Скопје
Урната оградата околу темелникот за крстот во Бутел
Урната е оградата во четвртокот навечер околу камен темелникот за изградбата на крст во скопската населба Бутел, поставени се шатори и истакнати албански знамиња, од страна на група помлади лица на протестот против изградба на 55-метарскиот крст кој ги предводат високи функционери на ДУИ.
Пред разурнувањето на целиот ограден простор на околу камен темелникот, на собраните им се обрати градоначалникот на соседната општина Чаир, Изет Меџити, кој порача дека протестот е резултат „на верската поделба која се провоцира со поставување на крстот“, бидејќи, како што рече, „на крстовите и минарињата, местото им е во верските објекти а не на сред улица“.
Иако според него се работи за граѓански револт, Меџити најави дека демонстрантите „нема да се тргнат од местото“, односно дека таму ќе останат „сé додека не се промени одлуката на општина Бутел“, која според него не е во интерес на сите граѓани.
„Оодлуката за поставувањето на крстот е провокација за сите Албанци, без разлика дали се тие муслимани, православни или католици. Тој додаде дека доколку општината Бутел е толку загрижена за православните Албанци, можела да одвои една локација каде би се изградила албанска православна црква и на неа да се стави крстот“, рече Меџити без да појасни во што се состои провокацијата на етничко ниво.
Засега не реагираа полициските сили кои се распоредени претходно во текот на денот на најавата за граѓанскиот протест./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

