Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Владимир Талески е еден од најдобрите градоначалници во Македонија

Објавено пред

„Владимир Талески е еден од најдобрите градоначалници во Република Македонија. Владимир Талески чесно и совесно си ја вршеше својата функцијата од 2005 година наваму. Затоа битолчани трипати по ред му ја даваа поддршката“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
 

dobivaj vesti na viber

„Владимир Талески е еден од најдобрите градоначалници во Република Македонија. Владимир Талески чесно и совесно си ја вршеше својата функцијата од 2005 година наваму. Затоа битолчани трипати по ред му ја даваа поддршката“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Тоа добро го знае и аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој знае дека со луѓе како Владимир Талески, деструктивната политика на СДСМ никогаш нема да добие поддршка од граѓаните. Затоа Зоран Заев кој е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра, нарачува политички прогон на градоначалници и функциoнери на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Ивица Конески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа Катица Јанева постојано ги следи неговите наредби. Таа мора да биде негов послушник за да ја оправда платата од 3.000 евра. Затоа СДСМ се закануваат и вршат притисоци врз судиите, бидејќи знаат дека тука не станува збор за правда базирана на какви било докази, туку за класичен политички линч. Катица Јанева и судиите кои подлегнаа на притисокот од страна на СДСМ се должни да и објаснат на јавноста како е можно да се бара и да се изрече мерка куќен притвор за градоначалникот Владимир Талевски, а да нема таква мерка за градоначалникот на Струмица кој целата јавност го виде како бара поткуп од едно евро за него и едно евро за Вицето“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како е можно Владимир Талески кој редовно се јавуваше на сите судски покани да биде во куќен притвор, а Зоран Заев кој јавно изјавуваше дека за него не постојат македонските судови и дека нема намера да се одзива на поканите да биде на слобода ? Како е можно Владимир Талески кој никогаш не сторил никакво кривично дело да биде во притвор, а Зоран Заев, кој неколку пати го повторува криминалот и веќе еднаш е аболициран да биде недопирлив за Катица Јанева и уценетите судии?“, прашуваат од партијата.

„Конечно Катица Јанева треба да се соочи со срамот и судот на јавноста. Треба да ја каже вистината дека нема никаква вина кај Талески, ниту некаква материјална штета за државата. Запазена е целосно законската тендерска процедура и избрана е најдобрата понуда. Дали Катица Јанева знае колкава е просечната цена по ученик во Куманово ? Ако не знае, ние ќе и помогнеме. Медиумите веќе објавуваа дека просечната цена за превоз по ученик во Куманово е за 2,5 пати повисока отколку цената која што ја плаќа општина Битола. Ова е факт. Од овој факт бега и Зоран Заев и Катица Јанева“, додаваат од партијата.

„Селективниот пристап на Катица Јанева е уште еден доказ дека тоа што го прави нема никаква допирна точка со правдата. Владимир Талески е жртва на политичкиот прогон на Зоран Заев и Катица Јанева. Тој е симбол на нивните неуспешни и деструктивни политики преку кои се обидуваат подмолно да му нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на претстојните локални и парламентарни избори. Зоран Заев и Катица Јанева нема да успеат во тоа. Двајцата ќе бидат поразени и ќе се срамат за ваквото нивно делување“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Три реформски закони за администрацијата ја поминаа првата фаза

Собранието даде поддршка на предлог законот за вработените во јавниот сектор, предлог на законот за административни службеници и на предлог...

Македонија9 часа

Арсовска: Внукот на градоначалникот на Студеничани градел објект кога имал 5 години, а го легализирал на 6

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, иронично објави дека внукот на Азем Садики, градоначалникот од Студеничани, на 5 години изградил објект,...

Македонија11 часа

Муцунски: Од позиција на климање со глава, се вративме на патот на самопочит и влијание

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа прес-конференција по повод една година од мандатот на Владата. Во...

Македонија13 часа

Ризик од појавa на пожари поради високите температури: МЗШВ апелира на претпазливост

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на...

Економија14 часа

Ранливите потрошувачи и натаму незаштитени: итни мерки барат Инжинерите на Македонија

Додека Владата и Министерството за енергетика се фалат со новиот Закон за енергетика, илјадници граѓани остануваат без никаква реална заштита...

Македонија14 часа

Се очекува Македонија годинава да ја посетат 1,5 милиони туристи, најбројни се гостите од Турција

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители, најновите податоци покажуваат 21.6 % раст во првата половина од...

Македонија15 часа

Казни и до 2.000 евра: МВР со потсетување на целосната забрана за движење во шумите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП...

Македонија16 часа

Ја давел, ја влечел по подот и ја удирал: обвинение за семејно насилство во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при...

Свет16 часа

Постигнат договор меѓу САД и Кина? Ретки метали за Американците, помалку царини за Кинезите

САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали во САД, изјави синоќа...

Свет16 часа

Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може...

Свет16 часа

Да го имавме на нишан, ќе беше елиминиран: Кац за врховниот лидер на Иран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека за време на неодамнешниот дванаесетдневен вооружен конфликт со Иран, Израел се обидел...

Свет16 часа

ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржаа обновувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до...

Свет16 часа

Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави...

Македонија1 ден

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот

Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме...

Македонија1 ден

(Видео) Арсовска: Според документите на Ганиу, 11-годишно дете ја изградило 12-катницата во Чаир и поднело барање на нотар, ова е криминал

Документи со 20 случаи за незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја...

Свет2 дена

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија2 дена

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...