Европа
Путин испрати помирливи пораки од Крим
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот на Крим изјави дека Русија има намера да се залага за себеси, но по цена на судир со светот, што на Запад се смета за помирувачка порака по повеќе месеци груби меѓусебни обвинувања и префрлувања поради украинската криза.
Самата најава на посетата на црноморскиот полуостров на рускиот претседател Владимир Путин, на западот предизвика остри критики и исчекување од исто така жестоки изјави во врска со продолжената украинска криза во која тој лично е обвинуван дека придонесува. Исто така, најавата дека Путин ќе го посети Крим беше толкувана како јасно демонстрирање на решителноста на Москва во сметањето на овој црноморски полуостров за суверена руска територија и покрај острите санкции на Западот против Русија воведени токму поради неговото присоединување.
Мнозинското руско и рускојазично население на овој црноморски полуостров во март годинава откако во Киев по безредијата дојдоа новите прозападни власти преку референдум си ја поврати автономијата укината на почетокот од 1990-те со осамостојувањето на Украина од СССР и се присоедини кон Руската Федерација, што Западот го смета за руско анектирање на украинска територија. Поради тоа, како и поради наводната поддршка на Москва на бунтовниците во источна Украина, Западот наметна неколку етапи на санкции, од кои последните се економски и секторски насочени, за руски, украински и правни и физички лица од Крим.
Говорејќи пред руските министри и пратениците на парламентот на Крим, Путин порача дека Русија е свртена кон изградување на своето општество, и неговиот тон овојпат беше придушен со избегнување на остри зборови какви што досега им упатуваше на западните земји во текот на кризата којашто односите меѓу Западот и Русија ги донесе до нивото на Студената војна, оценува Reuters.
„Мораме мирно, достоинствено и делотворно да ја градиме својата земја, не да ја оградуваме од надворешниот свет. Мораме да се зацврснеме и да се мобилизираме, но не за војна или за некаква конфронтација, туку за напорна работа во името на Русија“, рече Путин.
Додаде и дека Русија ќе стори сé судирот во Украина да заврши што поскоро и да престане крвопролевањето во оваа земја.
Агенцијата Итар-Тасс, меѓу другото од излагањето на Путин на Крим, го издвојува и неговото мислење дека полуостровот „може да има обединувачка улога за Русија“.
„Верувам дека Крим може да биде и сега единствено мерило, и сега да ја одигра единствената и голема улога во обединувањето на Русија, станувајќи еден вид историски, духовен извор, уште една линија на помирувањето на црвените и белите“, изјави Путин.
Истакна и дека Кримскиот полуостров памети како триумфи, така и трагедии од братоубиствената граѓанска војна на почетокот од ХХ век. Путин, исто така, истакна дека Крим може да „помогне во надминувањето на траумите на рускиот народ од драматичниот раскол во ХХ век, а исто така ги востановува времињата и епохите и историскиот пат на Русија“.
На Крим, додаде Путин, мора да се осигури рамноправноста на трите јазика, рускиот, украинскиот и на кримските Татар „Мора во целосен обем да биде спроведена рехабилитацијата на репресираните народ (на Крим од советската ера – кримските Татари), и да се обезбеди стварна рамноправност на трите јазика“, рече Путин.
Во врска со забраната за увоз од страна на Русија на редицата прехранбени продукти од западните земји, Путин рече дека тие ќе ги помогнат домашните производители и ќе го отворат рускито пазар за нови партнери од светот, истакнувајќи дека санкциите кои се воведени против Москва се „апсолутно неосновани и незаконски“.
Западните критичари потсетуваат дека Путин и претходно умеел да биде благ, но дека постапките на теренот не се сосема ускладени со неговите зборови./крај/мф/сн
Извор: Reuters/Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки
Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски објекти низ Русија, објавија руските канали на Телеграм, а напиша и „Киев Индепендент“.
Украинската војска сè уште не го коментирала нападот, а „Киев Индепендент“ не можел независно да ги потврди обвинувањата.
Напад врз клучна рафинерија
Локалните жители пријавиле штета и објавиле фотографии и видеа на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи воздушна одбрана во акција.
Иако пожарот не бил веднаш забележан, на ноќното небо биле видени моќни блесоци во правец на рафинеријата. Рафинеријата, управувана од Лукоил, се наоѓа на околу 450 километри од линијата на фронтот и игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската војска.
Drones hit the Lukoil oil refinery in Volgograd
An ammunition depot in the occupied Donetsk region and one of Russia’s largest power plants — the Kostroma GRES — were also attacked. pic.twitter.com/fbuRhLf1e2
— NEXTA (@nexta_tv) November 6, 2025
Фабриката и претходно беше цел на украински напади, принудувајќи ја да го запре производството барем еднаш.
Загинати цивили, оштетени куќи
Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, објави дека во нападот се оштетени една станбена зграда и неколку куќи, како и дека едно лице е убиено.
„Цивил, 48-годишен маж, починал од шрапнели од гранатирање“, објави тој на Телеграм. Бочаров, исто така, потврди дека избувнал пожар во индустриска зона во Красноармејскиот округ во Волгоградската област.
The Lukoil refinery in Volgograd, russia and an oil depot in Simferopol, occupied Crimea also got a visit from good Ukrainian drones. pic.twitter.com/BSNjXLGV1O
— Kvist (@kvistp) November 6, 2025
Во исто време, експлозии одекнаа и во термоцентралата во Волгореченск во регионот Кострома, која се наоѓа на околу 740 километри од украинската граница и североисточно од Москва.
Во окупираниот Крим, беше погодено складиште за нафта во градот Битумне во близина на Симферопол, објави каналот на Телеграм „Кримски ветер“.
Европа
Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“
Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и предизвикаа сериозни безбедносни загрижености.
Летовите на најпрометниот белгиски аеродром во Брисел, беа прекинати со часови во вторник вечерта, а дронови беа забележани и над неколку воени бази, што доведе до откажување на десетици летови и доцнење на стотици патници, објавува „Гардијан“.
Суспензијата на дојдовните и појдовните летови во вторник вечерта резултираше со 95 откажувања на аеродромот во Брисел, а портпаролот потврди дека помеѓу 400 и 500 луѓе ја поминале ноќта на терминалите.
Патниците беа предупредени за можни доцнења во среда бидејќи многу авиони беа заглавени на погрешни локации. Воздушниот простор беше затворен и над аеродромот во Лиеж, голем европски товарен центар, што предизвика дополнителни откажувања и пренасочувања.
Во исто време, градоначалникот на фламанскиот град Дист објави дека полицијата и војниците забележале четири дрона во близина на воената воздухопловна база Шафен. Инцидентите се случија откако белгиските власти веќе започнаа истрага за видувања на дронови над неколку воени бази во текот на викендот, вклучувајќи го и Клајне-Брогел, дом на белгиски борбени авиони Ф-16 и за кој се верува дека складира американско нуклеарно оружје.
Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, изјави пред парламентарната комисија дека инцидентите се чини дека се координирани со цел да се предизвикаат нарушувања.
фото: принтскрин

