобро е да ги замените четките за заби на сите членови на семејството.

2. Сунѓери и луфи
Иако се идеални за ексфолијација и чувство на свежина под тушот, луфите и сунѓерите за туширање се исто така совршена почва за размножување бактерии. Тие ги заробуваат мртвите клетки на кожата, влагата и сапуницата – комбинација што им овозможува на бактериите и на габите непречено да се размножуваат.

„Ако луфата стои во топол, влажен агол од тушот, таа никогаш не се суши целосно. Ова значи дека во неа расте цела микробна заедница“, предупредуваат експертите.

Решението е едноставно: по секоја употреба, исплакнете ја темелно и закачете го сунѓерот на проветрено место. Еднаш неделно се препорачува да се мие во топла вода или да се потопи во раствор од оцет. Ако почне да мириса непријатно, да ја промени бојата или да стане лигава, време е за нова. Општо земено, сунѓерите и луфата треба да се менуваат на секои еден или два месеца.

3. Крпи
Многу луѓе мислат дека крпите се чисти сè додека не изгледаат валкано. Но, вистината е сосема поинаква. Крпите што се користат секојдневно и ретко се перат стануваат место за размножување бактерии, пот и мртви клетки од кожата.

„Дури и ако крпата изгледа чисто, таа може да содржи стотици илјади бактерии на квадратен сантиметар“, велат експертите од Plumbworld.

Најважното правило: крпите за раце и за бањање треба да се перат на секои три-четири употреби на температура од најмалку 60 °C. По перењето, тие мора целосно да се исушат – или на воздух или во машина за сушење алишта.

Ако крпата добие мувлосан мирис или стане груба, тоа е знак дека треба да се замени. Експертите препорачуваат нов сет крпи на секои две години за да се одржат хигиената и свежината.

4. Подлоги за бања
Малкумина размислуваат за подлоги за бања или туш, но тие може да станат складиште на влага и бактерии. По секое туширање, тие апсорбираат вода од подот и стапалата, а ако останат влажни, бргу почнува да се развива мувла под површината ,особено кај моделите со гумена подлога.

„Тепихот што не е правилно сушен може да биде сериозен извор на габи, па дури и алергени“, предупредуваат експертите.

Решение: Теписите треба да се перат еднаш неделно во машина на висока температура и темелно да се сушат по можност на воздух. Никогаш не оставајте ги рамно на подот додека сè уште се влажни. Доколку се појават темни дамки или мирисаат на влага, тепихот треба веднаш да се фрли.

5. Козметика и тоалетни производи
Колку долго стоело отворено шише шампон или крем за лице? Ако не можете да се сетите – веројатно поминало предолго време. По По отворањето, козметиката и тоалетните производи почнуваат да собираат бактерии, особено во топли и влажни бањи.

„Луѓето често не размислуваат за рокот на траење на козметиката, но старите производи може да предизвикаат иритација на кожата, очите или скалпот“, велат експертите.

Затоа е препорачливо редовно да го проветрувате рокот на траење – најмалку на секои три месеци – и да фрлате сè што е отворено повеќе од една година. Чувајте ги производите цврсто затворени, по можност надвор од бањата, на ладно и суво место.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија5 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија6 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија6 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија6 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет7 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет7 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет7 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет8 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија1 ден

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија1 ден

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија1 ден

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа3 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...