Црна хроника
Се уште трае распитот пред истражен,еден од приведените пренесен во болница

Во основниот суд еден се уште трае распитот на приведените управители на фирмите од Перо Наков.
Според информациите, досега исказ пред истражниот судија Владмир Туфегџиќ имаа дадено половина од приведенитеОколу 18 часот еден од приведените со екипа на Брза помош беше пренсен на болница поради влошено здравје.Досега се приведени 16 лица, меѓу кои сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски. Во акцијата која што полицијата ја нарече „Пајажина“ се осомничени вкупно 23 лица, од кои седум лица се недостапни за полицијата.Уасените се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари. Според органите на прогонот, десет фирми нелегално заработиле околу 18 милиони евра, а со неплаќањењто на данок државниот буџет го оштетиле за околу 4 милиони евра.Пред неполн месец телевизијата А1 објави дека полицијата извршила упад во нивните простории без да објасни за што се работи. Главниот и одговорен уредник Младен Чадиковски изјави дека вработените буквално биле заробени и не им било дозволено да влегуваат и излегуваат од дворот на телевизијата.Од МВР тогаш ги демантираа тврдењата на А1 дека им било оневозможено движењето на вработените. МВР тврдеше дека полицијата не извршила упад во телевизијата и дека не се работи за акција, туку за асистенција на финансиската полиција и на екипа на УЈП кои треба да извршат увид во работењето на фирми на сопственикот Велија Рамковски, кои се наоѓаат на истата адреса со телевизијата А1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во друго скопско село, тој извршил обљуба врз деветгодишно девојче од селото.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
Топ
Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж.
Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело, велат од обвинителството.
Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.
Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител.
Црна хроника
Двајца полицајци повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

Двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу „шкода јети“, сопственост на МВР, „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово.
Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот – двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.