Контакт

Европа

(Од минута во минута) Русите најавија намалување на воените дејствија, Украинците објавија што предложиле во Истанбул

Објавено пред

Денес е 34. ден од руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани:

  • Макрон и Путин разговараа, рускиот претседател рече дека ќе размисли за хуманитарна мисија за Мариупол
  • Си-Ен-Ен јавува дека Русите почнале да повлекуваат дел од војниците во близина на Киев
  • Украина и’ предложи на Русија да усвои неутрален статус, а за возврат бара безбедносни гаранции за траен прекин на рускиот воен напад
  • Русија најави дека радикално ќе ги намали воените активности околу Киев и Чернихив со цел да се постигне договор со Украина
  • Земјите од Г7 најавија дека нема да плаќаат гас во рубли, Русија се заканува со целосен прекин на испораките
  • Американскиот претседател Џо Бајден негираше дека бара промена на режимот во Русија

Од минута во минута:

21:30 Доњецк планира да се приклучи кон Русија, вели лидерот на сепаратистите

Самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина, поддржана од Русија, размислува да и се приклучи на Русија кога ќе завладее со целиот регион Доњецк, ја објавија локалните медиуми изјавата на сепаратистичкиот лидер Денис Пушилин.

„Желбата и стремежот да се приклучат кон Руската Федерација, односно да се биде дел од Русија, постојат од 2014 година“, рече Пушилин.

20:18 Американскиот државен секретар: Русија не покажува желба за примирје

Русија не покажува знаци на вистинска желба за постигнување мир во Украина, и покрај надежите дека преговорите меѓу руските и украинските претставници во Турција ќе водат кон тоа, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Украина предложи прифаќање на статусот на неутралност со цел да се стави крај на петнеделниот конфликт, а Русија соопшти дека ќе ја намали воената активност на северниот фронт во близина на Киев со цел да се исполнат условите во кои може да се постигне договор.

Блинкен рече дека Украина треба да процени дали има вистински напредок во преговорите, додавајќи дека САД се фокусирани на акциите на Русија, а не само на зборовите.

20:09 Претставници на Русија и Белорусија не се поканети на годишнина од ослободувањето од нацистички логор

Официјални лица од Русија и Белорусија не се поканети на церемонијата во поранешниот нацистички концентрационен логор во Бухенвалд, Германија, соопштија организаторите.

Со церемонијата, која ќе се одржи на 10 април, ќе се одбележи 77-годишнината од ослободувањето од логорот.

19:45 Разговараа Макрон и Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараа за ситуацијата во Украина.

Двајцата лидери зборуваа за позицијата на Русија кога станува збор за хуманитарната мисија за Мариупол, украинскиот град изложен на најтешките руски напади од почетокот на инвазијата.

Путин му рекол на Макрон дека ќе го разгледа ова прашање, изјави претставник на француското претседателство.

Тие разговараа и за одлуката на Русија да бара исплата во рубљи за испорака на руски гас во Европската унија, додаде Кремљ.

19:13 Предупредување од САД: Секое движење на руските сили околу Киев е прераспоредување, а не повлекување

Американски официјален претставник изрази песимистичка оценка за потезите на Русија за повлекување на некои војници од околината на главниот град на Украина.

Американските власти рекоа дека секое движење на руските сили околу Киев е прераспоредување, а не повлекување и дека Москва едноставно ја менува брзината во нападот врз Украина.

19:08 Украина бара од земјите да го криминализираат симболот „З“

Три германски провинции – Берлин, Баварија и Долна Саксонија – веќе соопштија дека секој што ќе го истакне симболот може да се соочи со три години затвор, а германското Министерство за надворешни работи соопшти дека оние што го прикажуваат симболот на инвазијата може да бидат кривично гонети.

Украинскиот министер за надворешни работи Димитриј Кулеба ги повика другите земји да ја следат Германија.

18:35 Рускиот преговарач: Деескалацијата не значи прекин на огнот

Тој исто така рече дека „има уште долг пат да се помине пред да се постигне заемно прифатлив договор со Украина“.

18:25 Падна цената на нафтата по напредокот во преговорите меѓу Русија и Украина

Цените на нафтата паднаа под 106 долари поради знаци на напредок во разговорите меѓу Русија и Украина, што може да ги ублажи проблемите со снабдувањето со руска нафта и послабата кинеска побарувачка во услови на построги мерки за Ковид-19.

18:06 Кадиров: Мораме да влеземе во Киев и да го окупираме

Потврдуваме дека сме подготвени да одиме каде било за да извршиме каква било наредба, без разлика колку е тешко“, нагласи чеченскиот лидер.

15:20 Украина предложила неутрален статус и гаранции дека нема да се приклучува во воени сојузи

Украинскиот преговарачки тим соопшти дека предложил усвојување неутрален статус со потпишување гаранции дека нема да се приклучи на воени сојузи, како НАТО, или да биде домаќин на воени бази. За возврат, Русија би морала да ѝ гарантира безбедност на Украина, што, всушност, значи крај на воениот напад врз земјата.

14:35 Голем пресврт по денешните преговори: Русија најави повлекување од делови во Украина

Русија радикално ќе ги намали воените активности во областите околу Киев и Чернигов, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Според извештајот, ова го соопштило Министерството за одбрана на Русија во соопштение што го прочитал заменик-министерот за одбрана на Руската Федерација, генерал-полковник Александар Фомин.

13:40 Преговорите завршија за денеска

Состанокот на руските и украинските преговарачи заврши, соопштија турските власти.

Преговарачките тимови се состанаа во Истанбул за нова рунда мировни преговори.

Роман Абрамович учествуваше на преговорите, но официјално не е дел од преговарачките тимови.

Засега не се познати резултатите од преговорите.

13.45 (Видео) Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени во рускиот напад на зградата на регионалната влада во Миколаев

Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени денеска кога ракета ја погоди зградата на регионалната администрација во јужниот пристанишен град Миколаев во Украина, соопштија украинските служби за итни случаи

13.35 Кремљ: Ќе биде јасно денеска или утре

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека денеска или утре ќе стане јасно дали има нешто ветувачко во перспективата на руско-украинските преговори или не

13:30 Кремљ: Абрамович не е отруен

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека Роман Абрамович не бил отруен и дека таквите тврдења се дел од информациската војна.

Вчера беше објавено дека Абрамович бил отруен откако присуствувал на разговори меѓу Русија и Украина пред неколку недели, а наводно бил дел од преговарачкиот тим на Владимир Путин.

Абрамович и денеска е во Истанбул каде се преговара. Песков вели дека тој официјално не е член на преговарачкиот тим.

12.25 Шојгу: Русија ќе ја продолжи операцијата во Украина додека не ги постигне своите цели

Специјалната воена операција во Украина ќе продолжи сѐ додека не се постигнат зацртаните цели, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу

12.20 Силните меѓународни безбедносни гаранции се клучни за Киев

Клучното прашање на договорот се меѓународните безбедносни гаранции за Украина со кои можеме да ја завршиме војната како што ѝ е потребно на Украина

12.15 Чеченскиот лидер: Мора да ги уништиме украинските нацисти и сатани

Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, даде неколку изјави од почетокот на руската инвазија на Украина

12.00 (Видео) Почнаа да протекуваат првите детали и барања на делегациите на средбата Русија – Украина

Во Истанбул се водат преговори меѓу руската и украинската делегација. Ова е нов обид за смирување на конфликтот во Украина, кој трае повеќе од еден месец

11:20 (Видео) Русите објавија видео: „Нашите проектили ефикасно уништуваат украински тенкови“

„Напаѓачки хеликоптери ми-28н и ми-28уб на руските воздухопловно-космички сили уништија оклопни возила на вооружените сили на Украина со наведувани ракети.

Воздушниот напад е изведен во парови од далечина до 5 километри“, се наведува во извештајот на руското Министерство за одбрана.

11.15 (Видео) Во Украина продолжи евакуацијата на населението преку хуманитарни коридори

Во Украина денеска продолжи евакуацијата на населението преку три хуманитарни коридори по еднодневна пауза поради страв од руски провокации, соопштија украинските власти

10.30 Москва го возвраќа ударот – протерува дипломати од балтичките земји

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги покани на разговор амбасадорите на трите балтички земји со цел да ги информира за протерувањето на дел од нивните дипломати

10.25 Во руски напад погодена зградата на регионалната влада во Миколаев

Руски напад ја погоди зградата на регионалната влада во јужниот украински град Миколаев, клучен пристанишен град кој со недели е под силен напад, изјави регионалниот гувернер

10:20 Абрамович присутен на преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека Роман Абрамович е присутен на руско-украинските мировни преговори во Истанбул.

За потсетување, портпаролот на олигархот и милијардер потврди дека се сомневаат оти Абрамович бил отруен на претходните преговори меѓу Украина и Русија, на кои присуствувал и тој.

10.15 Британското Министерство за одбрана: Русија продолжува да претставува значајна закана за Киев

Британското Министерство за одбрана: Русија продолжува да претставува значајна закана за Киев

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот „пресек на ситуацијата“ во Украина. „Се уште постои закана“, се вели во анализата

09.50 Шефицата на британската дипломатија: Путин не ги постигнува своите цели, па прибегнува кон очајнички мерки

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Лиз Трас изјави дека рускиот претседател Владимир Путин прибегнал кон очајни мерки бидејќи не ги постигнува своите цели

09.35 Започнаа преговорите Русија-Украина – засилени безбедносните мерки во Истанбул поради пристигнувањето на делегациите

Руската и украинската делегација и Ердоган пристигнаа на разговор во палатата Долмабахче во Истанбул

09.20 Силна порака на Ердоган до преговарачите на Украина и Русија: Продолжувањето на војната никому не оди во корист

Продолжувањето на војната никому нема да има корист. Враќањето на мирот ќе им користи на вашите земји и на сите други. Вие како делегации ја носите историската одговорност за одлуките донесени денеска

09.10 Зеленски бара построги санкции за Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека санкциите против Русија треба да бидат поостри

08.55 Јапонија го забрани извозот на луксузни стоки во Русија

Јапонскиот генерален секретар Хироказу Мацуно рече дека од јапонските компании ќе биде побарано да одбијат да платат во рубли за економските трансакции, особено оние во енергетскиот сектор

08.45 Украина: Ракетен напад врз градот Љуботин, куќи срамнети со земја

Руските вооружени сили извршија ракетен напад врз градот Љуботин во североисточниот дел на регионот Харков, соопштија украинските власти

08.40 Денеска во 9:30 часот во Истанбул почнуваат мировните преговори меѓу Русија и Украина

Преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул ќе започнат денеска во 9:30 часот, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател

08.38 Песков: Русија нема да користи нуклеарно оружје поради Украина

Русија ќе прибегне кон нуклеарно оружје само ако нејзиното „постоење“ е загрозено, а не поради исходот од сегашниот конфликт со Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

08.35 Шон Пен пристигна во Украина

Американскиот актер Шон Пен преку Твитер ја информираше јавноста дека пристигнал во Украина за да им помогне на бегалците.

08.30 Голем број Украинци се уште се кријат во метрото, не знаејќи што се случило со нивните домови

Тажни фотографии од станицата на метрото во Харков, каде засолниште нашле многу Украинци

08.25 Кулеба ги советува украинските преговарачи: Не јадете и не пијте ништо додека сте со Русите

Украинскиот министер за надворешни работи ги советуваше украинските преговарачи да не јадат и пијат ништо додека преговараат со Русите, откако се појавија информации дека Роман Абрамович и некои членови на украинската делегација се отруени

08.20 Преговарачкиот тим на Украина пристигна во Истанбул

Украинската делегација вчера вечерта слета со приватен авион на аеродромот Ататурк. Претходно во Истанбул пристигна руска делегација.

08.10 Зеленски: Ирпин е ослободен, окупаторите се оттурнати и од Киев

Во новото видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека украинските војници го ослободиле Ирпин и напредуваат во регионот на Киев, враќајќи ја контролата врз украинската територија

08.00 Русија е подготвена да се откаже од некои барања

Русија повеќе не сака Украина да биде „деназифицирана“ и е подготвена да му дозволи на Киев да се приклучи на Европската унија доколку таа остане воено неврзана како дел од тековните преговори за прекин на огнот, велат извори блиски до преговарачите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Објавено пред

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот гувернер Олех Синиехубов напиша во Телеграм дека руските сили користеле наведувани бомби за да ги нападнат областите Немишљански и Слободски на југоисток и областа Шевченковски на север од градот.

Градоначалникот Ихор Терехов, во интервју за локална телевизија, рече дека три бомби оштетиле болница и погодиле далноводи. Речиси 30.000 корисници биле погодени од прекинот на електричната енергија.

Тој рече дека четири лица се повредени, повеќето од расфрлани стакла, а некои пациенти се префрлени на други одделенија. „За жал, болницата беше доста оштетена и внатре имаше пациенти. Четири лица беа повредени во различен степен, а околу 200 прозорци беа скршени“, рече Терехов.

„Нападите се главно врз енергетски цели – производство, пренос, електрична мрежа. Целта е електричната мрежа да престане да работи.“

Во последните недели, руските сили ги концентрираа своите напади врз цели поврзани со електричната мрежа и гасната индустрија на Украина, како што се приближува зимата во повеќе од 3 и полгодишната војна.

Масовниот напад врз Киев и другите центри минатата недела остави повеќе од еден милион домаќинства и бизниси привремено без електрична енергија низ целата земја. Снабдувањето со вода беше исто така прекинато.

Прикажи повеќе...

Европа

Неколку возови во Украина запрени поради закани за бомба

Објавено пред

Анонимни закани со бомби повторно го нарушија железничкиот сообраќај низ Украина, соопштија вчера властите.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека патнички воз што се движел кон Запорожје бил принуден да застане во селото Бурштин, каде што патниците биле евакуирани на безбедно растојание додека експерти и кучиња трагачи ги пребарувале вагоните за експлозиви. Откако добиле дозвола за патување, возот го продолжил своето патување.

Според новинската агенција УНИАН, неколку други возови во различни региони исто така биле запрени и проверени по слични закани. Меѓу нив била и линијата Днепар-Будимпешта што ја поврзува Украина со Унгарија.

Слични инциденти се пријавени во последните денови, иако не се пронајдени експлозивни направи во ниту еден од засегнатите возови, вклучително и на меѓународните линии. Сепак, превентивните проверки предизвикаа доцнења. Властите досега не дале информации за можните мотиви или потекло на заканите.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Објавено пред

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните власти, пренесе Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Драматични снимки кружат на социјалните мрежи на кои се гледаат порои од каллива вода што се движат низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, носејќи сè на својот пат.

Лошото време ја натера националната метеоролошка агенција на Шпанија АЕМЕТ да издаде црвена тревога, највисоко ниво, за крајбрежниот регион. Досега нема извештаи за жртви или повредени.

Каталонската агенција за цивилна заштита апелираше до жителите на делтата на реката Ебро во Тарагона да не ги напуштаат своите домови. AEMET предупреди дека во областа може да наврнат до 180 милиметри дожд за само 12 часа.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет1 час

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет2 часа

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет2 часа

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет2 часа

(Видео) „Спејс Икс“ на Маск ја лансираше единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа2 часа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет12 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија13 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ14 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија17 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија18 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија19 часа

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија20 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија20 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија21 час

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија22 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет22 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет22 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија1 ден

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија1 ден

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...