Црна хроника
Експлозија во Самоков
Сув барут експлодирал во петокот попладнето во магацинот на Сумбро Треијд дооел, поранешен Сувенир Самоков, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Во настаната експлозија нема повредени лица, а е настаната материјална штета која дополнително ќе се утврдува. По првата експлозија набрзо настанале и две помали и поврзани експлозии. Веднаш се известени вработените на подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување кои се на терен со противпожарните единици. Известена е полицијата која испратила екипа од крим техника. На самото место има сама мал чад од догорување, но поради специфичноста на магацинот може да се случат дополнителни експлозии во понатамошниот период, и заради тоа не може да се пријде на самото место на експлозијата, ќе се чека соодветен период кога ќе може да се интервенира. Вработените од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со противпожарните екипи и полицијата ќе останат на лице место да ја обезбедат локацијата до понатамошна интервенција. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

