Македонија
Утре над 500 домашни и странски тркачи ќе учествуваат на трката „Водно – Матка треилс“
Утре, 2 април, ќе се одржи еднодневен спортски настан – трка во планинско трчање „Водно – Матка треилс“. Настанот, всушност, е составен од три трки – Водно – Матка, што е со должина од 40 километри, „Водно треил“ со должина од 27 километри и „Водно изи ран“ – трка долга 10 километри. Трките се одвиваат во околината на Скопје – на падините на планината Водно и во кањонот Матка, област што изобилува со природни реткости и културни споменици од минатото.
„Водно – Матка треилс“, во организација на здружението за планинско трчање ТРЕКС од Скопје, се организира пета година по ред, годинава покровител на настанот е Град Скопје, а генерален спонзор Халкбанк АД Скопје, која е позната по своите екопрактики и постојана поддршка на настани што се во насока на негување здрави животни навики и заштита на животната средина.
Маратонот „Водно – Матка треил“ е планинска трка што води низ најубавите шумски појаси на планината Водно и кањонот Матка. Оваа трка, која е со висинска разлика од 2.700 метри и води угоре-удолу сѐ до кањонот Матка и назад и е препорачана за искусни ултратркачи со солидна физичка и ментална кондиција потребна за да го завршат овој тежок треил-предизвик.
„Водно треил“ е средната, средно-лесна планинска трка, со 1.360 метри висинска разлика, препорачана за тркачите што се во добра физичка кондиција.
Најкусата трка е „Водно изи ран“, која е идеална за рекреативци што сакаат да ги направат првите чекори во планинското трчање, како и за семејствата и пријателите на оние тркачи што ќе трчаат на подолгите дистанци. За разлика од претходните две трки, кои се отворени само за лица над 18 години, оваа трка е отворена е и за јуниори од 13+ години. Трката e со 630 метри искачување и води до врвот на Водно и назад до Средно Водно, што е почетна и крајна точка за сите три трки.
Во годинешната „Водно – Матка треилс“ учество ќе земат над 500 тркачи, меѓу кои и учесници од други земји – Србија, Грција, Бугарија, Косово, Албанија, но и од Велика Британија, Полска, Турција, Унгарија, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Словенија и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
„Размената на искуства и позитивни практики со земјите од Европа и Светот ни е од голема важност во оваа насока, и затоа се радуваме што стануваме земја членка на Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование (EASNIE)“.
Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, на средбата со Жоао Коста, директор на EASNIE и Рута Сваринскаите, кои деновиве се во посета на нашата земја.

– Постојано работиме на подигнување на инклузивноста на образовниот систем, затоа што секое дете мора да има еднаков пристап до квалитетно образование и да добие шанса за достигнување на својот полн потенцијал, независно на комплексноста на посебните образовни потреби. Имаме што да споделиме, бидејќи особено во изминатите неколку години направени се крупни чекори напред во градењето на инклузивно општество, но како земја во развој ќе продолжиме и внимателно да ги следиме трендовите кои ги наметнуваат развиените земји, истакна Јаневска на средбата.

Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование е независна организација која дејствува како платформа за соработка меѓу земјите-членки, со цел обезбедување поинклузивни образовни системи. Агенцијата е единственото европско тело кое е финансирано од своите земји-членки со конкретна мисија да им помогне да го унапредат квалитетот и ефикасноста на инклузивното образование за сите ученици, односно EASNIE е кофинансирана од министерствата за образование во земјите-членки и од Европската комисија преку оперативен грант преку Еразмус+.
Македонија
(Видео) На подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек за да се избегне блокирање на патот, СВР Тетово со апел да се почитуваат сообраќајните правила
Секторот за внатрешни работи Тетово постапува согласно годишен план за постапување во зимски услови во зимските рекреативни центри Маврово и Попова Шапка, но и во целото подрачје што го покрива.
Како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило дооаѓа до целосно блокирање на сообраќајот. Исто така, проблем претставува и паркирањето на возила покрај патот со што се оневозможува на надлежните институции за целосно чистење на патот и на тој начин уште повеќе се отежнува движењето во сообраќајот, односно на некои делници од патот кон Маврово нема можност за двонасочен сообраќај, велат од СВР Тетово.
Пред почетокот на сезоната, Отсекот за превенција при СВР Тетово во неколку наврати одржа состаноци со менаџери и сопственици на хотели и угостителски објекти во овие два туристички локалитети, при што беше укажано да преземаат соодветни мерки во нивниот делокруг на работа за безбедноста на посетителите, а и во однос на обезбедување на доволен број паркинг места за нивните клиенти.
„За да не се повторат ситуации од претходните години во Маврово и Попова Шапка, кога СВР Тетово дополнително ангажираше полициски службеници од другите полициски одделенија за физичко регулирање со наизменично пуштање на возилата и расчистување на сообраќајот, СВР Тетово апелира до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници и да не тргнуваат кон овие локации без соодветна зимска опрема“, соопштуваат од СВР Тетово.
СВР Тетово ги известува граѓаните дека ќе бидат ангажирани и пајак службите на Тетово и Гостивар секогаш кога некое возило ќе го попречува сообраќајот, односно ќе биде подигнато и законски санкционирано.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“ во Градскиот парк
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај.
„Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.
Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.
Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, изјави Ѓорѓиевски.

