Вести
Зеленски составува закон против Русија: Ги поканува сите пријатели да го посетат Киев
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мировните преговори со Русија почнуваат да „звучат пореалистично“, но дека е потребно повеќе време за да се постигне напредок.
„Состаноците продолжуваат и информиран сум дека позициите за време на преговорите веќе звучат пореално. Но, потребно е време за одлуки што ќе бидат во интерес на Украина“, рече Зеленски во своето последно обраќање, пренесува „Ројтерс“.
„Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев. Овде може да биде опасно затоа што нашето небо сѐ уште не е затворено за руски ракети и авиони. Одлуката да го зајакнеме нашиот арсенал во воздухот сè уште не е донесена. Не добивме авиони. Но, знаете дека сите очи се вперени кон нашиот главен град, кон Украинците. На сите што се со нас им должам благодарност. Не само ние, сите народи во светот се благодарни“, рече Зеленски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа потпиша закон со кој се забранува негирање или оправдување на руската агресија врз Украина.
„Володимир Зеленски потпиша закон со кој се забранува производство и дистрибуција на информативни производи насочени кон промовирање на акциите на државата агресор“, се вели во соопштението на Комитетот за хуманитарна и информативна политика на Украина.
Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, чешкиот премиер, Петер Фијал, и нивниот словенечки колега Јанез Јанша пристигнаа во Киев со воз и се првите странски лидери што ја посетија украинската престолнина по руската инвазија минатиот месец, пишува „Ројтерс“.
Посетата на премиерите на Чешка, Полска и на Словенија, кои во вторникот пристигнаа во Киев, е силен гест на поддршка што ја почитуваме, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ги информира лидерите на овие земји за актуелните настани во војната со Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.