Црна хроника
Дваесет идве-годишно момче загина во сообраќајка во населбата „Хром“
Момче од Гостивар синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила во скопската населба „Хром“, соопштува полицијата
Според првичните информации, сообраќајката се случила 40 минути по полноќ на улицата „Адолф Циборовски“ при судир на моторцикл „сузуки“ и автомобил „даеву“.Во несреќата на лице место загинал возачот на моторциклот, дваесет и двегодишниот Дритон Јусуфи од Гостивар, а со тешки повреди завршил неговиот сопатник, дваесетгодишно момче од Скопје. Повреденото момче е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.Извршен е увид на лице место и се утврдуваат точните причини поради кои настанала сообраќајката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.