Контакт

Македонија

Јанакиески доби 3,6 години затвор, Димитар Димовски условна осуда за „Топлик“

Објавено пред

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде што од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување. Димитар Димовски, кој бил член на комисија која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“, а беше и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, доби условна осуда односно казна затвор од две години ако го повтори делото. Од другите членови на комисијата, Томче Ѓурчилов доби казна затвор од три години. Веса Томчевска е осудена на условна казна, а ќе издржува две години затвор ако во следните пет години направи ново кривично дело, Димитар Ѓаќев доби условна осуда а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело и Марица Тасева е осудена на условна осуда, а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело.

dobivaj vesti na viber

„Беа одржани голем број на рочишта, со изведени голем број докази. Така во текот на доказната постапка беа изведени над 800 материјални докази и 18 вербални докази. Во рамките на изведените докази беа изведени и аудио записите од снимени телефонски разговори. Прифаќањето за изведувањето на доказите, беше со цел, целосно и правило утврдување на фактичката состојба и утврдување на материјалната вистина. Сите докази обезбедија доволно релевантни факти за да судот ја заснова својата одлука. Судот неспорно ја утврди фактичката состојба за дејствијата на обвинетите. Врз основа на тие факти и околности, советот се убеди дека обвинетите го сториле кривичното дело“, рече судијата Шабани.

За овој предмет имаше низа контроверзии. Адвокатот Еленко Миланов тврдеше дека вработена во Министерството за транспорт и врски, Анета Јорданова, по налог на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, обвинителот Бурим Рустеми и раководител во Државното правобранителство, ре-изработила документ за побарување на евентуална направена штета во предметот „Топлик“. Тој тврдеше дека вработената Јорданова во 2018 година посочила дека нема штета поврзана со договорите за „Сончев град“, по што, според нејзиното сведочење, била повикана кај Рашковски, а каде бил и Рустеми и било посочено да го коригира документот или таа ќе трпи последици. Иако постојат два документа, ниту во вториот нема стриктно наведено дека постои штета, посочуваше Миланов. Инаку, обвинителот Рустеми не би можел да подигне обвинение за предметот „Топлик“, ако не постои штета која е нанесена врз Министерството за транспорт и врски.

Во предметот, затезната камата е штетата за која се гонат Јанакиески и останатите обвинети, иако Обвинителството за „А1 он“ посочи дека затезна камата плаќаат сите и со тоа не се оштетува буџетот.

„Плаќањето законски казнени камати не е кривично дело и истото се врши врз основа на донесени правосилни судски пресуди. Како и повеќето правни лица, така и јавните обвинителства, во текот на своето работење се соочувале со одредени ситуации во кои наплатата на долгот се вршела по судски пат, па притоа биле досудени и законски казнени камати. При наплатата, од буџетот на институцијата се симнува целата досудена сума, во која е вклучен основниот долг, каматите и други трошоци предвидени во пресудата“, кажаа од Обвинителството за „А1 он“ на 28 јануари годинава.

За вештачењето во предметот изработено од Борис Тунџев, кој е владин директор и донатор на СДСМ, Антикорупциската комисија кажа дека има конфликт на интереси. Но и покрај тоа, беше прифатено од судијата Осман Шабани. Тунџев овие факти не сакаше да ги коментира пред „А1он“.

Според обвинението на Бурим Рустеми, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Обвинителот тврдеше дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и камата на правното лице „Сан сити“. Според обвинението, Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот буџет за 64.206.839 денари, односно за милион и 44.000 евра кои се исплатиле за камати.

Македонија

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Објавено пред

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го приведоа Ш.А. (54) од овој град, поради сомнение дека вчера го оштетил стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по добиената пријава за инцидентот биле преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот, по што Ш.А. бил лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инцидентот се случи вчера, 11 јануари 2026 година, кога беше пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија. Според претходните информации од МВР, оштетувањето било забележано преку системот за видео надзор, а сторителот со удар со рака го оштетил стаклото и се оддалечил од местото.

Инцидентот беше остро осуден од бугарското Министерство за надворешни работи, кое го оцени како напад врз дипломатската мисија. Реакција имаше и од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој го осуди настанот, оцени дека станува збор за изолиран случај и нагласи дека институциите реагирале брзо и ефикасно.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Алиу-Андоновска: Обезбедени 7.500 вакцини против Хепатитис Б, наменети за здравствени работници

Објавено пред

Министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска, денеска одржаа заедничка прес конференција по повод потпишување договор за донација од страна на Министерството за здравство на Институтот за јавно здравје на 7.500 вакцини против Хепатитис Б, во вкупна вредност од 123.450 американски долари, кои се наменети за здравствените работници.

dobivaj vesti na viber

-Станува збор за конкретна превентивна мерка за намалување на изложеноста на ризици по здравјето на вработените во здравствениот систем, притоа истовремено засилувајќи ја и сигурноста кај пациентите. Со овие количини ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници, со три дози вакцина по лице. Вакцинацијата ќе се спроведува во Институтот за јавно здравје и во Центрите за јавно здравје. Нашата одговорност како институционални носители на здравствените политики е да создадеме услови здравствените работници да не бидат оставени сами во ризиците кои ги носи извршувањето на нивните обврски, како што е контактот со крв и телесни течности, повреди со остри инструменти и слично. Вакцините се обезбедени од „Project HOPE“ – меѓународна невладина организација за глобална здравствена и хуманитарна помош, на кои им се заблагодарувам, истакна министерот Алиу во обраќањето.

Тој посочи дека во рамки на заложбите за овозможување едноставен и достапен процес на вакцинација, Министерството за здравство подготви електронски модул за изразување интерес за вакцинација, кој е достапен на веб-страниците на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје.

-Денес обезбедуваме и дополнителна поддршка за Институтот за јавно здравје за засилување на биосигурноста. Станува збор за авионски и бродски транспортни кутии за инфективни материјали, со што овозможуваме побезбедно постапување и транспорт на инфективни материјали согласно протоколите, додаде министерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на министерот Муцунски со претставници на „Македонија 2025“

Објавено пред

Во рамки на активностите во областа на надворешната трговија и економската дипломатија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска, придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари посета на организацијата „Македонија 2025“ и одржа средба со нејзиното раководство.

dobivaj vesti na viber

Посетата е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ќе ги реализира во текот на неделата со раководствата на стопанските комори и сродни организации.

На средбата беа отворени повеќе прашања поврзани со можностите за организирање заеднички активности во делот на извозната и инвестиционата промоција на бизнис-компаниите кои се членки на „Македонија 2025“.

Фокусот на разговорите беше ставен на можностите за организирање бизнис-форуми во рамки на официјални посети на владини делегации во странство, со посебен акцент на улогата на дијаспората. Воедно, беа разгледани и начините на кои дипломатско-конзуларните претставништва можат да дадат поддршка во организирање деловни средби за заинтересираните компании кои сакаат да ги истражат странските пазари и да отпочнат извозни активности.

Претставниците на „Македонија 2025“ ја поздравија иницијативата за интензивирање на соработката и комуникацијата со стопанските комори, истакнувајќи дека на тој начин дополнително се зајакнува улогата на државата како поврзувач меѓу домашните компании, странските пазари и македонската дијаспора.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија2 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура2 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија4 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија4 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија6 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија6 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет8 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет8 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет8 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија8 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа8 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија17 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет21 час

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет21 час

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...