Контакт

Изложби

Изложба на графики на Евгениј Пантев во Куманово

Објавено пред

Во четврток, со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на графики на академскиот графичар Евгениј Пантев.

dobivaj vesti na viber

Овој перспективен графичар ќе се претстави со 25 графики од неговиот најнов творечки опус а кумановската ликовна публика ќе има можност за првпат да се запознае со неговото творештвото. Евгениј Пантев е роден 1966 год. во Софија, Бугарија. Дипломирал на одделот за графика и графички дизајн, на Факултетот за ликовни уметности, Скопје 1991, Магистар по ликовни уметности – област графика 2014. Член на СБХ/ ИАА.Одржал десетина самостојни изложби во Куманово, Скопје, Прилеп и Битола и повеќе групни изложби надвор од Македонија, во Бугарија , Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Грција,Турција, Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Белгија,Холандија, Италија, Полска,Литванија, Англија, Египет, ОАЕ , Канада ,Јапонија, Кина ,Русија ,САД и др.За актуелната творечка продукција на графичарот Евгениј Пантев, историчарот на уметноста, Дејан Буѓевац ќе запише:…“ Згуснатите органски амбиенти и мека валерска прегледностЕвгениј Пантев во графичкиот медиум создава и опстојува повеќе од две децении. Тој како зрел графичар и уметник останува доследен на една прецизна, фина и сосема промислена графичка поетика.  Тој сета своја ликовна култура и естетска сензибилност ја изразува исклучиво преку графичката уметност како „затворен“ визуелен медиум. Особено со својата тактилна и посветена почит кон „традиционалната“ специфична техника како што е сува игла (длабок печат), со која Пантев креира навистина еден особен и искуствен визуелен контекст ослободен од можностите за некакво поинакво и „трендовско“ третирање на графичкиот лист. Кај Пантев, с`е во манирот на длабоката и дисциплинирана линиска експресивност со која, тој го врежува и го вибрира предметот на претставата, како и во мекото, но цврсто цртачко нијансирање на светло-темните премини за да ја извлече строгата, едноставна и чиста внатрешнина на графичката просторност во неговите дела. Односно, да го изнесе на виделина просторниот интервал (или празнина), во кој докрај се сместени тонските и површинските форми на неговите мотиви. Во неговите визуелни искази хармонизирани се сите карактеристики на контрастите топло-ладно, тврдо-меко, облина-агол…Целиот негов израз е чиста графичка ликовност. Ликовна состојба во која поетските графизми, урбаните инсерти, згуснатите органски амбиенти, геометризираните имагинации, изразуваат мека валерска прегледност, лирска градација на рафиниранини претопувања, едноставен но и сложен распоред на изведените линии, и минуциозно изработен графички цртеж. Неговиот „иконографски“ пристап се карактеризира со метафоричка ненаметливост, фрагментарни гестикулации ,акцентираност и аскетска граматика. Декоративниот елемент е отфрлен во секоја смисла. Во овие записи постои само предметна препознатливост во која ништо не се препознава. Една „јасна“ и упростена енигматичност, која повеќе го изразува процесот на творење и субјективниот сензибилитет, отколку реалноста и материјата на мотивската преокупација.Евгениј Пантев со својот досегашен опус, артикулира тивок графички интегритет посветен на сопствената лексика, на своите ликовни медитации и на перманентната проверка на ликовниот ентитет на сувата игла(длабок печат), како не-случаен избор во личниот творечки чин…“Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 10 декември./крај/со/бб

Изложби

Стигнавме ли веќе? Младите фотографи ги бараат патоказите кон Европа

Објавено пред

Фото: Арбнора Мемети

Фото изложбата „Стигнавме ли веќе: Кои се патоказите кон ЕУ?“,  ќе биде отворена в четврток, 6.11.2025 година, во 19 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.

dobivaj vesti na viber

Триесет млади фотографи (18-30 години) од целиот Западен Балкан се собрани на оваа изложба, која покажува како нивната генерација ја гледа идејата за Европа денес, поставува прашања и се поврзува со неа.

Создадена преку истоимениот регионален проект, инициран од амбасадите на Кралството Холандија во Западен Балкан, оваа изложба директно се осврнува на дезинформациите поврзани со процесот на интеграција во ЕУ. Додека Западниот Балкан се насочува кон членство во ЕУ, младите луѓе во регионот се соочуваат со спротивни наративи, дезинформации и стереотипи кои често ја замаглуваат вистинската реалност кон пристапувањето во ЕУ. Преку автентично визуелно раскажување приказни, овие триесет фотографи се спротиставуваат на лажните наративи и презентираат вистински гледишта за тоа што значи европската интеграција за нивните заедници, нивниот секојдневен живот и нивната иднина. Изложбата содржи визуелни приказни кои ја одразуваат различноста, креативноста и критичката свест на новата генерација.

Фото: Иво Велчевски

Учесниците на изложбата беа избрани од стручно жири врз основа на јавен повик – по пет фотографи од секоја земја. Овие триесет избрани фотографи учествуваа на онлајн мастер работилница со холандската фотографка Илви Њиокиктјен, а на оваа изложба го претставуваме резултатот од нивната работа.

Македонија на изложбата ја претставуваат авторите: Арбнора Мемети, Ана Ѓорѓиевска, Иво Велчевски, Каја Тасевска и Филип Лафазановски.

Од секоја од шесте земји учеснички ќе биде избран по еден победник кој во мај следната година ќе има привилегија да престојува во Амстердам во текот на неделата на објавување на победниците на најголемиот светски натпревар за новинска фотографија World Press Photo.

Изложбата ќе биде претставена во сите шест земји учеснички. Отворањето во Скопје е во четврток, 6 ноември, кога ќе биде објавен победникот од Македонија што ќе патува во Амстердам на World Press Photo.

Проектот е организиран од Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонски центар за фотографија.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро

Објавено пред

Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.

Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.

Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.

Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Објавено пред

На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.

„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,

Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор,...

Регион4 часа

Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска: Кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми во Министерството за земјоделство

Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно...

Македонија5 часа

Кривична за ексградоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и за уште седум лица поради злоупотреби со градежно земјиште

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до скопското Обвинителство против осум лица — поранешни функционери и службеници во Општина...

Свет5 часа

Фон дер Лајен: Путин греши ако мисли дека може да нè исцрпи, ЕУ одвојува 6 милијарди евра за Украина

ЕУ ќе ѝ додели 6 милијарди евра на Украина во рамките на заем од механизмот на Г7 за забрзување на...

Македонија6 часа

Докторот од Македонија, кој прегази куче во Софија, обвинет за сурово однесување кон животно

Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение што спаѓа под кривична...

Македонија8 часа

„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна...

Свет9 часа

Излегоа пораките меѓу Ендру и Епштајн: „Не можам повеќе да го поднесам ова“

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“ кога...

Свет9 часа

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...

Европа9 часа

Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс

Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор...

Свет9 часа

„Боинг“ мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет10 часа

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет22 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија1 ден

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија1 ден

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија1 ден

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија1 ден

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура1 ден

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија1 ден

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...