Црна хроника
Кривична пријава за измамник од Скопје, сакал да наплати осигурување за измислена сообраќајна незгода
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против В. Р. (58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама казниво според Кривичниот законик.
Имено, во текот на јули 2019 година пријавениот се обидел да ги доведе во заблуда одговорните лица во осигурителна компанија во Скопје.
Тој во својство на осигуреник/договарач на полиса за каско-осигурување на своето патничко возило „ауди а4“ поднел барање за надомест на штета од наводна сообраќајна несреќа со возилото, која, според неговото тврдење, се случила на територијата на Република Албанија истиот месец и во прилог на барањето приложил документација со изјава наводно издадена од овластени лица од МВР на Република Албанија.
По преземените мерки, било утврдено дека на наведениот ден нема заведена сообраќајна несреќа во Република Албанија и на тој начин пријавениот се обидел да ги доведе во заблуда одговорните лица во осигурителната компанија да му исплатат надомест на штета во износ од 924.423 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

