Спорт
„Жолтата подморница“ ја продолжи „клетвата“ на Јуве, Челси победи и во Франција
Сонот за титула од Лигата на шампионите уште една година ќе остане само сон за навивачите на Јувентус, откако „бјанконерите“ загубија дома од Вилјареал со 0:3, а во четврт-финалето на елитното европско натпреварување ќе им се приклучи и Челси, кои стигнаа до 1:2 победа на гостувањето кај Лил во период во кој клубот е под финансиски притисок по санкциите за газдата Роман Абрамович.
Макс Алегри најави дека со малку среќа Јувентус ќе може да се надева на трофеј од ЛШ, но во сезоната во која имаат и потпросечна форма во Серија А, тоа нема да се случи. „Жолтата подморница“ на Унаи Емери дојде во водство во 78. минута од мечот со голот од пенал на Жерард Морено по невнимателниот старт на Даниеле Ругани, за во 85. минута, Пау Торес да го потврди пласманот со убав гол по контранапад. Во 90. минута беше досуден уште еден пенал за Вилјареал, откако Јуве тргна целосно во напад, кој Данџума сигурно го реализираше.
Во Франција пак, Лил се понадева дека ќе може да ја надополни негативата од 0:2 од првиот меч против европскиот шампион кога Бурак Јилмаз ги донесе во водство во 38. минута од пенал, но Челси го врати ударот преку Кристијан Пулишиќ во финишот на полувремето. Капитенот Цезар Азпиликуета во 71. минута го осигура
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Јувентус – Вилјареал 0:3, прв меч 1:1, вкупно 1:4
Лил – Челси 1:2, прв меч 0:2, вкупно 1:4
ЧЕТВРТ-ФИНАЛИСТИ НА ЛШ:
Ливерпул (Анг), Челси (Анг), Манчестер сити (Анг), Реал Мадрид (Шпа), Атлетико Мадрид (Шпа), Вилјареал (Шпа), Бенфика (Пор), Баерн Минхен (Гер)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвешка 99 отсто е на Светското првенство
Фудбалерите на Норвешка 99 отсто се на Мундијалот во 2026 година. Во седмото коло, во И групата, ја забележаа седмата победа. Норвежаните ја победија Естонија со 4:1.
Само чудо може да ја спречи Норвешка да игра на првото СП по речиси три децении. Последен пат на планетарната смотра Норвежаните беа во 1998 година во Франција.
Норвешка во последното коло ќе гостува во Италија, има гол разлика +29 и само две луди победи на Италија во последните две кола можат да ги елиминираат од Мундијалот.
Во Осло, одбраната на Естонија се држеше до 50-та минута. Потоа во 12 минути, до 62-та, Два гола постигна Серлот, два Халанд и мечот беше решен.
Спорт
Македонија ремизираше без голови против Летонија
Македонската фудбалска репрезентација одигра без голобви во пријателски натпревар против Летонија во Скопје. Дуелот со Летонците беше генерална проба за дуелот со Велс во Кардиф, за пет дена.
Благоја Милевски, селекторот на Македонија, мечот помалку и очекувано го започна со комбиниран состав.
Македонија одигра натпревар далеку под своите стандарди, со две шанси во првиот дел на Ристовски и Костадинов. И двата удари ги скроти летонскиот голман Матревичс.
Македонија ќе му гостува на Велс на 18.ноември.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Младата репрезентација убедливо поразена од Шведска
Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година забележа убедлив пораз (1:4) од Шведска на квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство.
Македонија постигна гол, имаше водствот, но потоа доживеа колапс. во второто полувреме.
Избраниците на Горан Станиќ поведоа со голот на Елези во водство во 12.минута. Швеѓаните пресврт направија за само 120 секунди, во 33-та и 33-та минута стрелец беше Ричи Оморова.
Во вториот дел, Швеѓаните уште двапати ја тресеа мрежата на Македонија.
Во 60.минута Момоду Сонко зголеми на 1:3, а Амин Будри во 79.минута го постави конечниот резултат.
Македонија е претпоследна на табелата во Е групата. Го доживеа четвртиот пораз во пет натпревари, Шведска е позиција погоре, откако славеше втор пат во овие квалификации.
Табела:

foto/ ffm.mk

