Свет
Зеленски денеска ќе се обрати пред германскиот парламент

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да им се обрати на германските пратеници во последен обид да ги охрабри креаторите на политиката во западните демократии во врска со војната во Украина.
Зеленски ќе се обрати пред долниот дом на германскиот парламент во 20 часот по локално време, јавува Би-би-си.
Руската инвазија го натера германскиот канцелар Олаф Шолц веднаш да изјави поддршка за Украина. Тој го зголеми и буџетот за германската одбрана и испрати оружје во Украина.
Анкетите покажуваат дека многу Германци го поддржуваат повикот на Зеленски за забрана на руската енергија, но министрите за економија рекоа дека постепеното укинување на рускиот гас не може да стапи во сила веднаш.
Сепак, веќе постои план за запирање на увозот на руски јаглен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.
Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.