Црна хроника
Во куќа во Гевгелија откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана
Во семејна куќа во Гевгелија е откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана. Притворено е едно лице поради опасност од бегство.
Според информациите од Обвинителството, во една од собите на семејната куќа на улицата Илинденска во Гевегелија, во пластични саксии со хумусна земја, осомничениот засадил повеќе семки од растението канабис.
„Во периодот од декември 2021 до 25 март 2022 година редовно ги наводнувал и прихранувал со ѓубриво, ги осветлувал со ЛЕД-светилки и ги затоплувал. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, ги собирал цветните завршоци, ги сушел и ги пакувал за продажба. При претрес во домот на осомничениот на 25 март биле пронајдени повеќе пакувања со поголемо количество марихуана, како и остатоци од исушени листови, цветови и гранки од канабис, но и опрема за одгледување на растението“, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

