Регион
Амбициозен план на Западот: Наместо авиони „миг“, од албанскиот аеродром да летаат авиони на НАТО

Старата воздухопловна база на Албанија од времето на комунизмот треба да стане тактичка оперативна база на НАТО кога повторно ќе биде отворена во 2023 година.
Инвестициите во војската се во пораст во голем дел од Европа, најмногу во Германија, но и на Балканот.
„Евроњуз“ пишува дека Хрватска, која е во НАТО-алијансата, и Србија, која не е членка, се во вистинска трка во вооружување. Србија набави модернизирани авиони „миг-29“, тенкови и ракетни системи од Русија, а Хрватска купи 12 борбени авиони „рафал“ од Франција. На тој пат би можела да тргне и Албанија.
Во јануари почна работата на надградба на воздухопловната база „Кучова“ како модерен оперативен центар подобрувајќи ја нејзината способност да биде домаќин на борбени авиони од модерната ера.
НАТО и Албанија инвестираат 50 милиони евра во центар на 85 километри јужно од главниот град Тирана. Малиот град Кучова го добил името по родниот град на Сталин за време на албанскиот комунистички режим, а базата била изградена во 50-тите. За изградбата била искористена затворска работна сила, а базата била изградена по наредба на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа, кој и покрај тоа што бил комунист, на крајот се скарал со СССР, Кина и блиската Југославија.
Во тоа време Албанија се нарекуваше „Северна Кореја на Европа“, пишува „Евроњуз“. По падот на комунистичкиот режим во 1990 година, албанската армија имаше повеќе од 200 авиони во три воздушни бази, главно различни модели на „миг“.
Повеќето од нив сега се укинати, а старите руски и кинески авиони престанаа да летаат во 2005 година.
Албанското воено воздухопловство сега располага со неколку хеликоптери, главно „бел“ и „еврокоптер“, и очекува да примат неколку американски хеликоптери, но не и авиони, па пристигнувањето на авионите на НАТО може да биде шанса за Албанија, се вели во текстот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин
Регион
Улиците во Белград оштетени за време на воената парада

Јавното комунално претпријатие Белград (ЈКП) доби наредба денес да излезе на терен и да започне со поправка на патиштата оштетени за време на воената парада „Силата на единството“ во саботата во српскиот главен град.
Членови на кабинетот на српскиот министер за одбрана и Секторот за инфраструктура и стандардни услуги вчера ја посетија рутата на парадата со претставници на Град Белград, Јавното комунално претпријатие Путеви Београда и ЈКП Белград за да ја утврдат штетата предизвикана за време на подготовките и одржувањето на парадата.
На жителите на Белград претходно им беше ветено дека сè ќе биде вратено во првобитната состојба, објавува Нова.рс.
Во саботата во Белград се одржа воена парада насловена како „Силата на единството“, на која учествуваа околу 10.000 војници. На парадата присуствуваа претставници на српскиот државен врв, предводени од претседателот Александар Вучиќ.
фото: принтскрин
Регион
Милановиќ: Луѓето на водечките позиции, особено во Европа, работат многу лошо

„Времињата во кои живееме денес се депресивни и не се добри. Луѓето што се на лидерски позиции, особено во Европа, работат многу лошо и воопшто не се на ниво на задачата. Некои работи се нерешливи, а начинот на кој се решаваат води кон понатамошен антагонизам и евентуално војна“, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во неделата вечерта во Њујорк.
Споредувајќи го времето на Студената војна со денешната ситуација, Милановиќ потсети дека тогаш било исклучително тешко и дека се потребни голема концентрација за разни луѓе да седнат и да разговараат за важни прашања.
„Во последните дваесет години сè е нарушено, безбедносната архитектура на светот, особено на западниот свет и на северната хемисфера, повеќе не постои“, рече тој и додаде дека денес живееме во тешки времиња и затоа мора да се погледнеме себеси, нашата работа и нашите интереси и да видиме дека не се истакнуваме премногу во сојузите во кои сме – НАТО и Европската Унија“.
Зборувајќи за ситуацијата во ЕУ и улогата на Хрватска, Милановиќ нагласи: „За жал, работите не функционираат онака како што требаше. Не мислам на привремени и повремени пласмани на пари што доаѓаат во Хрватска за претежно непродуктивни проекти и работи што нема да ја направат Хрватска технолошка сила и нема да ја направат побогата земја. Но, подобро е да го имаме тоа бидејќи кога ќе престане, ќе имаме нови сериозни предизвици. Денес, Хрватска мора да биде лојална на сојузите во кои е членка и мора да ги почитува обврските што ги презела, но исто така никогаш не смееме да дозволиме да бидеме вовлечени во комбинации и авантури што не сме ги кроеле бидејќи тоа не е солидарност. Никој не може да го бара тоа од нас и нема да го добие, според мене“.
Осврнувајќи се на војната во Газа, Милановиќ изјави: „Можеме да се залагаме за признавање на Палестина. Велат дека нема многу да се промени. Па, нема, но некои работи треба да се решат за да се продолжи понатаму. Светот нема да биде подобар и поубав, секогаш ќе биде исполнет со кризи, дефекти и недостатоци и ние мора да се приспособиме на тоа“.
Фото: принтскрин