Свет
Дел Понте: Уапсете го Путин

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АФП.
„ Путин е воен злосторник“, рече Дел Понте, која ги истражуваше воените злосторства и во Руанда и во поранешна Југославија, во интервју за францускиот дневен весник „Le Temps“.
Издавањето налог за апсење не значи дека Путин ќе заврши зад решетки.
„ Ако остане во Русија, тоа никогаш нема да се случи. Но, тој не би можел да ја напушти земјата, а тоа би бил силен сигнал за него дека против себе има многу држави“, изјави Дел Понте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер утрово им се закани на граѓаните на Техеран, сега вели: Не мислев така

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави денес околу 11:30 часот дека „Израел нема намера физички да им наштети на жителите на Техеран“. Ова е обид да се ублажат заканите што беа упатени утрово и вчера до жителите на иранската престолнина, објави Ројтерс.
„Сакам да разјаснам очигледното: нема намера физички да им се наштети на жителите на Техеран, како што убиствениот диктатор им прави на жителите на Израел“, рече министерот Кац во соопштението.
Сепак, тој додаде дека „народот на Техеран ќе мора да ја плати цената на диктатурата и да ги евакуира областите каде што ќе биде потребно да се извршат напади врз режимски цели и безбедносна инфраструктура во Техеран“.
Што рече тој утрово, а што вчера?
Оваа изјава доаѓа само неколку часа откако Кац јавно изјави дека „народот на Техеран ќе ја плати цената, и тоа наскоро“, нарекувајќи го иранскиот врховен лидер „кукавички убиец“ кој напаѓа израелски цивили за да ги спречи акциите на ИДФ.
Еден ден претходно, тој отиде чекор понатаму, велејќи: „Ако Хамнеи продолжи да испукува ракети врз израелски цивили – Техеран ќе гори“.
Свет
Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негираше дека разгледува закон за повлекување на Техеран од Договорот за неширење на нуклеарно оружје (ННП) како форма на одговор на израелските напади, објави иранската новинска агенција Мехр.
„Извештаите во медиумите за ова прашање не одговараат на реалноста“, се вели во соопштението на парламентот.
Порано денес, „Ројтерс“ објави дека портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багаи, изјавил дека парламентот на земјата подготвува закон за повлекување на Техеран од ННП.
Багаи рече дека Техеран сè уште се спротивставува на развојот на оружје за масовно уништување, објави „Ројтерс“.
Израел, кој не го потпишал глобалниот Договор за неширење на нуклеарно оружје (ННП), објави дека има за цел да го спречи Иран да развива атомско оружје.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во четврток усвои резолуција во која се наведува дека Иран ги крши своите обврски според ННП.
Се верува дека Израел поседува нуклеарно оружје, според британската агенција.
Свет
Израел: Имаме целосна контрола врз воздушниот простор над Техеран

Израелската армија објави дека воспоставила целосна воздушна контрола над Техеран и дека уништила значаен дел од ракетните капацитети на Иран во последните напади, објавува Би-би-си.
„Постигнавме целосна контрола врз воздушниот простор над Техеран“, изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската војска. Во обраќање до медиумите, тој додаде дека од почетокот на израелската операција се уништени повеќе од 120 лансери за ракети земја-земја, што е околу една третина од вкупниот број што е на располагање на Иран.
Погодени се лансерите
Според него, повеќе од 20 лансери биле уништени само за време на синоќешните напади, „неколку минути пред да треба да се користат за испукување ракети кон Израел“.
Дефрин, исто така, рече дека израелските воздухопловни сили извршиле голем бран напади врз околу 100 воени цели во Исфахан, во централен Иран. Во нападот биле вклучени околу педесет борбени авиони, насочени кон ракетни складишта, системи за лансирање и командни центри.
Израел вели дека нападите се дел од поширока операција насочена кон трајно намалување на способноста на Иран да лансира ракети против израелска територија. Иран сè уште јавно не го потврди обемот на своите загуби.