Спорт
Мајкл Маси останува важен човек во ФИА и покрај скандалот во Абу Даби

Претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулајем, потврди дека поранешниот директор на трки на Ф1, Мајкл Маси, останува важен човек во Федерацијата и за него ќе има нова улога и покрај тоа што беше сменет по случувањата на последната трка од минатата сезона во Абу Даби.
Извештајот на ФИА утврди дека одлуката да се дозволи престигнување болиди зад безбедносното возило на трката во Абу Даби по која Макс Ферстапен го совлада Луис Хамилтон за титулата, била човечка грешка на Маси, но тоа не значи дека тој е исфрлен од Федерацијата.
„Сакавме да ги тргнеме притисокот и стресот од него бидејќи навистина помина низ многу работи. Благодарни сме на тоа што тој три години работеше на таа тешка позиција и сега преговараме со него да остане во ФИА. Тој е важен човек за нашата Федерација и сега му бараме, не би кажал нова работа, туку ново место за него во ФИА“, изјави Бен Сулајем.
Маси беше под постојан притисок на шефовите на двата ривала за титулата, Тото Волф од Мерцедес и Кристијан Хорнер од Ред бул, откако и двајцата го обвинуваа за пристрасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Момче родено 2009 година дебитраше за Лестер

Дуелот меѓу Лестер и Њукасл (0:3) го одбележа дебито на Џераи Монга.
Монга влезе во игра во 74. минута и со тоа стана вториот најмлад дебитант во историјата на Премиер лигата.
Има само 15 години и 271 ден. Најмлад дебитант и понатаму е Итан Нванери од Арсенал, на дебито имал 15 години и 181 ден.
Петмината најмлади дебитанти во Премиер лигата покрај Нванери и Монга се и Метју Бригс од Фулам (16 години и 68 дена), Ајсеја Браун од Вест Бромвич Албион (16 години и 117 дена) и Арон Ленон од Лидс (16 години и 129 дена).
Спорт
(Видео) Њукалс го победи Лестер, се изедначи со Челзи на четвртото место

Фудбалерите на Њукасла славеа во Лестер и се вклучија во борбата за четвртотот место во Премиер лигата. По победата 3:0, Њукасл се изедначи со Челси на четвртото место (двата тима имаат по 53 бода), Манчестер сити со бод помалку е на шестата позиција. Лестер остана на претпоследното место, речиси и да нема шанси да остане во лигата.
Гостите ги постигнаа сите три гола во првото полувреме на стадионот Кинг Пауер, а двојниот стрелец Џејкоб Марфи ги постигна двата негови гола во првите 11 минути.
Во втората минута десното крило на Њукасл беше на вистинско место по додавањето од Тино Ливраменто.
Девет минути подцна Фабиен Шер од половина терен упати исклучително прецизен удар кон голот на Хермансен, ја погоди гредата, но Марфи се најде на вистинското место и лесно ја заврши акцијата. Ова беше негов седми гол сезонава, има и девет асистенции.
Точка на натпреварот во 34.минута стави поранешниот играч на Лестер, Харви Барнс.
„Страчките“ во следното коло ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед, додека Лестер ќе гостува кај Брајтон.
Спорт
(Видео) Наполи не успеа да победи во Болоња

Фудбалерите на Болоња и Наполи одиграа нерешено, 1:1, во последниот натпревар од 31. коло во Серија А.
Битката за шампионската титула во Италија оди во прилог на фудбалерите на Интер, бидејќи Наполи направи голем кикс во Болоња.
Интер на седум кола до крајот има три бода повеќе од Наполи.
Наполи почна добро и поведе во 18. минута. Брилијантен гол постигна Ангиса, со соло пробив ја мина целтата одбрана на Болоња.
Со 0:1 заврши првото полувреме.
WOW! What a piece of individual skill by Anguissa!pic.twitter.com/bdpFegNTRj
— Nima Tavallaey Roodsari (@NimaTavRood) April 7, 2025
Во вториот дел речиси и да немаше возбудувања. Болоња ја искористи најдобрата шанса преку Ндој во 60.минута.
Со овој бод Болоња остана во трката за место во Лигата на шампионите, има 57 поени на четвртотот место.
GOAL: Dan Ndoye
Bologna 1-1 Napolipic.twitter.com/sAvBmMuIao
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 7, 2025