Црна хроника
Виничанец си ја уби жената

Четириесет ичетири годишниот Неџит Мехмед е осомничен дка ја убил својата една година помлада сопруга Мерем во ромското маало во Виница
Утринава околу 3 часот, по претходна караница, Неџит со тупаница ја удрил во десниот дел од стомакот, по што Мерем паднала во безсознание, а од устата и’ потекло крв. Сведок на настанот била нејзината 16-годишна ќерка, која заедно со Неџит ја пренесле во виничката болница. Лекарите не можеле да сторат ништо, освен да констатираат смрт. Нивниот 21-годишен син тврди дека мајка му не е убиена, туку дека починала од инфаркт. Мехмедови се петчлено семејство, а Неџит неретко во алкохолизирана состојба го тероризирал семејството, велат соседите. Но синот Ингим вели дека тоа биле претерувања и дека тоа не се слчучувало толку често.Неџит е приведен во полиција, а неофицијално се дознава дека обдукцијата покажала дека станува збор за насилна смрт , предизвикана од удар со тврд предмет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него е пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.