Контакт

Свет

Во Украина гранатирана железничка станица, се огласи Русија

Објавено пред

Од минута во минута ја следиме руската инвазија во Украина.

dobivaj vesti na viber

Клучни настани:

  • Европската Унија одобри ембарго на рускиот јаглен и воведува дополнителни санкции
  • Гранатирана е железничка станица во Украина, има мртви и повредени
  • Руското Министерство за одбрана сугерираше дека Украина ги нападнала сопствените цивили и ја негира одговорноста за ракетниот напад на железничка станица
  • Русија соопшти дека уништила центар за обука на странски платеници во Украина, северно од Одеса
  • Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски
  • Според Макрон војната би можела да заврши на 9 мај
  • Македонија на листата на непријателски земји на Белорусија

Најновите вести:

21.45 Русија се обидува да регрутира повеќе од 60.000 војници за војната во Украина

Висок претставник на американското Министерство за одбрана денеска изјави дека САД имаат индиции оти Русија сака да регрутира повеќе од 60.000 војници.

21.00 Нова мапа на руската инвазија – северот е ослободен, фокусот е префрлен на исток

Руското Министерство за одбрана неодамна објави дека ќе ги пренасочи борбените активности во Украина на истокот од таа земја, а таа промена на фокусот е јасно видлива кога ќе ги погледнете новите мапи на движењето на руските сили.

20.10 Фон дер Лаен му предаде на Зеленски прашалник за членство во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, на конференцијата во Киев му предаде прашалник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе ја однесе Украина чекор понапред во добивањето кандидатски статус за ЕУ.

20.00 Чешка испраќа тенкови, ракетни фрлачи и артилерија во Украина

Чешка испорача тенкови, повеќецевни ракетни фрлачи, хаубици и борбени возила во Украина како дел од пратката на воена опрема вредна до неколку стотици милиони долари досега, а таа помош ќе продолжи, според извор од чешкото Министерство за одбрана

18.35 Популарноста на Путин порасна по агресијата врз Украина – го поддржуваат над 80 отсто од Русите

Поддршката за рускиот претседател Владимир Путин се зголеми од 67,2 отсто пред да нареди инвазија на Украина на 24 февруари, на 81,6 отсто, покажуваат резултатите од анкетата на државната агенција VTsIOM во петокот

18.30 Украинците објавија дека го зазеле Суми, гувернерот предупредува на руски мини

Гувернерот на регионот Суми, Дмитро Живицки, објави на телеграм дека руските сили се повлекле од градот во североисточна Украина

18.20 Џонсон: На ​​Путин не може да му се верува

Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека разговорите со Путин не изгледаат ветувачки и дека тој не чувствува доверба

18.00 Песков најави дека војната во Украина може да заврши во блиска иднина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека војната, како што ја нарекуваат Русите, специјална воена операција, во Украина може да заврши во блиска иднина, пренесе руската агенција „Тас“

17.30 Потресни слики од Буча – почна ексхумацијата на жртвите на масовните гробници

Форензичарите почнаа со ексхумирање на масовна гробница во украинскиот град Буча, завиткувајќи ја во црна пластика и изложувајќи ги телата на цивилите, според официјални лица, убиени за време на руската операција

16.30 Зеленски: Потребен е коктел од санкции, кој би останал запаметен како „молотови коктели“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во финскиот парламент дека е потребен коктел од санкции, кој ќе биде запаметен исто како ‘молотовите коктели’“, за да се запре руската агресија

16.20 Бројот на загинати на железничката станица во Украина се искачи на 40, меѓу кои 10 деца

Бројот на загинати во нападот на железничката станица се искачи на 40, изјави градоначалникот на Краматорск, Олександр Хончаренко

15:00 Европската Унија подготви нови санкции за Русија и Белорусија

Членките на Европската Унија се договорија за нови санкции против Русија, но и Белорусија. Се наведува дека овој пакет мерки има за цел да го зголеми економскиот притисок врз Кремљ и дека има за цел да го оневозможи руското финансирање на инвазијата на Украина.

13:20 Украина: Чуваме тела на 7.000 загинати руски војници, Русија не сака да ги земе

Украина чува околу 7.000 безживотни тела на руски војници во мртовечници и ладилници во железнички вагони, изјавил украински функционер за „Вашингтон пост“.

Олексиј Арестович, советник на шефот на претседателската администрација на Украина, вели дека владината бројка од 18.600 загинати Руси се заснова на украинските извештаи од бојното поле и на пресретната руска воена комуникација.

13:15 Градоначалникот: На станицата имаше 4.000 луѓе, главно постари, жени и деца

Градоначалникот на Краматорск за „Ројтерс“ изјави дека околу 4.000 луѓе, главно постари, жени и деца, биле на железничката станица кога била погодена од руски проектили.

13:14 Челниците на ЕУ со реакции за ракетниот напад: Ова е застрашувачко, потребни се повеќе санкции

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го осуди нападот на железничката станица во украинскиот град Краматорск.

„Застрашувачки е да се види како Русија напаѓа една од главните станици што ја користат цивилите кои се евакуираат од регионот каде Русија го засилува својот напад. Потребна е акција: повеќе санкции за Русија и повеќе оружје за Украина доаѓаат од ЕУ. Само што беше одобрен петтиот пакет санкции“, напиша тој.

Со реакција се јави и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

12:50 Зеленски: Ова е зло кое нема граници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот на железничката станица Краматорск, во кој загинаа најмалку 35 лица.

„Окупаторите ја погодија железничката станица Краматорск, каде што илјадници мирни Украинци чекаа да бидат евакуирани. Околу 30 луѓе загинаа, а околу 100 се повредени. Полицијата и спасувачите се веќе на терен. Ова е зло што нема граници. И ако не се казни, никогаш нема да престане“, напиша Зеленски на Инстаграм.

12:45 Германскиот претседател бара Путин и Лавров да одговараат за злосторства пред Хашкиот трибунал

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги повика рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров да бидат изведени пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

„Секој кој е одговорен за овие злосторства ќе мора да одговара. Ова ги вклучува војниците, офицерите, но и оние кои се политички одговорни“, рече Штајнмаер во интервју за саботното издание на неделникот „Шпигел“.

12:25 Русија: Не ја нападнавме станицата, Украинците ракетираа сопствени цивили

Руското Министерство за одбрана сугерираше дека Украина ги нападнала сопствените цивили и ја негира одговорноста за ракетниот напад на железничка станица во кој загинаа повеќе од 35 луѓе, објави државната новинска агенција РИА Новости.

Тие тврдат дека типот на проектил употребен во нападот го користи исклучиво украинската армија.

„Руската војска немала никакви цели во Краматорск“, соопшти Министерството.

12:20 Јапонија протера осум руски дипломати

Јапонија денеска протера осум руски дипломати.

Ова се случува откако членките на ЕУ, вклучително и Франција и Германија, објавија дека ќе протераат руски дипломати.

12:15 На проектил што ја погодил железничката станица пишува „За децата“

Новинарот на „Економист“, Оливер Керол на „Твитер“ напиша дека на проектил што ја таргетирал станицата во Краматорск пишува „за детей“, што во превод значи „за децата“.

12:10 Црна Гора усвои санкции против Русија

Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на својот профил на „Твитер“ напиша дека на седницата на Владата на Црна Гора штотуку е усвоен пакет рестриктивни мерки против Русија.

Абазовиќ им се заблагодари на сите министри, на Владата, на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на НАТО и на Делегацијата на Европската Унија во Црна Гора за соработката.

11:50 ЕУ одобри 155 милијарди евра помош за компаниите погодени од војната во Украина

Европската комисија одобри 155 милијарди евра помош што Франција одлучи да ја пренасочи од програмата за пандемијата кон зајакнување на ликвидноста на компаниите погодени од војната во Украина и санкциите против Русија.

11:15 Според Макрон војната би можела да заврши на 9 мај

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека рускиот претседател, Владимир Путин ќе ги концентрира нападите во Украина на сепаратистичката зона Донбас, на истокот на таа земја, во обид да постигне победа за 9 мај, на годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година.

„За Русија 9 мај е национален празник, важен воен датум и речиси е сигурно дека за претседателот Путин, 9 мај треба да биде ден на победа“, изјави Макрон за француското радио РТЛ.

11:10 (Видео) Руски портал направи реконструкција на масакрот во Буча, имаат ново видео

Независниот руски портал „Медуза“ направи реконструкција на масакрот во Буча. Од „Медуза“ дошле до снимката од дрон, за која велат дека е направена помеѓу 23 и 30 март, во време кога руските војници биле во Буча.

Овој портал тврди дека видеото е доказ оти злосторствата и убиствата се извршени во време кога руските војници биле во градот.

10:30 (Вознемирувачко видео) Со ракети погодена железничка станица за цивилна евакуација во Украина, загинаа најмалку 30 луѓе

Железничка станица што се користи за евакуација на цивили во источна Украина, наводно, била погодена од два руски проектилa, изјави шефот на украинската државна железничка компанија додавајќи дека има жртви.

„Ројтерс“ цитира и изјави од украинската државна железничка компанија според кои повеќе од 30 луѓе загинале, а над 100 се ранети.

10:20 Maкедонија на листата на непријателски земји на Белорусија

Владата на Белорусија ја одобри листата на непријателски земји, каде што се наоѓа и Македонија пренесува агенцијата Интерфакс.

Покрај земјите-членки на ЕУ, на листата се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија.

10:00 Бектеши: Нашата трговската размена со Русија е околу 1 отсто, важно е намалување на зависноста од рускиот гас

Кризата во Украина се одрази силно врз глобалната економија и животниот стандард на милиони граѓани ширум светот, а Северна Македонија не беше исклучена од негативните ефекти на конфликтот.

На само две недели по отпочнувањето на кризата во Украина, Владата на Северна Македонија донесе пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра со цел олеснување на ценовните притисоци од енергетската криза и растот на цените на храната на светските берзи, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Делфи економскиот форум, којшто се одржува во градот Делфи во Република Грција.

9:50 Русија: Го уништивме центарот за обука на странски платеници во близина на Одеса

Русија соопшти дека уништила центар за обука на странски платеници во Украина, северно од Одеса. Тврдењето го пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Претходно, украинските локални власти објавија дека руски бродови ја гранатираат Одеса и дека има оштетувања на инфраструктурата.

9:13 Денеска се отвораат 10 хуманитарни коридори

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук најави дека денеска ќе бидат отворени 10 коридори за евакуација.

Коридорите вклучуваат рути за цивили кои бегаат од опколениот Мариупол и регионот Луганск, кој е под силно бомбардирање.

9:07 ЕУ воведе ембарго за увоз на јаглен и вотка од Русија

Членките на Европската Унија синоќа одобрија нови санкции против Русија, кои вклучуваат ембарго за увоз на руски јаглен, дрва и вотка.

Санкциите се однесуваат и на замрзнување на средствата на неколку руски банки, продолжување на забраната за извоз на оружје и други видови извоз во вредност од околу десет милијарди евра.

8:50 Руски бродови ја гранатираа Одеса

Во последните часови официјални лица од Одеса изјавија дека градот бил погоден од ракетни напади. Тие велат дека руските сили ја гранатираат Одеса од Црното Море.

„Како резултат инфраструктурни објекти во регионот Одеса се погодени“, напишаа градските власти во Телеграм.

8:40 Авион на НАТО следел српски цивилен авион на лет од Русија, Вучиќ бара објаснување

Српскиот претседател, Александар Вучиќ синоќа на РТС изјави дека авион на НАТО во рускиот воздушен простор следел цивилен лет на српски авион кој летал од Москва за Белград.

Наводниот инцидент се случил завчера, а Вучиќ најави дека ќе побара информации од Русија и НАТО.

8:30 Русија призна дека има значителни загуби

Кир Џилс, висок советник во тинк-тенкот Четам Хаус, ги коментираше за Sky News изјавите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој во вчерашното интервју призна дека имало „значителна загуба“ на руски војници по инвазијата на Украина.

8:25 Британското разузнавање: Русија ќе ги врати повлечените сили за една недела

Во својот последен извештај, британската воена разузнавачка служба тврди дека на руските сили кои се целосно повлечени од северна Украина ќе им треба најмалку една недела пред да бидат прераспоредени.

Министерството за одбрана пишува дека многу руски единици мора да ги пополнат своите редови пред да бидат испратени да се борат во Донбас.

8:20 Русија воведе санкции за Австралија и Нов Зеланд

Русија воведе санкции за граѓаните на Австралија и Нов Зеланд, вклучително и нивните премиери, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

8:00 Урсула фон дер Лајен и Борел пристигнаа во Киев, ќе разговараат со Зеленски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Таа на Твитер објави фотографија на која излегува од владата во главниот град на Украина.

Во Киев со Фон дер Лајен отиде и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. И тој се огласи на Твитер. „На пат кон Киев“, напиша тој.

7:30 Османи, Рау и Линде на средба со Кулеба на полско-украинската граница

Тројката претседавачи со ОБСЕ, министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на Полска, Збигњев Рау, и на Шведска, Ан Линде, ќе отпатуваат на полско-украинската граница, информираа од Министерството за надворешни работи.

Според соопштението, за време на нивниот престој ќе остварат средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, и ќе го посетат прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време

Објавено пред

Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.

dobivaj vesti na viber

Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.

Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.

Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.

„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.

Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.

Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.

Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.

Прикажи повеќе...

Европа

Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот

Објавено пред

Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

dobivaj vesti na viber

НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.

„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.

Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.

НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.

dobivaj vesti na viber

Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.

Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.

Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.

„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.

Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.

„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија2 часа

„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку...

Македонија2 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион3 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија4 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија4 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет4 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет5 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа5 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет5 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет6 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа6 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион15 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија16 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет18 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија21 час

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија24 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија1 ден

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...