Црна хроника
Скопјанка со пет кривични пријави за измама за пет милиони денари
Одделението за економски криминал до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава и ја предаде за натамошна постапка поради постоење основано сомнение дека украла пет милиони денари
Четириесетгодишната скопјана е осомничен дека во периодот од октомври 2008 г. до август 2010 г. сторила две кривични дела „Измама“Надлежниот истражен судија, по сослушувањето, на осомничената и изрече мерка притвор во времетраење од 15 дена.Со кривичната пријава, таа се товари дека со лажно прикажување на факти ги довела во заблуда две лица од Скопје, со што ги оштетила за вкупен износ од 5.055.650,00 денари, со намера за себе да прибави противправна имотна корист,Имено, жената која е оштетена во овој случај во 2009 г. заборавила навреме да ја пријави нејзината обврска за плаќање на персонален данок и данок на доход во УЈП, по што случајно, во неврзан разговор со сопругот на осомничената, дознала дека таа работи во Одделението за даноци во Собранието на Град Скопје и дека таа ќе може да и помогне. На 19-ти март 2009 г., измамената и осомничената се сретнале во Клиниката за кардиологија каде што оштетената работела и измамничката побарала осум илајди денари за да ги уплати на сметката која наводно веќе ја отворила на нејзино име во УЈП. Наредниот ден таа повторно дошла на работа кај оштетената и и побарала уште 17 илјади денари кои таа веднаш и ги дала на рака. По неколку дена незаситната изманичка повторно дошла кај оштетената и и побарала уште 35 илјади денари. Во вкупно двесте иседум наврати измамничката на својата прва жртва успеала да и зееме вкупно 960.650 денари.Осомничената своерачно и потпишала изјава дека истите ги примила по што „изјавата“ ја завериле кај скопски адвокат. Бидејќи изманичката не го исполнила ветувањето, поточно не и вратила ништо од парите, оштетената сфатила дека е измамена и случајот го пријавила во полиција.Истата измамничка е пријавена и од уште еднао лице кого го измамила за 95 илјади денари. Имено оштетениот пред околу две години купил стан во Скопје и во октомври отишол во Собранието на Град Скопје со цел да ги среди формалностите околу плаќањето на данокот и пренесување на сопственоста на станот на негово име. Тој од службениците на шалтерот побарал побрзо да му се заврши работата, по што истите го упатиле кај сега уапсената која во тој период работела под договор на дело во Секторот за финансии во Одделението за даноци при Собрание на Град Скопје. Измамениот веднаш отишол кај неа а таа лажно се преставила дека е шефица на одделението и рекла дека постапката ќе ја заврши во најкраток можен рок. Од извршените проверки во евиденциите на СВР Скопје е констатирано дека оваа скопјана и предходно е пријавувана за истото кривично дело и поднесени се пет кривични пријави и тоа: три кривични пријави во 2008 година и две кривични пријави во 2009 г. За дел од овие пријави, осомничената веќе била осудена на казна затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило „киа“ удрило во пешак во Скопје, жената со тешки повреди
Вчера во утринските часови на улицата Војвода Васил Чакаларов во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која пешак се здоби со тешки повреди.
Патничко возило „Киа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Д.П. од Скопје, удрило во 48-годишната Р.Д., исто така од Скопје.
Од силината на ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот бил извршен увид.
Топ
Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт
Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје кој смртно прегази 79-годишна жена на улицата на „Народен фронт“, па побегна од државата.
„Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода. Со автомобил “Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дошле до домот на осомничениот веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Таму ги оставиле, по што помагачите се вратиле во земјава околу полноќ“, велат од Обвинителството.
Јавниот обвинител, со обвинението, поднесе и предлог за продолжување на претходно определените мерки од судот – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.
Осомничениот за сообраќајната несреќа со смртни последици се уште е недостапен на органите на прогонот и по него трагаат полициските органи врз основа на издадената наредба за меѓународна потерница од ОЈО Скопје.
Во исто време, обвинителството презема дејствија за испитување на евентуална одговорност и на други лица во овој настан.
Црна хроника
На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“
Девет службени пиштоли биле украдени на 5 јануари од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје. Оружјето е пронајдено во автомобил „Шкода октавија“ сопственост на правно лице од Прилеп при царинска контрола на граничниот премин „Богородица“.
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп кој на 14 јануари го изнајмил возилото од компанијата и со него се обидел преку граница да ги пренесе полуавтоматските пиштоли, скриени во фабричкиот простор помеѓу лимот и тапацирот на автомобилот.
По сериските броеви е утврдено дека станува збор за оружјето кое претходно било украдено од службените простории на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и регистрирано како службено оружје на обезбедувањето во скопското претпријатие.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик

