Скопје
Нова ролерско-велосипедска патека на кејот на Вардар
Екипи на Градот Скопје деновиве работат на изградба на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември“ до вливот на реката Лепенец во Вардар.
Ролерско-велосипедската патека на оваа делница ќе биде долга 2.000 метри, а широка 4 метри. На терен, на трасата на патеката е извршен ископ, нанесен е тампонски слој и се поставуваат рабници. Во текот на наредните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација.На изградба на оваа ролерско-велосипедска патека работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.На новата патека ќе бидат поставени 91 столб за осветлување со висина од по 7 седум метри.Со продолжувањето на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на Вардар, Градот Скопје ќе овозможи вљубениците во велосипедизмот и ролерџиите да рекреираат на кејот и во овој дел од градот, а просторот ќе се уреди и ќе добие нов лик. /крај/со/ст
Извор: Град Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

