Спорт
Алжир и Тунис на чекор од пласман на мундијалот
Алжир и Тунис стигнаа до гостински победи за да дојдат на чекор до пласман на Светското првенство во Катар, а ДР Конго и Мароко одиграа 1:1 пред дербито на вечерта помеѓу финалистите од Африканскиот куп на нациите помеѓу Египет и Сенегал.
Ветеранот Ислам Слимани во 40. минута го постигна единствениот гол на мечот Камерун – Алжир за победа на гостите, а во Мали, Муса Сисако си постигна автогол за Тунижаните да си заминат со 0:1 победа.
БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП, АФРИКА, 1. МЕЧ
ДР Конго – Мароко 1:1
Камерун – Алжир 0:1
Мали – Тунис 0:1
Египет – Сенегал 20.30 ч
Гана – Нигерија 20.30 ч
LE BUT DE SLIMANI ! ?⚽️ pic.twitter.com/vg3KSUsYcf
— La Vague Verte ⭐️??⭐️ (@la_vagueverte) March 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа, но нема да брани во Лигата на шампионите
Првиот голман на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа би требало да се врати во првиот тим по тешката повреда на коленото, изјави на прес-конференција тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Реал игра против Кадиз во шпанската лига и тоа треба да биде првиот натпревар на Куртоа за „кралскиот клуб“ оваа сезона.
Анчелоти изјави дека Куртоа нема да брани во Лигата на шампионите.
Андриј Лунин е првиот избор на тренрот во среда, кога Реал во Мадрид ќе го одигра полуфиналниот реванш против Баерн.
Украинецот беше одличен за Реал во елитното европско натпреварување и Анчелоти не сака да го користи Куртоа кој штотуку се врати по тешката повреда.
На прашањето кој ќе брани доколку Реал влезе во финалето на Лигата на шампионите, Анчелоти одговори: „Не знам“.
Спорт
УЕФА потврди – 26 наместо 23 играчи на ЕУРО 2024
Репрезентациите кои ќе учествуваат на претстојното Европско првенство во Германија ќе имаат на располагање 26 играчи, потврди УЕФА.
Извршниот комитет на Европската фудбалска унија потврди дека е смнето правилото според кое селекторите на можеа да пријават 23 фудбалери.
Овој предлог беше поддржан претходно оваа година на состанокот на Националниот комитет за натпреварување на УЕФА.
Идејата за прв пат беше претставена на селекторскиот собир во Дизелдорф.
Оваа измена беше предложена поради згуснатиот распоред оваа сезона и ризикот од повреди.
Претставниците на Националниот натпреварувачки комитет во петокот и официјално го заверија сето она што беше претходно предложено, договорено и прифатено од мнозинството.
Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Спорт
Клоп се жали на распоредот: Криминал е ова што ни го прават
Пренатрупаниот распоред на натпревари го натера менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, уште еднаш да проговори на оваа тема. Германецот кој си заминува од Ливерпул на крајот на сезоната застана во одбрана на своите играчи и рече дека само чека агенцијата за заштита на човековите права да интервенира во креирањето на распоредот.
„Распоредот е апсолутно луд. Не е нормално Ливерпул да игра натпревар во сабота во 12:30. Никогаш повеќе нема да ја гледам телевизијата ТНТ (го емитува овој натпревар). Мора да играме четврток, недела, среда и сабота во 12:30 часот ова што ни го прават е криминал“, изјави Клоп.
Ливерпул е тим со голем број навивачи ширум светот и затоа игра во посебни времиња, што е прилагодено на носителите на телевизиските права. Избраниците на Клоп доживеаја серија неуспеси, поради што речиси отпаднаа од трката за шампионската титула.