Регион
(Видео) Додик од автомобил им покажа среден прст на новинарите

По распитот на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, во Обвинителството на БиХ, тој им покажа среден прст на новинарите, пренесува „Н1 БиХ“.
Засега не се познати деталите од рочиштето, но се знае дека се работи за случајот „Павловиќ банка“, односно за купувањето вила на Дедиње.
Од Обвинителството на БиХ претходно за „Н1“ изјавија дека случајот „Павловиќ банка“ е во фаза на отворена истрага.
„Истрагата за случајот е наредена во февруари 2016. Во текот на истрагата, меѓу другото, побарана е меѓународна правна помош од Обвинителството за организиран криминал на Република Србија.
Неговата ќерка, Горица Додик, твитна за случајот.
„Тоа е малку што заслужувате“, напиша Горица Додик.
To je malo šta ste zaslužili https://t.co/gL6N2ZZtAu
— Gorica (@goricadodik) March 22, 2022
Обвинителството на БиХ сѐ уште нема добиено докази од Обвинителството за организиран криминал на Република Србија и тие се во фаза на собирање. Обвинителската одлука за случајот ќе биде донесена кога ќе се исполнат сите потребни услови“, велат од Обвинителството.
Инаку, сопственикот на „Павловиќ банка“, Слободан Павловиќ, загина во сообраќајна несреќа во Америка на 17 декември минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата „Пинк“, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниеден цел збор. Водителите го прашаа неколкупати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде што набргу пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот инстаграм-профил со министерот и напиша: „Даре, држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Регион
Петгодишниот брат ја застрелал малолетната сестра со пушка: децата си играле во семејната куќа во БиХ

Викендов се случил инцидент во БиХ кога петгодишен брат ја застрелал својата малолетна сестра (4) за време на игра.
Обвинителството потврди за Hercegovina.info дека дежурниот обвинител, Јосип Аничиќ, бил информиран за инцидентот и наредил да се спроведе истрага на местото на инцидентот.
– Според моментално достапните информации, братот (5) и сестрата (4) си играле во семејната куќа кога дошло до пукање од воздушна пушка – изјави портпаролката на обвинителството, Петруњела Матијевиќ, за Hercegovina.info, пренесува Srpskainfo.
Таа додаде дека полицајците, по наредба на обвинителот, се во фаза на испрашување на сведоците, со цел да утврдат како пушката се нашла на дофат на децата и кој ја оставил таму.
Според информации на медиумите во регионот, девојчето е добро и стабилно и без сериозни последици.
Фото: Принтскрин