Спорт
Заедничка кандидатура на Британија и Република Ирска за ЕУРО 2028

Велика Британија и Република Ирска ќе поднесат кандидатура за организација на Европското првенство во 2028 година. Ова значи дека пет држави би го организирале првенството, дел од Велика Британија се Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс.
Заинтересираните држави ја имаат потребната инфраструктура и доволно големи и модерни стадиони, што ги става во пол-позиција пред конкурентите.
Не е познато кој би можел да им биде против кандидат на Британците и Ириците. Интерес наводно имаат Шпанија и Португалија за заедничка кандидатура, а се шпекулира дека заедничка кандидатура би можел да испратат скандинавските држави.
Инаку, наредното Европско првенство, во 2024 година ќе се одржи во Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рики Рубио ѝ се врати на кошарката

Рики Рубио повторно ќе игра кошарка. Познатиот шпански плејмејкер, човекот кој помина 12 години во НБА, пред две сезони се врати во Барселона, а потоа реши да се пензионира.
Рубио никогаш не криел дека имал проблеми со ментални проблеми, откако почина неговата мајка. По пауза од една година, Рики се враќа таму каде што сè започна.
Според каталонските медиуми, тој се согласил да се врати во Хувентуд, за кој дебитираше пред две децении, на возраст под 15 години. Овој плејмејкер ги освои ФИБА Еврокупот и УЛЕБ Купот со тимот од Бадалона, а потоа и Кралскиот Куп во 2008 година пред да замине за Барселона.
Спортскиот директор на Хувентуд, Жорди Марти, и тренерот Мирет го убедиле Рубио да и се врати на кошарката.
Во САД Рубио играше за четири клуба Минесота, Јута, Феникс и Кливленд.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Хојлунд се враќа во Серија А

Расмус Хојлунд не успеа да се наметне како главен ирач во нападот на Манчестер јунајтед. Во две сезони постигна само 26 голови.
Според извештаите во Италија, поранешниот напаѓач на Аталанта, наскоро би можел да биде достапен за позајмица во Јувентус или Милан, сега кога Брајан Мбеумо го финализира својот трансфер од Брентфорд во Манчестер јунајтед.
Хојлунд ја напушти Аталанта за да му се приклучи на Манчестер јунајтед во трансфер вреден повеќе од 80 милиони евра во летото 2023 година.
Неколку клубови од Серија А беа поврзани со потенцијалното потпишување на данскиот интернационалец ова лето.
Доколку Манчестер јунајтед одлучи да го пушти Хојлунд на позајмица, Јувентус и Милан ќе бидат главните кандидати да го доведат, особено сега кога доаѓањето на Брајан Мбеумо обезбеди дополнителна ширина во нападот на Манчестер јунајтед.
EFE-EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Мората во Комо

Откако го помина вториот дел од минатата сезона на позајмица во Галатасарај, Алваро Мората, кого Милан го потпиша со четиригодишен договор минатиот јули, ќе ја продолжи кариерата во Комо.
Галатасарај имаше опција да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра, но не ја активираше откупната клаузула.
Шпанскиот репрезентативец, поранешен играч на Реал, Атлетико, Челзи, Јувентус и Милан, со тоа се враќа во Италија, но во дресот на нов клуб, потврди Фабрицио Романо.
Тој ќе ги засили напаѓачките опции на тимот на Сеск Фабрегас.
Foto/ EPA