Контакт

Македонија

(Видео) Плаќање затезна камата не е кривично дело, а во „Топлик“ е штета и без неа немаше да постои предметот

Објавено пред

Случајот „Топлик“ е првиот каде што затезна камата се смета за штета и се досудуваат осудителни казни. Додека Обвинителството посочува дека и тие како институција плаќале затезни камати по правосилни судски одлуки, обвинителот Бурим Рустеми седна на обвинителна клупа шест лица, меѓу кои и ексминистерот Миле Јанакиески и Димитар Димовски, поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Судијата Осман Шабани прифати ова да се смета за штета на буџетот. По завршување на судењето, Рустеми рече дека ако немало штета, немало да има ниту предмет.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе кажа судот, фактички затезната камата претставува само последица од неправите дејства преземени од страна на обвинетите, односно сите прекршувања од страна на обвинетите. Затезната камата претставува директна последица од нивните дејства. Тоа не претставува некој граѓанско-правен однос, па да се заклучи дека каматата не е штета. Ако се гледа како целина кривично-правниот настан, лесно се извлекува дека тоа е последица на дејствата на обвинетите во овој настан“, изјави Рустеми.

Наспроти него, во јануари годинава од Обвинителството посочија дека плаќање затезна камата не е кривично дело и дека тоа се прави врз основа на правосилни пресуди. Од таму посочија дека и тие исплаќале вакви средства од буџетот.

„Како и повеќето правни лица, така и јавните обвинителства во текот на своето работење се соочувале со одредени ситуации во кои наплатата на долгот се вршела по судски пат, па притоа биле досудени и законски казнени камати. При наплатата од буџетот на институцијата се симнува целата досудена сума, во која се вклучени основниот долг, каматите и други трошоци предвидени во пресудата“, рекоа од Обвинителството во јануари 2022 година.

Судијата Осман Шабани одлучи затезната камата да ја смета за штета иако таа е досудена со судска спогодба.

„Тринаесет градежни парцели наведени во договорот не одговарале со површините дадени во урбанистичкиот план по што, по поднесената тужба од ‘Сан сити’, државниот правобранител со судска спогодба го раскинал договорот со друштвото ‘Сан сити’ поради што Министерството за транспорт и врски било задолжено на износ од 223.954.780 денари, која била цената на договорот да исплати затезна камата сметано од 1.12.2009 година до 30.9.2012 година за што на 18.2.2013 година од сметката на Министерството за транспорт и врски на сметката на друштвото ‘Сан сити’ била исплатена затезна камата од 65.206.833 денари за кој износ го оштетиле буџетот“, рече Османи.

Случајот го следеа и други контроверзии поврзани со штетата. Обвинителот Бурим Рустеми, по изрекувањето на пресудата, призна дека додека ја водел истрагата, водел и состаноци во Владата.

Прашан дали е точно тврдењето дека се сретнал и со ексгенералниот секретар Драги Рашковски, двапати одбегна одговор на прашањето.

Адвокатот Еленко Миланов минатиот февруари посочи дека токму во канцеларијата на Рашковски, вработената во Министерството за транспорт и врски, Анета Јорданова, реизработила документ за побарување евентуална направена штета во предметот „Топлик“.

„Сметам дека тие се невистинити обвинувања бидејќи сите состаноци случени во текот на истрагата и во целиот кривично-0правен настан се во насока на евентуално произнесување на Државното правобранителство, кое е независен орган и фактични тоа е органот што треба да се произнесе за евентуална штета. Факт е дека судот денес утврди постоење штета, ирелевантно е мислењето на другите лица и на другите органи“.

На прашањето дали ова значи дека не се сретнал со Рашковски, тој додаде: „Сакам да кажам дека состанокот остварен во Владата е реализиран со лицата што всушност се државни претставници, не сум се сретнал со никого приватно во врска со овој предмет. Сум се сретнал со сите со кои беше потребно да се видам“.

За случајот „Топлик“ досудени се две затворски казни и четири условни осуди.

Македонија

Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.

dobivaj vesti na viber

Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.

Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.

Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.

Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.

На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија

Објавено пред

Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.

„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:

СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози

Објавено пред

Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Свет6 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија8 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет10 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија12 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија14 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет1 ден

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија1 ден

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија1 ден

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет1 ден

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија1 ден

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...