Спорт
Ерик Тен Хаг пред портите на „Олд Трафорд“
Манчестер јунајтед го финализира договорот со тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, за да стане нивниот нов постојан менаџер, јавува ЕСПН, а британскиот „Телеграф“ додава дека ситуацијата бргу се развива и дека потврдата може да се случи веднаш.
Тен Хаг и тренерот на Пари Сен-Жермен, Маврисио Почетино беа сметани за најголеми кандидати да го пополнат испразнетото место по отказот за Оле Гунар Солскјер откако Германецот Ралф Рангник беше донесен како привремено решение до крајот на сезоната. Британските медиуми последниве денови тврдеа дека Јунајтед преговарал со двајцата тренери и дека набргу ќе се донесе одлука пред крајот на сезоната, во која „ѓаволите“ тешко дека ќе успеат да обезбедат топ-4 пласман и место во Лигата на шампионите.
Според „Индепендент“, пак, Тен Хаг на интервјуто со управата на клубот им објаснил дека се потребни пет години да се сврти формата на тимот објаснувајќи дека мора да се крене фитнес-нивото на играчите и доставил листа на фудбалери како потенцијални засилувања вклучувајќи дел од неговите фудбалери во Ајакс и Рубен Невеш од Вулверхемптон.
Тие тврдат дека Тен Хаг пристигнал на интервјуто со досие на целосниот тим на Јунајтед, нешто што ги импресионирало луѓето кај „ѓаволите“.
Manchester United are set to finalise the appointment of Erik ten Hag as the club’s next manager, sources have told @MarkOgden_ and @RobDawsonESPN. pic.twitter.com/tKv7qXL53g
— ESPN FC (@ESPNFC) April 6, 2022
Manchester United board are pushing on Erik ten Hag as new manager, as per @MarkOgden_ – agreement not completed yet but talks are ongoing on staff, budget & more ? #MUFC
He’s also approved by Ralf Rangnick and Erik ten Hag priority has always been Man United. Work in progress. pic.twitter.com/QU5FNDdkd3
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 6, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси повторно е убедливо најплатен играч во МЛС

Здружението на играчи од МЛС објави податоци за платите на сите играчи со важечки договори заклучно со мај 2025 година, а очекувано на врвот се наоѓа Лионел Меси.
Напаѓачот на Интер Мајами, кој има 38 години, ја задржа водечката позиција втор пат по ред. Основната плата на капитенот на аргентинската репрезентација е 12 милиони долари, а вкупната загарантирана компензација е дури 20,4 милиони долари.
Оваа бројка го вклучува основниот договор плус бонуси и други додатоци за време на траењето на договорот. Меси е лидер во двете категории, далеку пред другите ѕвезди на лигата.
Вториот најплатен играч во МЛС е Лоренцо Инсиње (Торонто) со 15,4 милиони долари. Италијанецот е единствениот покрај Меси кој заработува повеќе од 10 милиони по сезона.
Меѓу првите 10 се и: Серхио Бускетс (Интер Мајами) – 8,8, Мигел Алмирон (Атланта) – 7,9, Ирвин Лозано (Сан Диего) – 7,6, Федерико Бернардески (Торонто) – 6,3, Емил Форсберг (Њујорк Ред Бул) – 6,03, Жорди Алба (Интер Мајами) – 6, Рики Пуч (Лос Анџелес Галакси) – 5,8 и Џонатан Бамба (Чокаго) – 5,6.
Освен доминацијата на теренот, Меси е и маркетиншка машина. Интер Мајами забележа огромен пораст на вредноста, гледаноста и продажбата на дресови откако тој пристигна во Мајами.
Спорт
Холандски репрезентативец го засили Наполи

Ноа Ланг е првото засилување за Наполи во актуелниот преоден рок. Холандскиот репрезентативец, кој ги помина последните две сезони во ПСВ, потпиша петгодишен договор.
Клубот од Ајндховен ќе добие 25 милиони евра плус бонуси кои би можеле да достигнат пет милиони евра.
Ланг, е продукт на младинската академија на Ајакс, минатата сезона одигра 44 натпревари, постигнува 14 гола и забележа 12 асистенции.
Спорт
УЕФА ќе го исфрли Лион од Лига Европа

Олимпик Лион се соочува со најтешките моменти во клупсјата историја. Француската фудбалска федерација, во вторникот, го исфрли клубот од Лига 1, а како што стојат работите УЕФА нема да му дозволи да се натпреварува во Лига Европа.
Лион е исфрлен во втората лига поради огромниот долг, се спеменува сума од 422 милиони евра.
Клубот во јануари доби опомена да го намали долгот, а откако не го направи тоа во дадениот рок, ФФФ реагираше со жестока казна.
Истото ќе го направи и УЕФА. Минатата сезона, Олимпик Лион заврши на петтото место, со што избори директен пласман во лигашката фаза од Лига Европа. Доколку УЕФА го елиминира Лион, два клуба ќе профитираат од таквата одлука.
Стразбур, наместо во плеј-офот за место во Конференциската лига, би играл Лига Европа, додека Ленс, кој беше рангиран на седмото место во Лигата 1, би скокнал во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Се уште се очекува потврда од УЕФА, но како што стојат работите сега, малку е веројатно дека нешто ќе се промени. Лион најави жалба до Лигата 1, според информациите од Франција, таа ќе биде само формална.