Спорт
Рома за Ејбрахам ќе бара 120.000.000 евра

Тами Ејбрахам, минатото лето донесе вистинска одлука да го напушти Челси. Рома за 40.000.000 евра го обезбеди неговиот потпис. Напаѓачот на „Олимпико“ игра во голема форма, во сите натпреварувања веќе има постигнато 23 гола, во Серија А 15 пати бил стрелец.
Англиските медуми тврдат дека Ејбрахам нема долго да се задржи во Италија. Шпекулираат дека по завршувањето на сезоната ќе се врати во Премиер лигата. Градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед, наводно серизно биле заинтересирани за него.
И неговиот поранешен клуб Челси има можност да го врати во своите редови. Според договорот, во 2023 година, Челси може да го откупи Ејбрхам за 80.000.000 евра.
„Дејли мејл“, пишува дека Рома за напаѓачот ќе бара 120.000.000 евра.
Доколку добијат ваква понуда, челниците на Рома ќе го пуштат Ејбрахам. Нивната математика е јасна, со еден ваков трансфер ќе покријат добар дел од минусот. Рома, годината ја заврши со минус од 175.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ со нов трипл-дабл испиша историја

Кошаркарите на Денвер остварија многу важен триумф во борбата за плеј-офот – на домашен терен беа подобри од директниот конкурент Мемфис (117:109).
Пред крајот на колото Нагетс имаат скор 49-32, го држат четвртото место на Западот, додека Гризлис се осми со учинок 47-34.
Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија, остварувајќи трипл-дабл – 26 поени, 16 скока, 13 асистенции и две украдени топки.
На теренот мина 41 минута, шутираше 11/19 од поле, не се обиде многу тројки (1/2), додека од белата линија имаше 3/7.
Јокиќ успеа да оствари сезонски трипл-дабл, да забележи просечен двоцифрен учинок кога се во прашање поени, скокови и асистенции.
Интересно, најефикасен не беше тој, туку Арон Гордон со 33 поени и пет скока. Џамал Мареј додаде 15, со седум асистенции и пет скока, Расел Вестбрук 14, а Кристијан Браун 12 поени, со пет асистенции.
На другата страна се истакна Дезмонд Бејн со 24 поени и шест скока, Џа Морен постигна 21 со шест асистенции, а Џерен Џексон постигна 18 поени.
Денвер не го започна баш најдобро натпреварот, имаше двоцифрена негатива во раната фаза, а до самиот крај не успеа да поведе.
Потоа следеше фантастична серија од 11:0 со која Нагетс го прекинаа натпреварот и на крајот ја однесоа победата.
Во последното коло Денвер му гостува на Хјустон, додека Мемфис го пречекува Далас. Двата натпревари се закажани за в недела од 21:30 часот.
Спорт
(Видео) Валенсија ја продолжи серијата без пораз, Севилја падна на „Местаља“

Валенсија продолжи со спектакуларното бегство од опасната зона на табелата во Ла Лига. По поразот од Атлетико Мадрид, Валенсија во следните шест кола, од 2 март досега, освоија 14 бода (четири победи, две нерешени).
Вечерва, во првиот натпревар од 31.коло, Валенсија ја победи Севилја со 1:0 и ја „скокна“ на табелата.
ВАР беше против Севилја, судијата Хозе Санчез досуди пенал, но по сугестијата од ВАР собата ја прегледа снимката и ја поништи својата одлука.
Во третата минута од судиското надополнување, Валенсија успеа да постигне гол преку 20-годишниот Хави Гера.
Во вториот дел имаше прилики на двете страни, но не и вистински реализатор.
Навивачите на Валенсија можат да здивнат, „лилјаците“ се на девет бода од зоната за испаѓање.
Валенсија сега се наоѓа на 11.место со 37 бодови, Севилја по третиот пораз во низа е на 12.позиција со бод помалку.
Спорт
Хапоел Тел Авив го освои Еврокупот

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив се шампиони во Еврокупот за сезоната 2024-2525, откако го дбија и вториот натпревар од финалната серија против Гран Канарија. Избраниците на Димитрис Итудис славеа како гости со резултат 103:94.
Хапоел, екипа која од клупата ја предводи Димитрис Итудис го освои првиот трофеј во континенталните натпреварувања. Низ историјата Хапоел пет пати беше шампион на Израел, а уште четири пати го освои националниот куп.
Антонио Блејкни го предводеше Хапоел со 27 поени, 6 скока, 4 асистенции, центарот Џонатан Мотли придонесе за големата победа со 26 поени, 3 скока, 2 асистенции, додека Јам Мадар, запиша 16 поени и 6 асистенции.
Во поразениот тим, центарот Џорџ Кондит имаше 18 поени и 4 скока. Џо Томасон имаше 14 поени, 2 скока, 4 асистенции и украдена топка, а Нико Брусино мечот го заврши со 11 поени, 7 скока и по 3 скока и асистенции.
Хапоел со троимфот во Еврокупот обезбеди место во Евролигата наредната сезона.