Црна хроника
Прoнајден хероин, приведени две лица
Вчера, околу 17 часот, на наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР и Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода Ш. И. (33) од Куманово и Р. З. (37) од Свети Николе.
При преглед во возилото и нивен личен преглед кај Ш. И. биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, а кај Р. З. биле пронајдени и одземени над 4.500 евра за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница
Утрово во 06.05 часот на улица „Дижонска“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода 50-годишниот Б.У. од Скопје, кој бил баран со потерница за затворска казна од една година во врска со чл.292 (тешки дела против општата сигурност) од КЗ.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал поранешната сопруга, па ја заклучил дома и и’ се заканувал
Полицијата во Гази Баба приведе 38-годишен маж кој ја нападнал поранешната сопруга.
Според информациите од МВР, тој вчера на пладне ја начекал 39-годишната жена на автобуска постојка во скопско село и физички ја нападнал.
Потоа, ја заклучил во неговата куќа и и’ се заканувал, а закани упатил и кон нивните деца.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Раправија во работилница во Чаир заврши со пукање
Во СВР Скопје вчера во 16.44 часот Е.З.(25) од Скопје пријавил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р.(36) од Скопје со пиштол испукал еден проектил кон него, но не го погодил.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.