Контакт

Црна хроника

Истрага против тројца Косовци и македонски државјанин поради меѓународен транспорт на дрога

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на СВР Штип, донесе наредба за истражна постапка против четири лица, од кои тројца косовски и еден македонски државјанин.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Осомничените во текот на март оваа година неовластено организирале, заради продажба набавиле, држеле и пренесувале наркотична дрога, марихуана со вкупна тежина од 88.150 грама, од Р. Косово до с. Никуштак, Кумановско, а потоа до Штип, со намера дрогата да биде пренесена до Р. Турција како крајна дестинација. Косовските државјани, откако неовластено ја набавиле наркотичната дрога и на засега неутврден начин неовластено ја пренеле на територијата на РС Македонија, ја сместиле на засега неутврдена локација во с. Никуштак. Потоа организирале и го ангажирале четвртоосомничениот дрогата неовластено да ја пренесе до Штип, од каде што понатаму требало да се транспортира до Р. Турција. За таа цел, осомничените косовски државјани, напладне, на 30 март, на граничниот премин Блаце, со возило со германски регистарски таблички, оствариле легален влез во земјата по што се сретнале со четвртоосомничениот во близина на рафинеријата ‘Окта’ и му дале насоки со возило неовластено да ја пренесе марихуаната од с. Никуштак до Штип.

Четвртоосомничениот со патничко моторно возило со кумановски регистарски таблички се упатил кон с. Никуштак, од каде што во близина на тамошното училиште се сретнал со повеќе лица, од кои ја презел марихуаната. Откако ја сместил дрогата во багажниот простор и на задните седишта во возилото, се упатил кон Штип, каде што се паркирал на паркинг пред угостителски објект. Во исто време пристигнале и тројцата косовски државјани, двајца од нив се упатиле кон паркингот, а третиот со патничкото моторно возило заминал кон Скопје, од каде што подоцна на граничниот премин Блаце ја напуштил територијата на РС Македонија.

Во меѓувреме, полициските службеници ги забележале тројцата осомничени околу возилото на паркингот и им дале знак да застанат. Двајцата косовски државјани не ја почитувале наредбата и се дале во бегство, но набргу биле совладани од страна на полициските службеници, па сите тројца затекнати осомничени се лишени од слобода. При прегледот на возилото биле пронајдени вкупно 92 полиетиленски пакувања со растителна материја за која со вештачење е утврдено дека е марихуана во вкупна количина од 88.150 грама.

Тројцата приведени осомничени беа изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителот, ценејќи дека се исполнети условите предвидени во Законот за кривичната постапка, поднесе предлог за определување мерка притвор против сите осомничени лица. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје и на осомничените со решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката притвор е определена и за третоосомничениот и таа ќе се применува по неговото пронаоѓање“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Од таму додаваат дека акцијата била резултат на претходна меѓуинституционална меѓународна размена на информации на служби за борба против дрога и Одделот за криминалистичка полиција во координација со надлежниот јавен обвинител.

Во меѓувреме, МВР продолжува со преземање намерки за пронаоѓање на засега непознато лице, кое со товарно возило требало да ја преземе марихуаната од Штип и да ја пренесе до Турција.

Црна хроника

57-годишен охриѓанец се оддалечил од семејниот дом

Објавено пред

Вчера во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство, без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат

Објавено пред

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.

dobivaj vesti na viber

Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци.

На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино

Објавено пред

Од

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

Полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и уште едно физичко лице затоа што на денот на...

Македонија5 часа

Поранешните премиери се скараа на „Фејсбук“: Груевски вели дека Заев е дволичен, тој му одговори дека треба да си најде хоби, а не да пишува епопеи од бегство

Поранешните премиери Никола Груевски и Зоран Заев со обвинувања преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Груевски го нарече Заев дволичен, а тој...

Македонија5 часа

Од 1 јануари се намалува надоместокот за дистрибуција на струјата, останува ЕВН да ги објави финалните цени

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем „Електродистрибуција“ ДООЕЛ се намалува 3,64 %, надоместокот за користење...

Македонија6 часа

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита...

Македонија6 часа

Кривична против директорка на средно училиште во Делчево: набавила фалсификуван тест за познавање аглиски јазик од Бугарија

СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи...

Македонија6 часа

(Видео) „Корупцијата на власта оди до Брисел“, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши,...

Регион9 часа

Во Грција поплавени патиштата поради бурата, а училиштата во делови од земјата затворени

Бурата „Бајрон“, која ја погоди Грција, предизвика затворање на многу училишта, поплавени патишта и затворање на автопатот Атина-Коринт. Рано утрово,...

Европа9 часа

(Видео) Украина погоди руско пристаниште и рафинерија за нафта во напади со дронови

Украинските беспилотни летала извршија напади врз клучни руски енергетски објекти синоќа, погодувајќи го морското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај и...

Европа9 часа

Маж во Австрија ја оставил девојката на планина, таа замрзнала до смрт: обвинет за убиство

Маж (36) се соочува со обвиненија за убиство од небрежност откако ја оставил својата девојка (33) да замрзне до смрт...

Свет9 часа

Путин: Подготвен сум за војна со Европа; Америка: Ќе бидете добро со помалку наши војници

Намалувањето на бројот на американски војници во Европа нема да ја загрози одбраната на континентот, изјави во вторник врховниот командант...

Свет10 часа

Медиумите: Дронови забележани во близина на рутата на летот на Зеленски на пат кон Даблин

Ирската морнарица забележала околу пет дронови кои дејствувале во близина на рутата на летот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за...

Свет10 часа

Трамп сакаше да отпушти 250 вработени во Стејт департментот, судот ја блокира неговата одлука

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи за отпуштање на околу 250 вработени беше блокирана на суд во четврток, што...

Свет10 часа

(Видео) Американската војска разнесе брод во Пацификот, објавена снимка од нападот

Американската војска вчера изврши нов напад врз брод за кој тврди дека превезувал дрога во крајбрежните води на Латинска Америка,...

Европа10 часа

Медведев за контроверзниот европски план: Ова може да биде повод за војна

Шефот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев вчера предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства...

Европа11 часа

Висок функционер: Нема знаци на напредок кон прекин на огнот во Украина

Висок претставник на Обединетите нации за Украина предупреди дека војната во Украина се влече без знаци на напредок кон прекин...

Свет24 часа

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори...

Македонија1 ден

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија...

Македонија1 ден

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...

Македонија1 ден

„Името го сменивме двапати, Уставот седумпати“ – Николоски во Брисел побара чесен пристап и одговор дали со уставните измени завршуваат барањата

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“,...

Македонија1 ден

Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена ешерихија коли во намаз

Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов“, е казнета со 900 евра откога беа...