Спорт
Словенците доминираа на Планица
Пред 12 илјади домашни навивачи словенечките скокачи доминираа на натпреварувањето во скијачки летови на домашната Планица освојувајќи ги првите четири места!
На леталницата „Браќа Горишек“, Жига Јелар триумфира пред Петер Превц, Анже Ланишек и Тими Зајц, а петтиот Словенец, Домен Превц, заврши на седмото место. Јелар леташе 232 и 239 метри за 468,2 поени, постариот Превц имаше 226 и 237 метри за 464,8 поени, а Ланишек на третото место имаше 458,5 поени по скоковите од 230 и 230,5 метри.
Ова е првпат од 1980 година четири скокачи од една земја да се на првите четири места кога на 20 јануари во Тандер Беј, САД, на првите четири места беа Австријци.
Congratulations @ZigaJelar !
Fly for giant chocolate weighing 7 kilograms ? pic.twitter.com/9CMbOQ9TNP— Wiola (@wiolka3096) March 25, 2022
Wow???
What a day…
I’ve no words…
I’m so fu**ing proud of him???
1st victory and this at home and with spectators and a new personal best with 239m ????I’m so so so so so proud of you @zigajelar ❤️?
#zigajelar #skijumping #skijumpingfamily
? sloskinordicteam on IG pic.twitter.com/QQZDOXWwin— Lara|Team Jelar? (@LaraXxe) March 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рикелме го доближи Атлетико до ЛШ
Минијатурата на Родриго Рикелме во 5. минута на Балеарските Острови не само што му донесе победа на Атлетико Мадрид над Мајорка оваа сабота навечер, туку веројатно и му обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
Без овие три бода, Атлетик Билбао би имал солидни шанси да го помине Атлетико во преостанатите четири кола од Ла Лига, но вака исходот од трката за четвртото место на табелата е речиси решен.
По третолигашкиот гол на 24-годишниот Шпанец и четвртиот вкупен гол сезонава, разликата меѓу двата црвено-бели клуба е шест бода.
Мајорка е во долниот дел на табелата, но има шест бода повеќе од Кадиз кој се наоѓа во опасната зона и извесно е дека финалистот во Купот на Шпанија ќе избори опстанок.
Rodrigo Riquelme’s goal! 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/5YARGEy6hx
— Atletico Universe (@atletiuniverse) May 4, 2024
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Мајами, сезонава има шест од шест
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои својата шеста пол-позиција на исто толку трки оваа сезона. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Мајами. За Ферстапен ова е седма пол-позиција по ред и сега е на само еден до израмнување на рекордот на Аиртон Сена.
Ферстапен, кој неколку часа претходно триумфираше во спринтот на Флорида, ја забележа 38. пол-позиција во кариерата со круг од 1:27.241 минути. Тој за 141 илјадитинки беше побрз од Шарл Леклер во Ферари.
Двајцата ги следеше вториот возач на италијанскиот тим, Карлос Саинц Јуниор, кој заостануваше помалку од една десетинка зад својот тимски колега. Шпанецот за само пет илјадити делови од секундата беше побрз од Серхио Перез во Ред Бул.
Најдобар меѓу останатите беше Ландо Норис во Мекларен, пред тимскиот колега Оскар Пјастри и двоецот на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Топ 10 беше комплетиран од Нико Хилкенберг во автомобилот на Хас и возачот на тимот РБ Јуки Цунода.
Траката за Големата награда на Мајами утре ќе започне во 22 часот по средно-европско време.
Спорт
(Видео) Сасуоло повторно го победи Интер
Фудбалерите на Сасуоло славеа минимална победа над италијанскиот шампион Интер. Сасуоло сезонава забележа седум победи, две од нив се против Интер. Интересно ова се единствените порази на Интер сезонава во Серија А.Сасуоло остана на 19.место со 29 бода. Пред овој тим се Удинезе (29), Емопли (31), фросиноне (31), Верона (31), Каљари (32), но сите имаат натпревар помалку.
Стрелец на единствениот, гол беше Арманд Лориен во 20. минута откако Џош Доиг му ја одзеде топката на незаинтересираниот Дензел Дамфрис практично на гол-линијата и потоа му асистираше на Французинот во срцето на шеснаесетникот.
До крајот на сезоната Сасуоло ќе гостува кај Џенова, ќе го пречека Каљари и потоа ќе гостува во Рим кај Лацио.