Свет
(Видео) Зеленски: Денеска ќе дознаеме кој ни е пријател и партнер, а кој не издал за пари
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видеообраќање ги предупреди западните лидери кои денеска ќе се сретнат во Брисел дека Русија ја користи својата економска моќ за да ги спречи сојузниците на Украина да се мешаат во војната.
„Знаеме дека Русите веќе почнаа да лобираат за нивните интереси. Тоа се интересите на војната. Знаеме дека тие работат со некои партнери“, рече Зеленски пред самитот на Г7, НАТО и Европската Унија денеска во Брисел.
„ Нашиот цврст став ќе биде претставен на сите три самити. На овие три самити ќе видиме кој е пријател, кој е партнер, а кој нè предаде за пари“, рече Зеленски.
Околу 40% од Европа се снабдува со руски гас, пишува Би-би-си. Европските лидери бараат алтернативни извори на енергија додека воведуваат санкции кон Москва.
Зеленски ќе се обрати на самитот на НАТО преку видеоврска и се очекува да бара понапредно оружје, вклучувајќи авион и противвоздушен систем.
Бајден, кој исто така е во Брисел, се очекува денеска да објави нови санкции против Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дунав поплави село во Србија: До него се стигнува само со брод
Рибарско викенд село кај Сомбор е поплавено поради покачувањето на нивото на реката Дунав и единствен начин да се стигне до селото е со брод.
Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците.
View this post on Instagram
– Во ова викенд одморалиште нема струја и во моментов се стигнува само со брод – пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.
Се наведува и дека ваков вид поплави годинава се случуваат по трет пат и дека мештаните се навикнати секогаш да бидат први на удар.
Свет
Столтенберг им порачува на европските лидери да не се плашат од Трамп, туку да соработуваат со него
Шефот на НАТО во заминување Јенс Столтенберг им порача на европските лидери да не се плашат од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, туку да соработуваат со него.
Во интервју за Политико, ден пред заминувањето од функцијата, генералниот секретар на Алијансата рече дека скептичните европски влади „треба да направат сè што можат“ за да го убедат Трамп да ја продолжи американската поддршка за Украина, доколку победи на изборите во ноември.
„Кој и да победи на претседателските избори во САД во ноември, мислам дека е важно европските сојузници да се ангажираат за да обезбедат САД да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Столтенберг.
Свет
Трамп: Јас сум единствениот американски лидер за време на чиј мандат Русија не ги нападна соседите
Поранешниот претседател на САД и кандидат на републиканците на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп изјави дека тој е единствениот американски лидер во последните години за време на чиј мандат Русија не ги нападна своите „соседи“, вклучително и Украина.
Во интервју за „Вашингтон пост“, Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш немаше да започне војна против Украина додека е тој на власт.
„Ние би разговарале за тоа, тоа би било негов сон, но тој никогаш не би го направил тоа со мене на власт“, истакна тој.