Спорт
Нејмар си оди од ПСЖ, три клуба сакаат да го купат
Нејмар решил да го напушти ПСЖ штом почне преодниот рок на лето, објави шпански „АС“, кој тврди дека одлуката на Бразилецот е конечна и дека веќе се активирани неколку клубови кои би сакале да го видат во своите редови.
Барселона, Манчестер Сити и Њукасл се трите клуба кои се подготвени да преговараат со Пари Сен Жермен за трансферот на Нејмар. Англискиот премиерлиаш со супербогати сопственици, Њукасл, најсериозно „загризал“ да го реализира овој спектакуларена трансфер.
Њукасл е подготвен да плати повеќе од Барселона и од Манчестер Сити и ќе му даде огромна плата на Нејмар за да стане главен човек на неговиот проект.
Бразилецот беше исвиркан од фановите на „Паркот на принцовите“ на последниот натпревар против Бордо, дури и кога постигна гол. Нејмар е гневен на навивачите на францускиот клуб, смета дека воопшто немаат респект кон него и затоа сака да го напушти Париз. Огромни свирежи против Бордо доби и Лионел Меси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во Турција приведени 17 судии и претседател на фудбалски клуб
Откако минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 судии и неименуван претседател на клуб од премиер лигата.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од првата лига за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се приведени, објави новинската агенција Анадолу.
Истрагата на Турската фудбалска асоцијација откри дека 371 од 571 активни судии во турските професионални лиги имаат сметки за обложување, а дека 152 активно учествуваат во обложување.
Претседателот на Турската фудбалска асоцијација, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова морална криза во турскиот фудбал. Исто така, по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивните помошници.
Foto/ EPA
Спорт
Анчелоти: Го изгубивме интересот за Лигата на шампионите
Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал. Елитното натпреварување го освои со Милан и Реал Мадрид. Од минатото лето тој е селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.
Во разговор со италијанските медиуми, тој беше доста остар кон челниците на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, смета дека проширувањето на Лигата на шампионите влијаело на недостатокот на квалитет во самото натпреварување.
„Гледајќи ја другата страна од светот, Лигата на шампионите секогаш ги има истите фаворити. Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн. Во овие први неколку кола видовме натпревари со големи маргини. Сензационалните резултати нè натераа да го изгубиме интересот“, рече Дон Карло.
Впечаток е дека Анчелоти смета дека европскиот фудбал се движи кон профитот, а не кон квалитетот.
„Оваа прва фаза беше продолжена за да се гледа поинтересен фудбал, но не е баш така, испадна поинаку. Мораме да го прифатиме тоа“, рече Анчелоти.
Спорт
Не оди без Харден и Ленард – ЛА Клиперс поразени во Феникс
Феникс Санс забележаа победа над ЛА Клиперс 115:112, во единствениот натпревар одигран изминатата ноќ во НБА лигата.
Клиперси добро се држеа во текот на целото прво полувреме, во кое се играше „кош за кош“, но нивната игра се распадна во третиот период.
Играчите на Феникс ја добија третата четвртина со 40:23 и со тоа повеќе или помалку го решија прашањето за победникот, бидејќи имаа +14 кога влегуваа во последната четвртина, а +22 не долго потоа.
Најдобар од победниците беше Девин Букер со 24 поени, шест скока и седум асистенции, а повратникот Џејлен Грин беше одличен со 29 поени.
На другата страна, најмногу се истакна хрватскиот центар Ивица Зубац со 23 поени и 11 скока. Кам Кристи постигна 17, а Џон Колинс 13 поени, а Богдан Богдановиќ 12 поени. За Клиперс не играа двајцата најдобри Харден и Ленард.

