Црна хроника
Ограбени три цркви во тетовско и кичевско
Во ноќта од сабота кон недела пријавени се кражби на двете цркви во теотвскот село Неприштено и една во црквата во кичевското село Тајмиште.
Во Непроштено, засега неидентификуван сторител извршил дело што е квалификувано како тешка кражба во црквите „Св.Илија“ и „Св.Ѓоргија“, при што се одземени вкупно 260,00 денари и една рачна косачка.
Сторителот во двете цркви насилно ги отворил влезните врати, почнал да пребарува а пткако ги зел парите и косачката, исчензал без да биде забележан. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Истовремено во кочевското село Тајмиште, исто така, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Петар и Павле“, при што се одзел денари и евра, чиј износ дополнително ќе биде утврден. Имено, сторителот со употреба на предмет насилно ја отворил влезната врата од црквата, влегол внатре, извршил пребарување, а откако од фиока ги одзел парите, и исчезнал во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа од полициската станица Кичево и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

